СПОДЕЛИ

Живеам во Недојдија. До толку е далеку, што првиот препознатлив град (Бостон или Монтреал) ми е на добри три часа возење. Ако само кажам дека можностите за локална работа овде ми се ограничени, би ја потценил реалната ситуација. А, сепак имам работа која ја сакам (маркетинг на содржина), во индустрија која ја сакам (ИТ), и сé тоа без долги патувања до работното место и назад. Не морав воопшто да си го реорганизирам животот, да го превртам наопаку, за да се преселам во град кој не ми се допаѓа, само за пристојно да заработувам. Моето патување сега се 10-те чекори, од креветот до работната маса.

Во право сте: Работам од дома, на далечина, со тим кој исто така работи на далечина. Некои од моите колеги живеат во градови во кои има можности за работа, а сепак избираат да работат со тим на далечина  (затоа што е супер, и нам ни се допаѓа).

Работата на далечина изгледа како оставарување на соништата, особено кога почнувате во област на технологијата. Одлична работа, одлична плата, работите нешто што го сакате и тоа од дома, нели? Сон кој се остварува.

Работа на далечина со полно работно време обично е за оние со поголемо искуство, но сепак, има многу опции и за оние кои се нови во ова поле (со само неколку години искуство, па и помалку).

Ние пребаравме неколку од вашите омилени сајтови за работа на далечина, и за вас направивме листа со 12 работни места, од веб дизајн и развој, до маркетиг и корисничка поддршка.

Работни места во веб дизајн

1. Веб дизајнер, Kickoff Labs. Тие бараат некого со неколкугодишно искуство (што не значи дека треба да имате неколку години работно искуство како веб дизајнер со полно работно време), трпелив, со силни комуникациски вештини, одлично познавање на HTML и CSS, и желба за учење и напредок.

2. Дизајнер на интеракција, Bandzoogle. Bandzoogle бараат експерт во HTML5/CSS со искуство во SASS/LESS. Бараат некој со силно и разнолико портфолио, со UI и UX дизајни. Работат на далечина во последниве 11 години, и имаат тим од 21 член.

3. UX/UI дизајнер, VIA Studio. VIA бараат UX/UI дизајнер кој има искуство во решавање на проблеми и визуелно се истакнува. Вистинскиот кандидат треба да работи на проекти со клиенти и тим, на графичкиелементи, типографија, композиции и концепти. Пожелно е да има искуство во HTML, CSS, и JavaScript.

Работни места во веб развој

1. Ruby on Rails / Backend API инжинер, WeaveUp. WeaveUp бара некого со искуство во Ruby on Rails и REST/JSON API. Покрај овие квалификации, тој треба да е тимски играч со големи идеи и малку его, фокусиран првично на клиентот. Исто така и: “Познавач на Giphy за да може да постира забавни GIF-ови на инжинерскиот Slack канал.”

2. Rails развивач, Decisiv. Decisiv бара развивач во Rails кој има работено со Ruby on Rails, и има постигнато успех со API (RESTful) развој, искуство во UI/UX дизајн со модерни JavaScript работни рамки, и познавање на деловните барања и критериуми за прифаќање.

3. Веб развивач со front-end фокус, Wells Media Group. Wells Media Group бара full-stack веб развивач со око за чист распоред и UX. Сакаат некој кој има солидно познавање од веб стандардите и најдобрите практики, и знаење од HTML, CSS, JavaScript, jQuery, и прилагодлив дизајн.

4. Ruby on Rails развивач, Silverfin. Silverfin сака развивач во Ruby on Rails кој работи со Rails. Работното место вклучува работење со Coffeescript, Slim, и Ruby, како и  frontend и backend код.

Услуги за корисници и поддршка

1. Специјалист за техничка поддршка, Total Trivia. Total Trivia бара некој кој ќе им помогне на новите и постоечките клиенти со системот за управување со учењето, и кој ќе соработува со нивниот специјалист за обуки и комуникација со цел да се подобри документацијата.

2. Harvest експерт, Harvest. Harvest бара експерт за корисничка поддршка со беспрекорни вештини за пишување, трпелив и полн со разбирање. Имаат потреба од некој кој умее да смири тензична ситуација, кој лесно оди од една во друга брзина и се прилагодува на нов фокус. Вреден работник кој знае да си ги заврши сите работи.

3. Консиерж, Delighted. Delighted бара некој кој умее да им обезбеди врвна услуга на корисниците. Потребно е да има основно познавање од технологијата на веб апликации (иако, не мора да знае да програмира), со внатрешна потреба да им помага на луѓето.

Маркетинг

1. Growth hacker, City Blast. City Blast бара специјалист за раст кој треба да го развие одделението за маркетинг од почеток и да работи директно со основачот. Треба да сте одличен во пишување на авторски текстови за реклами, човек кој не се плаши од предизвици и секогаш е во акција.

2. Креатор на заедница & Authority Outreach Specialist, TopBloggers. TopBloggers бара некој кој ќе ја зголеми нивната заедница, креирајќи база со податоци на контакти, кои потоа ќе ги покани на платформата. Некој кој ќе експериментира и ќе развива пишани материјали, а дополнително и ќе го преструктурира работниот тек за да ја зголеми нивната ефикасност.

Заклучок

Ова е само едно зрнце во песокот од можности кои Ве очекуваат. Наоружајте се со знаења и вештини кои се бараат и зграпчете ја вашата иднина!

Ако сакате да стекнете нови или да си надградите постоечките знаења и потоа да тргнете во барање работа на интернет, разгледајте ги нашите студиски програми.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.