СПОДЕЛИ

Во последниве неколку години ја имав таа среќа да работам на дизајнот на веб страници и апликации за неколку возбудливи спортски бендови. Го запознав пазарот и посветив многу време истражувајќи ги спортските веб страници и апликации. Тогаш открив дека многу EPL страници за фудбал, NFL и NBA страници го употребуваат истиот стил на образец, па повеќето од нив изгледаа исто и застарено. Сепак, има тимови/ клубови кои се оддалечиле од стереотипот и побарале различни агенции да им ја креираат дигиталната понуда.

Составив листа со некои од моите омилени страници и апликации, во смисла на распоред на страница, фонт, фотографија, ефект, употреба и општа корисност.
Типот на спортски веб страници и апликации на кои јас ќе се фокусирам се информациски, на пр. веб страници од клуб, тим или спортист, на кои обожавателите може да најдат информации, вести, билети, итн. и спортски веб страници за електронско тргување. Во моментов има многу веб страници со голема визуелна свест за брендот, видео на цел екран, парче со песни и танц, како оние на Reebok и Nike. Јас нема да зборувам за нив во овој текст бидејќи неколку популарни списанија за дизајн веќе го имаат направено тоа.

Примери на спортски веб страници и апликации

1. Фудбалски клуб Манчестер Сити

1
Оваа веб страница постои веќе неколку години, но благодарение на богатите сопственици на клубот, сеуште е една од малкуте професионални веб страници за фудбал на кои нема реклами. Веб страницата е убава, храбра, јасна и потполно брендирана. Очигледно е уште од првата страница дека сопствениците многу инвестирале во изгледот, чувството и функционалноста на веб страницата.

2. Фудбалски клуб Арсенал

2 ArsenalВо моментов ова е несомнено најимресивната страница на фудбалски клуб во смисла на изведба, содржина и употреба. Дизајнот е прилагодлив на уреди и дава чувство на свежина. Содржината е фантастично распределена и веб страницата изгледа одлично на секаков екран. Ми се допаѓа фонтот-тој прави со задоволство да ја читате и употребувате страницата (па дури и обожавателите на Челзи и Тотенхем Хотспур)

3. Официјална апликација на FIFA

3 FIFAУбав фонт и чист кориснички интерфејс ја издвојуваат оваа спортска апликација од мноштвото други. Потполно сѐ кај оваа апликација, од јасниот фонт, големите, полни слики, па се до чистата иконографија, прават оваа апликација да се употребува со потполно задоволство. Таа ви дава исто чувство, во смисла на типографија и бел простор, како и страницата на Арсенал. Одлична апликација која ви помага доколку следите фудбал.

4. Официјална веб страница на Формула 1


Редизајнот на официјалната веб страница на Формула 1 изгледа одлично, може да се употребува на различни уреди и изобилува со информации кои се прикажани на визуелно интересен и интерактивен начин. Исто така, има и многу анимирани елементи кои креираат едно забавно искуство. Секое парче од вестите изгледа одлично со полните слики над текстовите. Единствена замерка ми е големината на буквите во текстот кои би можеле да се малку поголеми.

5. Веб страницата на Адидас

5 AdidasСекогаш може да очекувате од Адидас веб страница со прекрасни слики која одлично изгледа. Одличен извор на инспирација за дизајн. Доволно е само да ги погледнете различните секции на банери и да научите како ефикасно да промовирате и прикажете продукт на начин кој привлекува внимание и не пречи.

6. Lecoqsportif

6 LecoqsportifСпортскиот бренд Lecoqsportif има веб страница со многу модерен, рамен и чист стил која фантастично изгледа. Всушност, ова е можеби најминималистичката веб страница на оваа листа. Евидентни се основите за добра веб страница уште од првото погледнување на почетната страница-цврста мрежна структура, чиста и лесна за читање типографија и конзистентен квалитет на фотографиите.

7. Fight4pride.ca

7Симпатичната комбинација на задебелена, јасна типографија, сериозни фотографии и палета со темни бои и овозможуваат на веб страницата fight4pride да се истакне. Страницата на посебен начин употребува анимација преку интеракција, што само по себе дава дополнителна привлечност на атмосферата. Лесно е да се забележи дека има вистинска синергија помеѓу дизајнерите и програмерите кои успеале да креираат вакво атрактивно искуство.

