СПОДЕЛИ
“Како да донесaм сообраќај на мојот нов WordPress сајт?” е едно од најчестите прашања кои ги мачи почетниците во WordPress. Во овој текст ќе ви покажеме 19 совети кои може да ви помогнат да донесете сообраќај на вашиот сајт.

1. Изградете сопствена листа за е-пошта

1

Повеќе од 75% од корисниците кои го посетуваат вашиот веб сајт нема да го видат повторно. Затоа првата работа која треба да ја направите е да изградите листа за е-пошта. Е-поштата ви дава директен пристап до вашите корисници, и е поефикасна од било која маркетинг алатка која ви е на располагање во моментов.

2. Инсталирајте Yoast SEO додаток

2

Ако до сега не сте го сториле тоа, тогаш треба веднаш да инсталирате и прилагодите Yoast SEO додаток. во моментов ова е најобемниот додаток за оптимизација кој го имате на располагање. Не само што ви помага во додавањето на мета тагови, туку додава и Facebook OpenGraph, Twitter cards, XML Sitemap, Breadcrumbs, и многу повеќе.

3. Оптимизирајте ги постовите на вашиот блог3

Посветете време на оптимизирање на секој пост на вашиот блог. Yoast SEO доаѓа со алатка за анализа на постови, која доделува SEO резултат на вашите постови врз основа на клучните зборови кои вие ќе ги додадете. Следете ги овие препораки за да ја подобрите оцената за секој ваш пост.

4. Стекнете навика да употребувате внатрешни линкови

4

Дали некогаш сте се запрашале зошто сите успешни блогови употребуваат линк до постари текстови? Внатрешните линкови им помагаат на пребарувачите да ја разберат важноста на вашата содржина, и како таа се поврзува со друга содржина на вашиот веб сајт. Ставете линкови со вашите постови и страници. Така ќе ја подобрите вкупната SEO оцена на вашиот веб сајт.

5. Искористете ги  SEO алатките

5
Постојат многу SEO алатки кои може да ви помогнат да најдете нови извори на сообраќај. Но за еден нов корисник оваа информација може да е потехничка. Проверете ја листата на најдобрите SEO алатки кои треба да ги употребите за вашиот нов WordPress сајт.

6. Употребувајте Rich Snippets во WordPress

6

Rich snippets додаваат корисни мета податоци во вашиот WordPress пост. Пребарувачите може да ги употребат овие податоци за да го прикажат вашиот сајт поинаку во резултатите на пребарувачите. Ова го подобрува сообраќајот на вашиот веб сајт.

7. Олеснете го споделувањето

7

Социјалните медиуми се важен извор на сообраќај за секо веб сајт. Токму затоа дури и најпопуларните вебсајтови се фокусираат на олеснување на можноста за споделување. Постојат многу додатоци кои би ви дозволиле да додадете многу сајтови за социјални мрежи. Но, еден недостаток на употребата на овие додатоци е тоа што тие го забавуваат вашиот веб сајт.

8. Ангажирајте ги корисниците на социјални мрежи

8

Социјалниот веб е местото на кое вашата целна публика се дружи и зборува за теми поврзани со вашиот блог. Сé што треба да направите е да стасате до тие корисници и да се вклучите во разговорот. Поврзете се со корисниците споделувајќи ваши линкови и учествувајте во дизкусиите за теми од вашиот блог.

9. Автоматизирајте го споделувањето на социјални медиуми

9

Многу од сопствениците на сајт поминуваат дел од своето време споделувајќи содржина на социјалните мрежи. Не мора да го правите тоа рачно. Може да ги автоматизирате WordPress и социјалните мрежи со IFTTT или да употребите Buffer за да закажете WordPress постови за социјалните мрежи. Овие алатки ви го заштедуваат времето кое го трошите за споделување на содржина, а истото време може да го употребите за да се дружите со вашите следбеници.

10. Споделувајте стари постови

10

Twitter е седиште за разговори за веб. Таму секогаш нешто се случува. Тоа значи дека вашите твитови се прикажани само неколку минути на временската лента на корисникот пред истите да се заменат со нови твитови.

Не можете да испраќате твитови остојано за да бидете постојано на временската лента. За среќа може да го прилагодите вашиот WordPress сајт автоматски да споделува ваши стари постови во редовни интервали.

