Типографијата е важна работа. Ако не постоеше типографијата, повеќето од она што ќе го гледавме во весниците или дигиталните медиуми ќе изгледаше слично. Добрата типографија е причината заради која на Google му требаа речиси 15 години за да се прилагоди на новиот стандард.
Сите ги знаеме фонтовите како Comic Sans, Open Sans, или Droid Sans, но светот на фонтовите и типографијата е многу поголем од само неколку имиња. Како и што ќе погледнете во оваа група на некои од најдобрите ресурси за типографија, светот на дизајнот на типографија може да оди до недоглед. Типографијата еволуира над традиционалните случаи за употреба, а ова е само почетокот.
Nice Web Type
Ако сакате да работите со последните трендови во веб технологијата и воопшто, да го продлабочите вашето знаење од типографија, тогаш Nice Web Type е одлично место за почеток. Уредуван од Тим Браун од Adobe Typekit. Тоа е човекот кој често споделува нови ресурси за секој, дизајнер или не, кој е подготвен да научи повеќе за можностите на добрата типографија и како таа може да влијае на севкупното корисничко искуство.
WhatTheFont
Дали некогаш сте сретнале веб сајт со неверојатно добри фонтови, а не сте можеле да го лоцирате секој од фонтовите кои сајтот ги употребувал? Не грижете се! WhatTheFont ќе ви помогне да го одредите типот на фонт од дадена страна преку снимка од екранот на фонтот кој го барате, а платформата за пребарување ќе се погрижи за останатото. Резултатите варираат, но сепак вреди да се обидете за да видите дали има совпаѓање за фонтот кој ве интересира.
Typographic Grid
Овој систем со мрежа на Крис Коијер е малку постар, но сепак е скапоцен ресурс за секој кој сака да дознае повеќе за начинот на кој типографијата функционира на еден сајт, и за најдобрите начини за оптимизација на искуството на читање. Особено важен за оние кои работат со кориснички интерфејс, токму заради тоа што типографијата игра важна улога во тоа поле.
Flipping typical
Не само што овој ресурс е совршен за анализирање на изгледот на различните фонтови, туку и е одличен начин за истражување на типот на фонтови кои веќе ги имате на располагање на вашиот уред. Скролувајте надолу по страницата за да го најдете копчето LOAD MORE, и да го вчитате остатокот од фонтовите, а притоа да уживате во неверојатното искуство на пребарување. Премногу често се обидуваме да го прегледаме секој фонт засебно, а впрочем може да ги превземеме сите одеднаш од овој сајт и да си заштедиме време.
wp-Typography
Со wp-Typography можете да ја подобрите типографијата додавајќи цртичка, контрола на простор, замена на карактери и CSS мамки во типографските опции на панелот за оцпии на вашиот блог. Иако овој додаток не е ажуриран неколку години, сепак го употребуваат повеќе од 10,000 активни корисници, токму заради тоа што ги препознаваат вистинските придобивки.
Typetester
Flipping Typical ќе ви ја даде листата на фонтови кои ги имате на вашиот компјутер, и ќе ви даде идеја како секој од нив изгледа. Typetester ви нуди целосно искуство покажувајќи како различните фонтови изгледаат еден до друг, со опции за прилагодување на големина и висина, дебелина на контурите на буквите и порамнување. Со Typetester имате илјадници фонтови од кои можете да изберете, и неверојатни идеи за инспирација за нивна употреба.
Baseline
Baseline е изграден со само една цел, да може да изгради веб сајтови кои не само што се убаво организирани во практични мрежи, туку и се во согласност со стандардната типографија и типографски избори. Baseline почнува со неколку датотеки за ресетирање на предодреденото однесување на прелистувачот, гради основен типографски распоред, вклучувајќи стил во HTML форми и нови HTML 5 елементи, и потоа гради едноставен систем на мрежа. Baseline почна како едноставна демо работна рамка, а потоа прерасна во една од најпознатите работни рамки за типграфија на пазарот. Овие мрежи за некои се нови, но овој ресурс е одличен вовед во начинот на работење со нив.
