СПОДЕЛИ

Стартапите се неверојатно интересен бизнис модел со вработени кои имаат амбиција, многу работат и имаат одлични идеи.

Лично, имам работено со неколку такви компании, и ми се допаѓа околината со брзо темпо. Но она што најмногу ми се допаѓа кај нив е колку многу ставаат акцент на одличниот дизајн на продуктите и веб презентацијата. Влоговите се големи, па за да се акумулира експоненцијален развој кај овие компании дизајнот е поставен на пиедестал.

Составив листа од 17 новоформирани компании кои откриле како да креираат неверојатни веб страници.

Exposure

1

Ако сте љубител на фотографија и раскажување приказни, тогаш ќе ви се допадне Exposure. Тие се фото платформа полна со приказни низ фотографии од луѓе ширум светот. Страниците се многу едноставни, но фокусот е јасно поставен на фотографиите и тоа одлично функционира за нив. Кога ова оди во комплет со остра и јасна sans serif типографија се добиваат исклучително добри страници.

Nobly

2

Nobly е социјална апликација која се обидува да ги поврзе луѓето кои сакаат да прават добри дела. Главната секција на нивната почетна страница е атрактивна, со нивното лого, големо и бело, поставено на смела виолетова позадина. Ова е одличен влез во апликацијата или подобро поздрав-и функционира.

The Fernmway

3

Fernway е ресурс за патување, за луѓе кои сакаат да истражуваат нови места, и да стекнуваат нови искуства. Распоредот на веб страницата изгледа како да е инспириран од дизајн на распоред на списание. Темната веб страница е едноставна, но добро ја прикажува содржината.

Flowmail

4

Flowmail е за билтени за електронска пошта. Тие ја имаат најчистата страница на пристигнување. На екранот има многу малку покрај трите предлози и формулар за пријавување. Одат право на целта, што впрочем и им помага во пораката која сакаат да ја пренесат-тие може да ги направат работите на елегантен, едноставен и ефективен начин.

Xero

5

Xero е online сметководствен софтвер кој сериозно го сфаќа дизајнот. Почетната страница им нуди многу информации на потенцијалните корисници. Информациите се внимателно организирани и сѐ изгледа добро. Тие имаат чувство за стил!

Assembly

6

Assembly е online заедница во која луѓе со различни искуства –дизајн, развој, маркетинг, итн. – се среќаваат и работат на проекти во замена за сопственост. Тоа е огромна заедница изградена врзоснова на доверба и сплотеност. Фантастичното брендирање ја рефлекрира врската која овие луѓе ја имаат. Изгледот и чувството на брендот е повикувачко, пријатно и забавно, што дополнително ја зголемува желбата да сте дел од оваа заедница.

eRated

7

Доколку сте online продавач, вашата репутација е важна. eRated е корисен бидејќи ви овозможува да ја следите вашата репутација и ви помага да ја подобрите. Нивната веб страница е исполнета со полна и голема типографија, шарени икони и графики. Сето ова допринесува за пријатна и доверлива атмосфера.

Brewster

8

Brewster е апликација која ги следи контактите за вас. Тие имаат одлично сфаќање за дизајн бидејќи страницата на пристигнување и апликацијата се појавуваат како инспирација со години. Моменталната страница на пристигнување не е типична, елегантна страница која изгледа скапо, туку употребува цртежи за да обезбеди пријатен и пристапен бренд. Различна е, но и освежувачка.

Squarespace

9

Squarespace е платформа за веб страници и веб хостирање која им помага на луѓето и компаниите да постигнат вискоквалитетен и првокласен дизајн. Нивниот стил е едноставен, чист и софистициран. Креирањето на одлична платформа е во начинот на кој ја употребуваат типографијата, белиот простор, пропорциите и фотографијата.

Rdio

10

Rdio е за слушање музика во реално време и нивниот последен редизајн е многу интересен. Тие се далеку од типичен распоред на страница и експериментирајќи стануваат сѐ покреативни. За да отидат понапред во својот дизајн избираат живи бои. Нивната веб страница изгледа забавно, возбудливо и весело.

Kissmetrics

11

Страницата на пристигнување на Kissmetrics е минимална и оди право на целта. Аналитичката веб апликација го употребува просторот на екранот поделувајќи го на половина, со што на едната страна е call to action делот, а на другата страна е целосно нерелевантна, но убава фотографија.Ова кај нив функционира бидејќи многу луѓе веќе знаат за што е Kissmetrics, па не им треба ништо повеќе од формулар за пријавивање.

Virb

12

Virb е платформа за креирање на веб страници. Нивната веб презентација е прекрасна, што овозможува вашата одлука да побарате услуга од нив да е полесна и поубедлива. Тие многу добро ги употребуваат фотографиите низ целата веб страница.

Evernote

13

Evernote е продукт кој сите ние го познаваме и сакаме. Дечките во Evernote вистински ја знаат моќта на социјално докажување па затоа и ги употребуваат Адам Севиџ и Џејми Хајнмен како нивни корисници кои бараат напредна технологија. Тука повеќе не станува збор за тоа како нивната технологија изгледа, туку за подобрување на искуството во неа употребувајќи познати имиња.

Narrative

14

Narrative е апарат кој го носите на себе. Страницата на пристигнување ги прикажува предниот и централниот дел на уредот со скролување надолу. Наоколу има прекрасни фотографии кои се фотографирани со апликацијата. Страницата раскажува приказна за продуктот и како тој се поврзува со вас преку сите фотографии кои вие би можело да ги сликате употребувајќи го.

Square отсекогаш имал репутација на стандард за висококвалитетен дизајн. Веб страницата и продуктот многу се имаат развиено во последните неколку години, но чувството за стил е останато непроментео и убаво. Нивната типографија, фотографија и бои се на место, а дизајнот е чист и секој пиксел е совршен.

Hotel Tonight

16

Hotel Tonight е апликација за резервација на соби во последен момент. Нивната страница на пристигнување има предизвикувачки изглед и чувство – исто како и самата апликација. Чувството на приватност е интересен чекор кога станува збор за продукт како нивниот. Дополнително, страницата на пристигнување е полна со одлични фотографии со висок квалитет на места кои ве потсетуваат на авантура.

Geckoboard

17

Geckoboard е платформа за прикажување на бројките на една компанија. Нивниот продукт и нивната веб страница ни даваат до занење дака податоците не секогаш мора да се досадни и еднолични. Нивното брендирање е преку елегантни елементи на дизајн со одлична шема на бои и добро избрана типографија.

Заклучок

Фирмите кои се на почеток повторно ни покажуваат дека инвестирањето во добар дизајн се исплати. Кога дизајнот е направен добро, тој не тера да пробаме нешто ново и не запознава со нови продукти и компании во кои подоцна може и да се заљубиме. Се надевам дека оваа листа од 17 веб страници ќе ви биде од помош и дека ќе ви помогне да сфатите дека дизајнот игра голема улога. Инспирирајте се од нив за и вие да креирате фантастични дизајни за следните проекти на кои ќе работите.

Јас секогаш сакам минималистички и смели дизајни, а вие? Кои од овие веб страници се ваши омилени? Споделете ги вашите размислувања во коментар.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.