11. Додадете можност корисниците да коментираат на вашите постови

11

Коментарите се седиштето на конверзација за вашиот сопствен сајт. Тие обезбедуваат лесен начин за интеракција помеѓу вас и вашите корисници. Мора секогаш да одговарате на повеќето корисници кои коментирале на вашиот веб сајт. Погледнете како може да најдете коментари кои не се одговорени од администраторот во WordPress.

12. Најдете начин да ги задржите корисниците

12

Ангажманот на корисниците го зголемува бројот на прегледи по страница и времето кое корисниците го поминуваат на вашиот сајт. Една од најчесто употребуваните алатки за ангажирање на корисниците се коментарите, но може да направите уште многу други работи.

Целта е да им обезбедите на корисниците работи кои ќе може да ги прават на вашиот веб сајт. Додавањето на алатки како анкети и прашалници, видеа, галерии со слики, points систем, итн, може да помогнат корисниците да поминат повеќе време на вашиот веб сајт.

13. Додадете слики со висок квалитет

13

Сликите се многу поатрактивни од текстот. Употребувањето на високо квалитетни слики на вашиот блог не само што прави тој да изгледа убаво, туку и ви помага корисниците да останат подолго на вашиот сајт. Ние го употребуваме Shutterstock за да најдеме високо квалитетни слики за нашиот блог. Постојат и многу други веб сајтови на кои може да најдете бесплатни слики за вашиот блог.

14. Додадете повеќе видеа

14

YouTube е вториот најупотребуван пребарувач на светот. Од едноставна причина што видеата се поатрактивни од текстот и сликите заедно. Употребете видеа за да обезбедите забавна содржина за вашите корисници, Ви препорачуваме да го употребувате YouTube, бидејќи тој има голема заедница на корисници и може да ви помогне да влезете во најголемиот базен со корисници во светот.

15. Оптимизирајте ја брзината на вашиот веб сајт

15

Никој не сака бавен веб сајт. Побрзите веб сајтови се претпочитаат не само од корисниците туку и од пребарувачите. Сепак, ќе забележите дека вашиот WordPress сајт ќе биде побавен по инсталирањето на неколку додатоци и додавањето на слики. Проверете го вашиот веб сајт со Google Page Speed и следете ги препораките кои ќе ви ги даде.

Може да почнете со инсталирање на додаток за кеширање како W3 Total Cache или WP Super Cache. Обезбедете gzip компресија.

Следно, треба да ги оптимизирате сликите за на веб. Исто така ја препорачуваме CDN услугата како MaxCDN за динамички да ги услужувате корисниците.

16. Додадете SSL на вашиот веб сајт

16

Многу веб сајтови се префрлаат на SSL, бидејќи Google најави дека ќе  им дадат подобро рангирање на SSL сајтовите. Префрлањето на вашиот сајт на SSL ќе ги смени вашите URL адреси од http во https. Постојат два налчина на кои може да почнете да употребувате SSL на вашиот WordPress сајт. Може да купите SSL сертификат или може да додадете бесплатно SSL со Let’s encrypt.

17. Додадете Google аналитики

17

Сопствениците на веб сајтови треба да разберат како посетителите го употребуваат нивниот веб сајт. Тоа ви помага да разберете какви содржини сакаат вашите корисници и ќе ви покаже што да правите следно. Овие податоци може да ги добиете бесплатно со инсталирање Google Analytics вашиот WordPress сајт.

18. Извршете A/B тестирање

18

Како што кажавме и претходно, сопствениците на веб сајтот имаат потреба од одредени податоци за да донесуваат одлуки. A/B тестирањето ви дозволува да ги тестирате двете верзии на истата страница на вашиот сајт за да види кој има подобра изведба. Научете како да направите A/B тестирање со Google Analytics за да ги подобрите сите страници на пристикнување на вашиот веб сајт.

19. Креирајте корисна содржина

19

Ова е најважниот совет кој секогаш треба да го имате на ум. Понудете корисна содржина која ќе им помогне на корисниците и има вистинска вредност. Има милиони веб сајтови и најсигурен начин да ги победите вашите конкуренти е со уникатна и корисна содржина.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.