СПОДЕЛИ

Автоматизираните скрипти ви заштедуваат време и го подобруваат работниот тек во креативните полиња. Adobe продуктите, како Photoshop, нудат скрипти наречени акции, кои го автоматизираат процесот со кликнување на едно копче. Постојат посебни вебсајтови за Photoshop акции но многу од нив се концентрираат само на фотографии.

За вас собрав неколку акции кои се наменети директно за дизајнери на кориснички интерфејс, дизајнери на икони, и продукт дизајнери кои креираат интерфејс за веб и мобилен. Сите овие акции можете да ги превземете бесплатно за повеќе употреби. Проверете ги деталите пред да ги превземете, за да бидете сигурни дека ќе се извршуваат на вашата верзија на Photoshop.

iOS 7 Blur

01Почнувајќи со iOS 7, тимот за дизајн на Apple го воведе ефектот на замаглување познат како milky-glass ефект на замаглување. Истиот може да се направи и во Photoshop, но бара поголема манипулација со слоеви.

Дизајнерот Мат Смит ги креирал iOS 7 акците за замаглување за да го добие тој ефект на секој најгорен слој. Ако не можете да ги извршувате акциите на вашата апликација, превземете ја и пропратната PSD датотека која веќе го има на себе нанесено слојот на замаглено стакло.

Bjango Actions

02Bjango е креативно студио за креирање на апликации и open source проекти за дизајнери. Сајтот објавува корисни текстови за PS корисници и нуди GitHub архива на акции кои може да ги превземете бесплатно. Овие акции вклучуваат различни работи за градење на дизајни во Photoshop.

Листата има вклучување и исклучување на пиксел снап, автоматско дуплирање на канвасот, центрирање во селекција, па дури и исечување на снимка од екранот во големина на Dribbble. Bjango колекцијата со акции во моментов е во v4 со неколку акции, скрипти и OS X работни текови.

No More Banding

03Џеф Бродерик изгради едноставна акција, наречена No More Banding, која можете бесплатно да ја превземете, а која е многу вредна за дигиталниот дизајн.

Прелевањата во Photoshop може да имаат ленти со бои, места каде бојата која се прелева полека се префрла од една во друга со очигледно видливи граници. Оваа акција ќе го исчисти ефектот на ленти со еден проблем: многу ја зголемува и големината на датотеката. Може нема да ви е корисна на сите проекти, но добро е да ја имате на ум.

ScreenShot Photoshop

04Еве интересен ефект креиран од албанскиот дизајнер, Васјен Катро. Со неговата акција, под име ScreenShot Photoshop може да земете рамен модел и автоматски да нанесете искосување,поместување, со дадено осветлување. Ова креира ефект на екран кој е накосен на страна и наликува на фотографија од монитор.

Совршено е за слики со поместена перспектива, за приказ на интерфејс на интересен и уникатен начин. Иако оваа акција можеби ова нема да ви помогне подобро да дизајнирате, таа сепак може да ја  подобри вашата презентација.

PSD TO PNG Automator

05Експортирањето на дизајн бара време, но може да се поедностави со PSD to PNG експорт на Лиј де Силва. Тој конвертира PSD датотека во PNG од панелот со акции на  Photoshop. Од она што го знам, оваа можност функционира за сите верзии на Photoshop од CS до CC.

Browser UI

06Дали некогаш сте посакале да видите како вашиот модел изгледа во прозорецот на прелистувачот? Благодарение на Browser UI action го добивате токму тоа со само едно кликнување на копче.

Оваа одредена опција има премиум верзија, но и бесплатната верзија вклучува доволно опции. Секој прозорец на прелистувач визуелно обработува во OS X стил, но прозорецот може да се растегне за да одговара на канвасот кој ви е вам потребен.

Retinize It

07Retinize It е бесплатна Photoshop акција за креирање на ретина копии на икони и елементи на интерфејс. Само селектирате слој (или група со слоеви) и ја извршувате акцијата. Графиките може да се именуваат и експортираат со стандардни @2x и @3x барања за големина.

Мала забелешка: Ова не функционира добро на растер графика. Обидете се да употребите форми или векторски елементи, или импортирани паметни објекти, за да ја задржите конзистентноста на квалитетот при зголемување.

Export To SVG

08Експортирањето на слој е уште една мануелна задача која никој не сака да ја прави. Оваа акција за експортирање од PSD во SVG го работи здодевниот дел од експортирањето на вектори и графики за веб.

Оваа акција е изградена за Photoshop и Illustrator, но поддржува само верзии од CS5, па натаму.

Flat Browser UI

09Еве уште една алатка за образци за на прелистувач, со рамен кориснички интерфејс. Ако сакате да одите со прелистувач во стилот на Mac обидете се со оваа PS акција за прелистувач.

