СПОДЕЛИ

WooCommerce е најпопуларниот WordPress додаток за е-тргување, и тој доаѓа со голем број на екстензии. Наспроти сите оние кои се плаќаат, за вас ги избравме најдобрите бесплатни WooCommerce додатоци. Во листата има екстензија за секој од вас, затоа погледнете ги и кажете ни кој е вашиот избор.

1. WooCommerce Poor Guys Swiss Knife

1WooCommerce Poor Guys Swiss Knife е моќен бесплатен додаток за WooCommerce. Повеќе станува збор за комплет на екстензии кои ви дозволуваат да извршите најразлични задачи за прилагодување на вашата WooCommerce продавница. Вие можете да ги прилагодите формуларите за наплата, да прилагодите WooCommerce за одреден поштенски фах за одредени потреби, да ги дотерате вашите операции со количката за пазарење, да додадете прилагодени полиња, итн.

2. WooCommerce EU VAT Compliance

2Како и што кажува името, овој едноставен додаток прави вашата WooCommerce продавница да биде во согласност со новите правила на европскиот ДДВ. Автоматски ќе ја детектира локацијата на вашиот клиент и ќе ги прикаже цените со точно ДДВ.

3. WooCommerce Customizer

3WooCommerce Customizer обезбедува графички работен интерфејс кој може да го употребите за WooCommerce филтри. Овие филтри ви дозволуваат да ги прилагодите работите како текст на копчиња, ознаки, полиња и многу повеќе. Сепак, за да работите со нив, ќе мора да напишете PHP код. Со WooCommerce customizer лесно може да ги употребите овие филтри преку една едноставна страница за прилагодување.

4. WooCommerce Multilingual

4WooCommrce Multilingual ви дозволува да го преведете вашиот продукт и другите WooCommerce страници употребувајќи WPML. Им дозволува на вашите корисници да го сменат јазикот, и да нарачаат продукти на нивниот локален јазик.

5. Stripe for WooCommerce

5Како што покажува и самото име, овој додаток додава поддршка за Stripe услуга, за наплата со кредитни картички во WooCommerce. Stripe ви дозволува да прифаќате наплати со кредитни картички во вашата WooCommerce.

Забелешка: Stripe сеуште не функционира во Македонија. Наместо Stripe можете да користите Skrill.

6. Pay With Amazon

6Овој додаток вградува плаќање со Amazon во вашата WooCommerce продавница. Им дозволува на корисниците на вашиот сајт за е-тргување да ги употребуваат информациите за начин на плаќање, кои им се зачувани на корисниката сметка на Amazon.

7. WooCommerce Product Slider

7WooCommerce Product Slider ви дозволува да додадете прилагодлив лизгач на вашите производи.

8. WooCommerce Product Gift Wrap

8WooCommerce Gift Wrap додатокот ви дозволува да додадете опција за виткање на подароци на страницата со продуктот. Ви дозволува да ставите и дополнителни наплати за виткањето на подарокот.

9. WooCommerce Smart Sale Badge

9Smart Sale Badge го подобрува WooCommerce Sale беџот прикажувајќи колку корисникот ќе заштеди на секој продукт. Ова е докажана техника на продажба која вие можете да ја додадете на вашата продавница на интернет.

10. Order Delivery Date for WooCommerce

10Овој едноставен додаток им дозволува на корисниците да изберат дата на испорака за продуктите во процесот на плаќање. Сопственикот на WooCommerce продавницата може да ја види датата на испорака на неговата страница за нарачки во областа за администратор.

11. Weight/Country Shipping for WooCommerce

11Трошоците за транспорт се разликуваат од една до друга држава во зависност од тежината. Употребете го овој додаток, ако имате потреба да го прилагодите трошокот за транспорт врз основа на земјата од која доаѓа клиентот и тежината на продуктите.

12. WooCommerce My Account Widget

12Овој едноставен widget ги прикажува информациите од корисничката сметка на корисникот со линкови кон нивната количка за пазарење, страница на сметката, страница за наплата и други URL адреси.

13. WooCommerce Checkout Manager

13WooCommerce Checkout Manager ви дозволува да креирате прилагодени искуства за плаќање,со помош на дополнителни полиња. Можете да додадете нови полиња, да ги направите полињата опциони или задолжителни, и да ги прикажете во страниците со нарачки и сметки за наплата.

14. Minimum Purchase for WooCommerce

14Едноставен додаток кој ви дозволува да поставите правила за минимална количина при купување во вашата WooCommerce продавница. Можете да ги прилагодите правилата кои корисникот ќе мора да ги исполни пред да може да продолжи кон страницата за плаќање и завршување на процесот на купување.

15. WooCommerce PDF & Print

15Овој додаток ви нуди копчиња за зачувување на страниците со продукти како PDF или Doc датотеки. Корисниците може да кликнат на копчето за печатење за веднаш да ја испечатат страницата со продукти.

16. Product Enquiry for WooCommerce

16Додатокот Product Enquiry for WooCommerce им дозволува на вашите клиенти и посетители да добијат информации за продуктот директно од страницата со листа на продукти.

17. WooCommerce Product FAQs

17Овој додаток им дозволува на корисниците да поставуваат прашања за продуктите, кои потоа ќе се постават како најчесто поставувани прашања за продуктот. Ова ви дозволува да креирате НПП секција врз основа на вистински интеракции со посетителите.

18. WooCommerce – Gift Cards

18Gift Cards for WooCommerce додатокот ви овозможува да продавате картички за поклон и сертификати на вашата WooCommerce, со што би им дозволиле на вашите корисници да им подарат нешто на своите сакани.

19. WooCommerce Currency Switcher

19Ви обезбедува можност за менување на валутата на вашата WooCommerce продавница. Вашите корисници веднаш ќе може да ја погледнат цената на вашите продукти во други валути. Овој додаток може да се додаде со употреба на widget или скратен код (shortcode).

20. WooCommerce Export Customer Email

20WooCommerce Export Customer email додава едноставен линк во јазичето за корисници кој ви дозволува да ги превземете сите е-пошти од клиентите во една датотека.

21. WooCommerce Advanced Product Quantities

21WooCommerce Advanced Product Quantities ви овозможува да прилагодите напредни правила за количина на продукти. Може да поставите минимални и максимални количини, и да поставите растечки количини. Може да креирате повеќе правила и истите да ги поврзете со продукти.

22. WooCommerce Colors

22WooCommerce Colors додатокот ви дава можност да ги менувате предодредените бои на WooCommerce елементите. Едноставно инсталирајте го додатокот и одете во Appearance » Customize за да ги смените боите. Едноставна алатка за корисници кои сакаат копчињата и текстот да им се совпаднат со бојата на темата.

Заклучок

WordPressВеќе одамна нема никакви дилеми – иднината на трговијата е на интернет. За среќа, WordPress е тука за да го поедностави процесот на правење е-продавници со кои своите продукти (или услуги) ќе ги приближите кон купувачите и ќе освоите нови пазари.

За да направите е-продавница не мора да сте програмер. Доволно е да го совладате WordPress и потоа со употреба на соодветни теми и плагини да направите она што сте го замислиле.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.