Веб дизајнер. Возбудлива и интересна кариера за креативен човек кој умее да решава проблеми. Претворање текст и слики во преубави сајтови кои корисниците ќе сакаат да ги посетуваат, а компаниите со гордост ќе ги покажуваат.
Но, дури и самата идеја да станете веб дизајнер може да ве исплаши. Што навистина треба да знаете? Дали треба да научите да програмирате? Кои алатки мора да ги имате? Што е со работењето со клиенти?
Не грижете се! Може да влезете во дигиталниот дизајн многу полесно отколку што претпоставувате. Само започнете со овие основни вештини и наскоро ќе бидете на пат до неверојатна кариера во веб дизајнот.
ТЕХНИЧКИ ВЕШТИНИ
Прво да ја откриеме техничката страна на она што треба да го знаете. Сите овие чудни термини може да ви изгледаат страшно, но во основа тие се едноставни – и забавни! Барем откако ќе ги научите.
1. Визуелен дизајн
Очигледно е дека мора да знаете дизајн за да станете веб дизајнер. Но, она што дизајнот го вклучува кога станува збор за дигиталниот свет малку се разликува од она што би го очекувале. Во овој случај, принципите на дизајн се она што го поставува изгледот и чувството на еден сајт. Се однесува на сé, од пропорции до типографија, од системи на мрежи, до теорија на бои. Може детално да работите со хиерархија на текст и да експериментирате со веб фонтови и палети на бои.
2. Корисничко искуство
Еве една чудна кратенка! UX значи корисничко искуство, начин накој луѓето се чувствуваат (смирено, изнервирано, итн.) кога го употребуваат вашиот веб сајт. Се разбира вие сакате корисниците да бидат колку што е можно посреќни!
За да го направите тоа, треба да ги истражите вашите корисници и да креирате “персони” (профили на замислени идеални корисници). Ќе го направите распоредот на страниците и содржината со мапа на сајт. Ќе ја откриете патеката која корисниците ќе ја користат на вашиот саијт во текот на употребата. На пр. дали секогаш ќе кликнуваат директно кон социјалните медиуми? Или ќе ги побараат информациите за контакт? Потоа ќе изградите жичени модели за да направите скици на клучните делови од секоја веб страница на сајтот.
3. Софтвер за дизајн
Како и секој занаетчија, така и вие за да си ја завршите работата ќе мора да ги имате соодветните алатки. Познавањето на стандардите во индустријата ќе е од голема важност во повеќето од случаите. Иако дизајнирањето на еден веб сајт може да се направи директно во прелистувачот, сепак, алатките како Photoshop и Illustrator се оние кои се најважни за сите дизајнери во голем дел од нивните обврски, при креирање на модели, дизајнирање елементи, логоа и слики, и се разбира за подобрување на фотографии. Па затоа треба да ги имате во вашиот алатник.
4. HTML
Можеби не претпоставувавте дека еден веб дизајнер би требало да програмира. Но, сега, ова е очекувана вештина во повеќето професии кои работат со дизајн. Ова е одличен начин да добиете техничко знаење и да успеете да изградите веб сајт од почеток. HTML е кратенка од HyperText Markup Language, што впрочем е јазик на ознаки со кој на содржината од една веб страница и давате структура. Тоа значи дека претворате куп зборови во наслови, пасуси и подножја. А да! И дека ставате интересни елементи на веб страницата, како на пр. фотографии, видеа и графики.
5. CSS
И потоа еве го и партнерот на HTML, CSS или Cascading Style Sheets. CSS или јазик со листи на стилови, е кодот кој му кажува на прелистувачот како да го форматира HTML на веб страницата. Со други зборови, тоа е она што прави текстот и другата содржина да изгледаат убаво. Со CSS, може да ги прилагодувате боите, да ги менувате фонтовите, или да додадете преубава позадина – и многу повеќе. Ова е местото каде вашето чувство за дизајн ќе заблеска. Тука го оставате вашиот креативен печат на секој од веб сајтовте кои ги креирате.