8. Апликацијата на BBC Sport

8Есенцијална страница за дневно регледување на секој обожавател на спорт во Обединетото Кралство. BBC е признат во светот заради својата посветеност, грижа и константното подобрување на она што го нуди на интернет. Оваа апликација, како и што би се очекувало од BBC е чиста, лесна за користење и нуди пријатно корисничко искуство.

9. Светот на Амир Кан

9Официјалната веб страница на боксерот Амир Кан со својата палета на бои, задебелена типографија, чист изглед и квалитетна фотографија, малку наликува на веб страницата на Арсенал. Очигледно е и зошто оваа страница има добиено многу признанија. Сѐ, почнувајќи од логото на брендот на Амир, па се до анимираните и интерактивни страници со статистики, зрачи со квалитет и страст.

10. Nike Move

10Кога станува збор за сјајни, визуелно заслепувачки веб страници и апликации, Nike предничи на пазарот. За мене, веб страницата и апликацијата на Nike Move не само што изгледаат добро, туку и работат одлично. Апликацијата ги прикажува податоците за активноста на корисниците на едноставен, шарен и забавен начин. Корисничкиот интерфејс употребува светла, редуцирана палета на бои и комбинација на фонтови.

11. Puma

11Заедно со Nike и Adidas, Puma се бори за врвот кога станува збор за високобуџетен бренд кој совршено се претставува во дигиталниот свет. Puma има цврсто портфолио на веб страници и апликации, но за мене страницата Puma.com најмногу ја погодува целта со стилските фотографии, чистата типографија и интерактивните продукти со кои може да си играте.

12. Makurasport

12Веб страницата на Makura Sport е одличен пример за parallax ефекти на вертикално скролување во комбинација со одлична фотографија и јасна, ладна типографија. Нема голема количина на содржина, но она што го има, иако неконвенционално, е лесно за навигација и изгледа одлично.

13. Suunto

13Suunto продава широка палета на уреди за на отворено и спортски уреди, тука вклучувајќи компаси и часовници. Веб страницата е чиста, храбра и обезбедува големи и детални слики на продуктите и детални илустрации. Како и што би очекувале, оваа веб страница се прилагодува на различни уреди и работи добро на малите екрани на смарт телефоните со мало намалување на квалитетот или корисничкото искуство.

14. Showtime Sports

14Quite simply е неверојатна страница исполнета со одлична содржина. Мене лично ми се допаѓа темен кориснички интерфејс, а кај оваа страница тоа е токму така. Понекогаш една целосно прилагодлива, темна веб страница со многу содржина може да е наметлива, но овде има одлична рамнотежа. Единствена замерка ми е текстот, за кој верувам дека би можело да е малку покрупен, а сѐ останато е одлично сработено.

15. Life Fitness Sochi

15Страницата не е нова, но вреди да се стави на листава. Веб страницата Life Fitness Sochi 2014 содржи неколку одлични анимации и ефекти на вертикално скролување. Кога ќе погледнете одблиску ќе видите има неколку одлични интерактивни елементи (поминете преку жената спринтер под главниот банер). Ова е забавно парче и ви покажува што сѐ може да направите со одлична библиотека на визуелни средства.

16. Nike+

16Втор пат на листава, Nike+ веб страницата и апликацијата изгледаат и функционираат одлично. Оваа апликација има смел, но едноставен кориснички интерфејс, кој е одличен за употреба во движење. Апликацијата може да се употребува додека пешачите/трчате, па со големата и задебелена типографија и јасни икони не мора многу да размислувате за податоците кои ги прегледувате.

17. Freeletics

17Уште една апликација и веб страница за фитнес. Оваа е многу популарна благодарение на комбинацијата на едноставни визуелни елементи и едноставност при употреба. Смелиот избор на фонтот во насловот, редуцираната палета на бои и сериозните слики креираат самоувереност уште на прв впечаток. Корисничкиот интерфејс и на апликацијата и на веб страницата изгледа добро организирано и лесно за употреба.

Да, и ти можеш ова да го направиш! 

Патот до создавање врвни дела започнува со одлука за целта, продолжува со обука и никогаш не завршува. Доколку сакаш и ти еден ден да создаваш вакви дела, штотуку го имаш направено првиот чекор. Следно што треба да направиш е да ги погледнеш студиските програми на нашата академија кои ќе те подготват за тоа.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.