Колекцијата со најдобри WordPress додатоци за е-трговија ја креиравме за да ви помогнеме да креирате модерна продавница на интернет, употребувајќи WordPress платформа.
Иако WordPress првично се појави како платформа за блогирање, во неговото сценарио денес, со WordPress можете да креирате секаков вид на веб сајтови.
WordPress е најшироко употребуваниот систем за управување со содржина, и може да му помогне на секому да креира секаков вид на сајт за само неколку минути, а сето тоа благодарение на огромната архива на WordPress теми и WordPress додатоци.
Кога зборувме за е-трговија, WordPress ви нуди голем број на неверојатно добри решенија за креирање на успешни бизнис сајтови со ограничен буџет и време.
Во овој пост ќе зборуваме за најдобрите WordPress додатоци за е-трговија за да креирате продавница на интернет која нема да ве чини многу и ќе биде лесна за употреба.
WooCommerce
WooCommerce несомнено е најпопуларниот избор кога креирате продавница на интернет на WordPress платформа. Исто така, тој е најшироко употребуваниот додаток за е-трговија затоа што има огромен број на WooCommerce теми кои можете да ги употребите со овој додаток за веднаш да креирате модерна продавница на интернет со сите опции.
Овој додаток нуди лесен систем на работа со продукти и залихи, работа со нарачки, прфили на клиенти, контрола на транспорт, разбирливи статистики, работа со купони и многу повеќе.
Jigoshop
Jigoshop е уште едно инстант решение со кое можете да започнете продавница на интернет. Ви ги обезбедува сите опции кои се потребни за да креирате сајт за е-трговија со сите опции. Можете да ги закачите сите ваши продукти, да наплатувате со PayPal и Skrill/Moneybookers (Skrill функционира и во Македонија!), без да употребувате дополнителни или надворешни алатки.
Ако сакате да го подобрите вашиот бизнис, Jigoshop ви нуди и неколки премиум екстензии кои може да се употребуваат на WordPress сајт. Сé на сé одлично решение кое се исплати и лесно се употребува.
Easy Digital Downloads
Како и што кажува самото име, овој додаток е креиран за продавници за дигитални производи, па ако вие продавате такви, Easy Digital Downloads е најдобриот додаток за е-трговија.
Ви ги нуди сите опции кои се задолжителни за една успешна продавница на интернет, неколку различни начини на плаќање, целосна историја на наплати, систем за купување на неколку превземања одеднаш и други одлични опции.
Cart66 Lite: WordPress eCommerce Plugin
Можете да го употребите овој додаток за да продавате дигитални и физички производи на вашиот WordPress сајт. Овој додаток обезбедува неколку опции кои ќе ви помогнат да креирате успешна продавница на интернет.
Со овој додаток можете да ги поставите продуктите на секоја страница или пост, може да поставите валута, да извршувате партнерска програма и друго.
WP eCommerce
WP eCommerce е многу едноставен, но детален додаток за е-трговија за WordPress. Со овој додаток можете да креирате секаков вид на бизнис сајт и да продавате дигитални продукти, физички продукти, услуги, па дури и да креирате сајт со членство.
Можете да го прилагодите додатокот согласно вашите барања со CSS и HTML. Ви обезбедува и опција за работење со нарачки и каталог со моќни вградени алатки.
iThemes Exchange: Simple WP E-commerce
Неверојатно лесно решение за е-трговија, со кое можете да почнете веднаш. Само го инсталирате, ги избирате методите на плаќање, и почнувате да додавате продукти. Овој додаток го употребува вградениот WordPress систем на работење со корисници за да управува со нивните трансакции.
Додатокот ви нуди многу екстензии кои можете да ги употребите за да имате повеќе опции во продавницата на интернет.
Shopp
Shopp е уште една докажана алатка за креирање на сајт за е-трговија со WordPress платформа. Со Shopp, можете да креирате сопствени ознаки за обработување на нарачки, и да одите во следен чекор од процесот на нарачување автоматски или мануелно.
eShop
eShop е додаток за WordPress е-трговија кој лесно се употребува. Можете да креирате страница со продукти со прилагоден текст, и секој продукт може да има повеќе опции. Обезбедува опција за кориснички број за транспорт при избирање на продукти. Овој додаток ви нуди и неколку опции за попуст.
Ecwid Shopping Cart
Моќно и едноставно решение за количка за купување, кое ви дозволува да продавате на вашиот WordPress веб сајт. Може да ги продавате вашите продукти глобално, со повеќе од 40 меѓународни опции за плаќање, интеграција на транспорт во реално време и подршка на 45 јазици.
Product Countdown WordPress Plugin
Ставањето на вашиот продукт на продажба во ограничен временски период е одличен начин на зголемување на продажбите. Овој WordPress додаток за е-трговија ви нуди едноставна опција за одбројување на продукт за вашата продавница креирана со WooCommerce. Ви нуди голем број на опции за прикажување на одбројувањето за да може да привлечете повеќе купувачи.
WP EasyCart
WP EasyCart додатокот за е-трговија е уште едно едноставно и бесплатно решение за додавање на систем на количка за пазарење на вашиот WordPress сајт. Можете да го употребите за да продавате продукти во малопродажба, дигитални продукти, картички за подароци и секаков друг вид на продукти.
Додатокот е многу едноставен и совршено работи со скоро секоја WordPress тема, па ако имате потреба од бесплатно решение, со кое можете да додадете количка за пазарење на вашиот сајт, обидете се со овој додаток.
Заклучок
Сите споменати WordPress додатоци за е-трговија ќе ви помогнат да креирате модерна продавница на интернет. Иако секој од нив е доволно добар за да се погрижи за сите барања на една продавница на интернет, јас лично ви препорачувам да одите со WooCommerce како најдеталниот додаток за е-трговија со кој воопшто имам работено, а дополнително имате и многу WordPress теми и додатоци кои подржуваат WooCommerce сајт.
Веќе одамна нема никакви дилеми – иднината на трговијата е на интернет. За среќа, WordPress е тука за да го поедностави процесот на правење е-продавници со кои своите продукти (или услуги) ќе ги приближите кон купувачите и ќе освоите нови пазари.
За да направите е-продавница не мора да сте програмер. Доволно е да го совладате WordPress и потоа со употреба на соодветни теми и плагини да направите она што сте го замислиле.