I Love Typography
Можеби и не знаете многу за типографијата, или можеби мислите дека знаете сé, но I Love Typography има што да понуди и за почетници и за професионалци. Неверојатна база на податоци на примери со фонт, туторијали за фонтови и детали, многу интервјуа и бесплатни работи кои сигурно ќе ве заинтересираат.
FontFeed
Иако FontFeed беше прекината како платформа за објавување, може да го погледнете новиот сестрински сајт на FontShop News, без да го потцените потенцијалот на FontFeed како неверојатен ресурс за типографија, дом на постојано актуелни текстови за типографијата и сето она што е поврзано со неа. И двата сајта, стариот, FontFeed и новиот, FontShop, се одлични ресурси за професионални дизајнери и ентузијасти кои сакаат малку да ги зачинат работите.
Google Fonts
Со повеќе од 700 open-source фонтови за превземање и употреба, Google Fonts се истакнува како една од водечките платформи за обезбедување фонтови. Се чини дека секоја нова WordPress тема која се појавува на еден, или друг начин го употребува Google Fonts. Постојат многу додатоци за WordPress кои дозволуваат да ги интегрирате сите фонтови од овој ресурс одеднаш. Секој од фонтовите може да се хостира на вашиот сопствен сервер, или можете да хостирате на серверите на Google, ако така претпочитате.
MyFonts
MyFonts постои повеќе од 15 години, и се има докажано како еден од водечките ресурси за дизајнери, уметници и развивачи. Може да се забавувате со повеќето од 1000-те бесплатни фонтови, но исто така и да купите фонтови од професионални и искусни дизајнери, и да додадете посебност на вашиот веб сајт, апликација или дизајн. Секој премиум фонт доаѓа со многу различни стилови, па така добивате навистина голема вредност за она што ќе го платите.
Typographica
Typographica е преглед на типографски писма и книги за текст со повремени коментари за фонтови и типографски дизајн. Ако наидете на книга за која не сте сигурни, постои голема веројатност за неа да имате критика на Typographica. Погледнете за да добиете искрено мислење за книгата. Не заборавајте да ги разгледате и годишните прегледи за да ги погледнете најиновативните и најкреативните објави на фонтови низ годините.
Typekit
Typekit е премиум услуга за фонт од Adobe. Оваа услуга се плаќа, но за возрат добивате пристап до многу квалитетни фонтови кои ќе го направат вашиот дизајн неповторлив и уникатен. Добивате целосна дозвола за употреба на фонтовите на секаков начин. Можете да се обидете со бесплатниот план и да ги разгледате опциите кои ви се на располагање. Ова е местото на кое генијалците и даваат моќ на типографијата на своите веб сајтови.
FontShop
Повеќе од 9000 фонтови и скоро 2000 уникатни дизајнери. FontShop нуди широка селекција на уникатни и креативни фонтови кои може да се одлични за секаков проект. Лесен директориум за прелистување на фонтови кој овозможува секој да успее да го најде она што го бара, независно дали станува збор за уметност или професионален дизајн.
TYPEinspire
TypeInspire е најголемата галерија за инспирација за типографија и ефекти за текст. Секое поднесување на овој ресурс е дополнето со слика и линк до авторот на сликата. Многу работи доаѓаат од сајтови како Dribbble и Behance, а работата на TYPEinspire е да ги селектира само оние најдобрите кои би можело да ве инспирираат и да ви користат.
Дали сте знаеле…
… дека типографијата (уметност и техника на аранжирање фонтови) е основата на секој дизајн, вклучувајќи го и веб дизајнот? Ако сакате да станете одличен (веб) дизајнер, ова е една од работите која ќе морате да ја совладате.
Типографијата можете да ја совладате како поединечен курс или во рамки на студиските програми за Веб дизајн и UX дизајн на веб академијата Еверест.