СПОДЕЛИ

Колкумина од вас одлучивте да работите хонорарно? За многу од вас тоа е вашиот сон. Да работите за себе од дома, кога сакате, за одлични клиенти кои ќе ја плаќаат вашата работа… Јас работев хонорарно неколку години, и иако голем дел од овие погодности се вистинити, ќе ве излажам ако кажам дека сé е розово.

Да најдете работа, да ја сработите работата, да се справите со повратните барања, да ја наплатите работата, па одново да барате нова работа. Тоа е круг. Јас многу научив во овие години, но и направив многу грешки.

За среќа, постојат многу алатки, апликации и услуги кои го олеснуваат животот како хонорарец, оставајќи ви повеќе време да се посветите на работата, оној елемент од хонорарната работа во кој уживате најмногу.

1. Финансиски алатки

Една од работите за која брзо сфатив дека е неопходна, е дека мора да внимавате на финансиите. Искористувањето на услугите за сметководство на интернет се навистина добро потрошени пари, бидејќи, кога сте хонорарец, времето ви е потребно за поважни работи од правење фактури, следење на исплати и праќање известувања за долг.

xero
Xero е сметководствена алатка која лесно се употребува

Имам употребувано најразлични алатки за сметковотствени услуги, тука вклучувајќи ги и FreeAgent и Xero. Двете нудат голем број на опции кои може да ви помогнат во секој дел, од наплатување до оданочување. Тоа вклучува:

  • Правење фактури и известувања за наплата
  • Цена и проценка
  • Работа со муштерии
  • Работа со трошоци
  • Е-банкарство и порамнување на трансакции
  • Работа со платен фонд
  • Работа со ДДВ

Директното внесување на трансакции од вашата банка ќе ви заштеди многу време. Со тоа добивате одличен преглед на приливот на пари и си ги намалувате обврските во периодот на пријавување на даноци. Ако сте нов во ова поле, погледнете дали вашата банка има овозможено feed.

Ви препорачувам и да имате посебна сметка за штедење на која ќе внесувате пари по секој проект, и која ќе ја употребите за данок, осигурување и хонорари. Повеќето банки ја нудат оваа можност кога отворате сметка кај нив.

И последно, немојте да штедите на сметководители. Тие секогаш ќе ви заштедат повеќе од она што вие ќе го потрошите за нивниот хонорар, и секогаш се одличен извор на информации.

2. Алатки за управување со проекти

Верувам дека многу од вас се запознаени со алатките за проекти како Basecamp,  но постојат уште неколку кои треба да ги земете во предвид кога сте хонорарец.

Dropbox не само што е одлична алатка за backup, туку и одличен начин за споделување и соработка на документи како предлози, договори, графички датотеки за работата во тек, итн. Уште една добра опција е тоа што сите .md датотеки автоматски се конвертираат во разбирливи и читливи датотеки кога ги гледате на интернет.

dropbox
Dropbox е одличен за соработка и backup

Споделувањето на датотеки со клиентите е едноставно. Може да споделувате документи преку јавен линк, или да ги заштитите со лозинка. Може да поставите дата на истекување на линкот, што често е од голема корист.

Дополнително, опцијата за барање на датотеки ви овозможува да поканите други луѓе да прикачуваат датотеки во вашиот Dropbox, дури и ако немаат сметка. Во комбинација со вградената контрола на верзии, добивате одличен начин за чување на сите датотеки на едно место. Нивната мобилна апликација ме има спасено многу пати.

3. Алатки за комуникација

Комуникацијата со клиентите е клучна за успехот на проектот. Верувам дека тешко воздивнувате кога ќе видите дека сте добиле уште една е-порака во сандачето. Според мене директната комуникација, очи во очи, многу побрзо и поефикасно ги решава проблемите.

Skype е одлична алатка за состаноци со клиентите, особено видео разговорите еден-на-еден. За само неколку долари месечно, може да го добиете Skype In Number5 кој може да го додадете на вашиот веб сајт. Повиците кон вашиот телефонски број ќе се пренасочуваат кон Skype, или може да ги испратите директно во говорна пошта, и подоцна да ги погледнете пораките.

Уште една работа која јас ја правев беше тоа што ги снимав состаноците со клиентите. Ќе го споменев тоа на почетокот од повикот, и продолжував да снимам само со согласност. Тоа го правев бидејќи често се случува да испуштите некои клучни елементи додека разговарате, па можноста одново да го чуете разговорот ми дозволуваше да проверам дали ги имам покриено сите барања. Некои од одличните опции за снимање на повиците се Skype Call Recorder и Audio Hijack.

helpscout
HelpScout е одличен начин за работа со проекти

Често го препорачувам HelpScout за комуницирање со клиентите. Иако го гледаме како алатка за поддршка, лесно може да се употреби и за управување на проекти. Одличната опција е дека не мора да работите со сета дојдовна е-пошта во вашето сандаче, бидејќи таа се пренасочува кон HelpScout. Исто така, има одлични интеграции со популарни апликации. Ако имате потреба од основен пакет, бесплатниот план ви вклучува три корисници и едно сандаче.