Елементите на растеризираните документи работат најдобро, иако исто толку едноставно е и да ја израмните целата содржина на нов слој, и потоа да го употребите него.

Stereo Display

10Секој кој има потреба од  стерео приказ ќе биде воодушевен од оваа акција. Оваа бесплатна акција креира 3D ефект со сенки и закосени рабови, и сето тоа од влез на рамни елементи за кориснички интерфејс.

Magnifying Action

11Ова е една од моите омилени акции бидејќи е практична за графички прикази и презентации. Дизајнерите на кориснички интерфејс ќе уживаат со оваа акција за зголемување креирана од Марио Семес.

Акцијата става лупа врз дел од Photoshop документот, а остатокот од документот добива ефект на замаглување. Ова е одличен начин за фокусирање врз еден елемент или ефект на документот, и може да е корисно за тимски проекти или туторијали на интернет.

iPhone 6/6+ Actions

12Дигиталниот дизајнер Геоф Краул има креирано колекција iPhone 6 акции за организирање графики од PSD во ретина димензии. Дизајнерите на мобилни апликации обично работат со слоеви на форми, па оваа акција би требало совршено да одговара на нивниот работен тек.

Save For iOS

13Еве еден уникатен концепт креиран од агенцијата ENVOY. Бидејќи Photoshop има одлична “save for web” (зачувај за веб) опција, тимот на ЕNVOY ја создаде оваа акција исклучиво за iOS експортирање. Постојат слични скрипти на оваа, но сепак, вреди да ја додадете во вашиот комплет на алатки.

Artista

14Artista е Photoshop акција за работење со фотографии и дигитални дизајни. Ви овозможува да додавате прилагодени акции на слоеви или на цел документ. Овој сет со акции им дозволува на дизајнерите да изградат интересни медиа стилови како на пр. енергични линии. Погледнете ги  примерите за да видите што може да направите.

GUI Automation Toolbox

15Иако GitHub обично се поврзува со проекти за развој, на него може да најдете и одлични ресурси за дизајн, како овој алатник за автоматизација, GUI Automation Toolbox. Алатникот содржи скрипти за Photoshop и Illustrator. Може да ви помогне за експортирање графики и одново креирање на групи со слоеви.

Pixel2Vector

16Ова е еден вид на експериментална Photoshop акција која може да е навистина моќна. Pixel2Vector од Мајкл Тшепан е бесплатен пакет со акции кој конвертира слоеви со пиксели во векторски форми. Акцијата поддржува Photoshop CS3+ и може да работи како додаток за CS5+. Ми се допаѓа овој концепт бидејќи може да им помогне на дизајнерите набрзина да претворат растерски форми во елементи кои може да се уредуваат.

Long Shadow

17Московскиот дизајнер, Арем Мирзојантс, ги објави својите акции за долги сенки бесплатно на Dribbble. Може да ги превземете и употребите за секој слој, од векторски форми, до текст и икони. Акцијата автоматски ќе ви генерира ефект на 3D сенка со опција да ги накосите сенките во различни правци и со различни должини.

3D Isometric Actions

18Изометриската акција за конверзија Mapita е начин на кој може да креирате артефакти со 3D изглед во Photoshop. Не работи добро на секој дизајн, но рамните графики може да се оживеат со оваа акција (која вклучува и пример на PSD датотека).

LoremPicsum

19Сите знаеме за Lorem Ipsum за пополнување на полиња за текст, но дали сте чуле за LoremPicsum за пополнување на место на фотографии? Овој сајт може да работи со директни URL адреси, но, исто така,  доаѓа и со Photoshop акција. На располагање им е на CS корисниците и поновите CC корисници.

Wallpaper Maker

20Ова е скрипта за генерирање на прилагоден тапет (wallpaper) за Photoshop корисници. Може да експортира во најразлични големини за различни димензии за екран, без да го намали квалитетот. Оваа акција не е посебно релевантна за дизајн на кориснички интерфејс, но скрипата е навистина премногу интересна за да може да ја изоставам од листава.

Сигурен сум дека овие акции ќе ви понудат доволно ресурси за да подобрите барем дел од вашиот секојдневен процес на дизајнирање. Ако сакате да додадете некоја акција во листава, слободно препорачајте ја подолу во коментар.

Заклучок

Photoshop е најмоќната апликација за уредување на фотографии, во тоа верувам дека веќе се уверивте. Погоре опишаните акции само се една од работите кои го прават уште помоќен. Сепак, за да ја искористите неговата вистинска моќ за вашите креативни проекти, ќе треба прво го совладате. Постојат повеќе начини како да го направите тоа. Можете да се обидете со читање help, книги, видеа на интернет… Сепак, еден од најдобрите начини е – учењето преку практична работа со помош од искусен ментор.
Патем, Photoshop e само една од алатките кои се изучуваат на студиските програми за UX и веб дизајн.
извор: hongkiat
Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.