СПОДЕЛИ

Продавањето уметност преку интернет се враќа на сцената. Уметниците одамна ги продаваат своите дела на интернет, но од неодамна, online продажбата забележува пораст. Во текст од Блумберг, се вели дека глобалната продажба на уметност се зголемила на 65.9 милијарди долари во 2013. Секојдневно се појавуваат многу скапи уметнички галерии, па дури и Амазон скокна на оваа луда железница (откако не успеа да ја лансира идејата во 2000). Сепак, лошата вест е дека овие места ви земаат голем дел од вашата заработка.

Се разбира дека може да изградите сопствена веб страница за да ја споделувате својата уметност, самиот да си го водите маркетингот и промоциите преку социјалните мрежи и други канали, но секако она што следниве 10 online пазари ќе ви го овозможат е поголема покриеност и изложеност. Време е светот да ја види вашата уметност!

Society6

2Покрај тоа што е место каде може да ги продавате своите дизајни, Society6 ви дозволува да ја продавате својата уметност на различни видови на продукти како торби, маски за телефон, облека и чаши за млеко. Може да ја поставувате цената за секој од производите со подигнување на основната цена поставена од сајтот. Society6 се грижи за производството, пакувањето и испораката, а вие работите на својата уметност. И секако, ги задржувате сите права над вашата уметност.

Патем, Societty6 е место каде што својата уметност ја продава еден од најдобрите македонски дизајнери, Зоран Кардула.

Redbubble

3Redbubble го нуди истиот модел како и  Society6  обезбедувајќи им на авторите можност да ја продаваат својата уметност на различни продукти додека тие се грижат за практичните аспекти од целиот процес. Уметниците ја поставуваат цената на истиот начин и ја задржуваат сопственоста на нивната работа, а регистрацијата е бесплатна.

INPRNT

1INPRNT продава дигитални репродукции на уметнички дела. Доколку сте заинтересирани да продавате, треба да доставите 3 сопствени парчиња уметност за преглед. Откако вашата уметност ќе биде одобрена, тие ќе стапат во контакт со вас за да се договорите.  Добивате 50% од продажбата, но само откако некој ќе ја купи вашата уметност. INPRNT ја работи сета логистига, а вие ги задржувате сите права над сопсвените дела.

Big Cartel

bigcartelBig Cartel може да ви понуди само пет бесплатни појавувања на вашата уметност на листите, а продолжувањето на претплатата ќе ве чини помеѓу 9,99 и 29,99 долари месечно. Тие нудат една работа која повеќето електронски платформи за трговија со уметност не ја нудат: CSS прилагодување на вашата продавница. Ако ова ви е важно вам како веб уметник, тогаш ова е вашиот пазар. Исто така, може да си ја задржите сета заработка и да ги искористите нивниоте iOS апликации за да управувате со вашата подавница кога сте во движење.

College Art Online

collegeartВнимание студенти по уметност! Ова е платформата за вас. Може да поставите цена за вашата уметност, а College Art Online ви зема само 25% провизија за секое парче кое ќе го продадете. Поставувањето и одржувањето на вашата корисничка сметка е бесплатно и вие може да прикажете колку парчиња сакате. Најдобрата работа за оваа страница е дека поддржува дипломирани студенти на уметности најмалку 3 до 5 години по дипломирањето.

Displates

displateПродавањето на вашата работа на хартија или платно е веќе видено. Зошто не се обидете да ги продадете своите уметнички парчиња како метални постери? Регистрирањето е бесплатно и може да поставите сопствени цени. Дури може и да заработувате пари промовирајќи други уметници на страницата. Тогаш добивате 5% од продажбата на уметникот кој вие сте го промовирале.

Vango

vangoНа Vango, за 20% провизија, може да ги прикажувате вашите продукти на апликација која им дозволува на купувачите да видат како вашето уметничко дело изгледа на нивниот ѕид. Може да почнете со цена од 100 до 250 долари, и потоа, како што ќе расте вашата продажба, постепено да ја качувате цената. Вие треба да ја организирате испораката, меѓутоа Vango ќе ги покрие трошоците.

Storenvy

storenvyМожеби мислите дека Storenvy е уште една обична веб страница за е-трговија со уметнички дела, меѓутоа таа ви дозволува првите 500 поставувања на листа да ги добиете бесплатно. Бесплатно ќе добиете аналитика на продавницата, прилагодување на распоредот на страницатат за вашата online продавница, попис и услуги за следење на нарачките. Доколку сакате да поставите сопствен домен, тоа ќе ве чини дополнителни 5 долари месечно. Сепак, добивате многу работи бесплатно, нели?

Hey Prints

heyprintsАко сакате постери, и ако сакате да ги креирате, Hey Prints е местото на кое може да ги изложите. Вашата уметност за на постер ќе биде испечатена на Epson Enchanced Matte Inkjet Paper (192 gsm) со висока резолуција, а постерите ќе ви бидат на располагање во 3 различни големини. Може да поставите своја малопродажна цена врз нивната основна цена. Испораката ја организира Hey Prints.

Threadless

threadlessОва е едно од најпопуларните места за дизајн на маици. Threadless ја продава вашата уметност на поинаков начин од другите. Наместо да отворите сопствена продавница на нивниот веб сајт, вие приложувате дизајни за еден од предизвиците во дизајн на страницата. Тогаш вашиот дизајн се оценува од луѓе ширум светот. Доколку им се допаднете, Threadless ја претвара вашата уметност во маица и прави се за истата да успее на пазарот.

Modular 

Модулар е првата македонска онлајн продавница која им помага на уметниците од Македонија да ја продаваат својата уметност, задржувајќи од 50 до 75% од продажната цена. Во Модулар можете да купите слики, графики, скулптури, уникатен мебел, светилки, накит и дигитални дела. Оваа онлајн продавница настана како иницијатива на Нина Нинеска со финансиска поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој.

Инспирирани?

Како што гледате, интернетот ја промени и оваа област, продажбата на уметнини. Интернетот ги урна сите ограничувања, ги избриша географските бариери и им овозможува на уметниците да ги понудат своите дела од огромен број на љубители на уметноста. Ако досега својата уметност ја продававте преку изложби или приватни галерии, сега имате фантастична можност – купувачите од целиот свет Ви се на дланка.

Па, уметници, сега веројатно имате малку подобра знаете што треба да правите. Ако пак сеуште не сте станале уметник, а сакате, погледнете ги студиската програма за веб дизајн и UX дизајн на нашата академија и претворете ја својата пасија во професија.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.