Уште една алатка која сакам да ја препорачам е Calendly. Закажувањето на состаноци често знае да биде понапорно отколку што треба да е. Calendly им дозволува на луѓето да закажат временски термин за состанок со вас, кој автоматски потоа се додава во двата ваши календари (работи со Google и Office 365). Се грижи за конфликтите и ги прикажува само термините кои вие ќе ги прецизирате.

4. Алатки за дизајнирање и програмирање

InVision11 се рекламира себе си како “водечка платформа за правење пототипи, соработување и работен тек” и сигурно е една од попупуларните меѓу дизајнерите. Во последниве години навистина многу се одвои од останатите, и бидејќи јас ја имам употребувано, навистина ја препорачувам како нешто што мора да го имате во алатникот. InVision може да прави многу работи, а ова е само мал дел од нив:

  • Напредни анимации и транзиции
  • Поддршка кај повеќе платформи
  • Контекстуален фидбек
  • Поврзани разговори
  • Автоматизирано управување со проекти
  • Прилагодлив mood board (распоред на слики, материјали и текст наменети да поддржат одредена емоција, тема или концепт)
  • Состаноци за дизајн на интернет
  • Водење низ продуктите
  • Неограничена историја на верзии
  • Интеграции со услуги како Photoshop, Sketch, Dropbox, и Slack
  • Брзо генерирање на код
  • Компоненти кои може да се превземаат
invision
InVision може да направи многу за да ви помогне како хонорарец

Може да се регистрирате како бесплатен корисник и да имате еден активен прототип.  Плановите со плаќање почнуваат од 15 долари месечно.

Уште една алатка која јас ја употребувам веќе подолго време е CloudApp. Брз и едноставен начин на споделување на снимки од екранот, документи, датотеки и др. Секоја работа која ќе се прикачи, генерира уникатна URL, која веднаш се копира на вашиот клипборд за споделување. Како и InVision, се интегрира во Photoshop и Sketch.

aptana-studio

Уредувачот на код, Aptana има навистина одлични опции

Добриот уредувач на код е уште нешто што е неопходно. Неодамна јас се префрлив на open-source уредувачот Aptana Studio 3. Ги има истите одлични опции и неверојатен еко-систем на додатоци. Навистина вреди да го погледнете.

5. Алатки за содржина

Колку и да сакате да дизајнирате или програмирате, зборовите ќе бидат голем дел од вашата работа како хонорарец. На многумина пишувањето им е тешко, и им одзема многу време. За среќа, постојат неколку алатки кои може да ви помогнат.

Прво, мојата омилена, aText. Оваа алатка со Mac лента за мени ќе ви овозможи да избегнете пишување на истите работи, одново и одново. Нуди сé, oд вметнување на е-потписи, до делови на код и автоматско поправање на правописот, и навистина вреди за трошокот од 47 долари. Може да ја употребите за да креирате шаблони за проценки, договори и др.

За сите од вас кои мака мачат со граматичките правила, Chrome екстензијата под име Grammarly би можела да стане вашиот најдобар пријател. Поправа повеќе од 250 видови на правописни грешки, прегледувајќи ги и контекстуалните грешки, и лошата употреба на зборовите. Бидејќи станува збор за додаток на прелистувач, може да се употребува секаде каде што има внес на текст.

И на крајот, кога станува збор за пишување на е-пораки на вашите клиенти, добро е да знаете дека ги имате Образците за е-пошта за хонорарци  на Kurt Elster, и тоа за само 47 долари. Добивате бесплатни образци за:

  • Оценување на нови понуди
  • Одбивање на лоша понуда
  • Закажување повик
  • Магични е-пораки
  • Организациска социјализација
  • Анкета за клиентите
  • Барање на препорачано писмо
  • Барање на препорака
  • Проследување на сработеното
  • Работа во викенд
  • Работење со договори за доверливост

Kurt исто така детално ви објаснува како тој го конфигурира GMail за да го класифицира сандачето, и вклучува листа на најдобрите е-пораки во една реченица, кои тој ги употребува за да ги задржи проектите во рамки на рок и буџет.

Заклучок

Се надевам дека моите предлози и препораки ќе ви бидат од корист. Хонорарната работа може многу да ве исполнува, и да ви донесе многу интересни проекти, и одлични можности. Со помош на само неколку алатки ќе добиете повеќе време за да работите на причината заради која и се одлучивте да станете хонорарец.

Ако сте заинтересирани да влезете во светот на хонорарците може да ја превземете бесплатната PDF копија на Grow: Volume 1. Вториот дел ќе биде објавен оваа година.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.