6. JavaScript
Иако може да си го испрограмирате дизајнот само со употреба на HTML и CSS, ако успеете да научите и JavaScript, ќе имате голема предност над вашите конкуренти. JavaScript ви дозволува да ги земете статичките елементи на сајтот и да ги направите поинтерактивни. Размислете само: фидови од Twitter кои автоматски се ажурираат, веб сајтови кои го менуваат изгледот откако ќе се најавите, лизгачи на слики, и уште многу други интересни работи!
МЕКИ ВЕШТИНИ
Сега откако го имате совладано техничкиот и дизајнерски дел од работата, треба само да додадете организираност за да бидете поефикасни во својата работа.
7. Организација на време
Независно дали ќе работите како хонорарец или за компанија, секогаш мора да се држите до вашиот распоред и проект за да се истакнете како веб дизајнер. Ова може да значи да работите со апликации за продуктивност како листи со задачи или календари, или, особено ако сте во голема организација, алатки за следење на проекти како Trello или JIRA. Независно од алатките, совладувањето на уметноста за правење приоритети и следење на работата, е од пресудно значење за вашиот успех (и ментално здравје) во брзиот свет на веб дизајнот.
8. Комуникативност
Да останете во контакт и да ги пренесете размислувањата е вештина која секој добар веб дизајнер мора да ја има. Редовно треба да ги информирате клиентите за напредувањето на проектот, да им пренесувате идеи и да им ги објаснувате креациите. Може дури и да ве повикаат да напишете текст или да уредите содржина на сајт, особено ако работите сам. Затоа, посветете внимание на вашето зборување и пишување, за да може да се снајдете во секоја ситуација.
9. Оптимизација за пребарувачи/Маркетинг/Социјални мрежи
Комплетот на вештини за SEO (оптимизација за пребарувачи), маркетинг и социјални мрежи, може да ви изгледа како да е наменет за комерцијалист или продавач, а не за веб дизајнер. Но, со оглед на тоа што интернетот е начин на кој многу компании продаваат, а и бидејќи и вие ќе мора да го продадете вашиот талент (кога барате работа или хонорарно соработувате со клиент), и вие треба да им посветите внимание на овие вештини. Дури и само да ги имате на ум кога го креирате сопствениот сајт, или оној на вашиот клиент, ќе ве однесе далеку на патот на успехот во веб дизајнот.
10. Работење со клиенти/ управување на бизнис
И како вработен, и како хонорарец, ако ја разбирате суштината на бизнисот и работењето со клиенти, ќе си овозможите попрофитабилна и оддржлива компанија. Не мора да се вратите на училиште, но мора да имате идеја за вашите цели и финансиите на вашиот работодавач или вашиот бизнис. А, ако дизајнирате директно за клиенти, треба да имате план со кој ќе си осигурате прилив на пари и проекти на кои ќе работите, како краткорочно, така и долгорочно.
Како што можете да видите, нема ништо мистериозно, ниту неверојатно, околу вештините кои ви се потребни за да бидете веб дизајнер. Основа во технички вештини и добри организациски вештини е она со што можете да почнете, и врз кое можете да го надоградувате, своето знаење и кариера во веб дизајнот.
Па? Што велите?
Сакате да станете веб дизајнер? Речиси сите неопходни технички вештини можете да ги научите на веб академијата Еверест, дури и многу повеќе од тоа! Како студент на академијата ќе добиете 24/7 пристап до материјалите за учење (снимени предавања на македонски јазик и мноштво практични задачи), ќе учите преку практична работа во време кое вам ви одговара и ќе имате поддршка од искусни ментори кои се тука за да ве водат и помагаат, пренесувајќи ви го своето повеќегодишно искуство.
По завршувањето на студиите ќе бидете подготвени да ја започнете својата кариера како веб дизајнер. Ќе можете да работите како фриленсер за клиенти од целиот свет, а ако сакате би можеле да ви помогнеме да најдете работа кај некој од нашите партнери.
Погледнете ги нашите студиски програми, погледнете кои се прашањата кои најчесто ги поставуваат луѓето како вас а потоа закажете бесплатни индивидуални консултации.