СПОДЕЛИ

Одмазници: Ерата на Ултрон е жешка тема во моментов, па ајде и ние да позборуваме за овој познат супер тим. Има шест исклучителни карактери, секој со своја добро утврдена моќ и со уникатна шема на бои, карактер и севкупно чувство. И што е најинтересно, секој од нив има по нешто да нѐ научи.

Да почнеме со…

3 лекции од Хулк

Не комплицирајте
Финтата на Хулк е навистина јасна: тој крши. Понекогаш решението на комплициран проблем е толку едноставно. Па, пред да натрупате сѐ и сешто на вашиот проект, проверете дали постои поедноставно решение кое го превидувате.

Дизајнот кажува повеќе од зборовите
Хулк не е познат по своите комуникациски вештини, а сепак сѐ на него раскажува приказна. Неговата градба и мускули јасно ја покажуваат неговата моќ. Неговата искината облека ни дава до знаење дека се трансформирал од нормален човек, а бидејќи зелената боја која веќе долго време е етикетирана како боја за радиоактивност во литературата, неговата боја на кожата веднаш ви открива што се случило.

Кога треба да пренесете многу информации за кратко време, проверете дали постои начин и вие да направите исто како Хулк.

hulkIMAGE: collider.com

Вежбајте самодисциплина
Иако Хулк е оној кој го добива вниманието, Брус Бенер е дури и поважен член на тимот. Тој е оној кој слуша за да донесува заклучоци и да соработува со луѓето. Одолејте и на потребата да дивеете. Ако стекнете навика да се самоконтролирате, ќе имате најдобра моќ во било кој тим.

3 лекции од Железниот човек

Бидете иновативни и бестрашни
Дизајнерите често играат повеќе улоги и секогаш има нешто ново што може да се научи и да не однесе на следно ниво. Не плашете се да ги поместувате границите на она што може да го направите, или она што вашата работа може да биде. Стремете се кон тоа.

iron-manIMAGE: thesmashable.com

Немој да бидете досадни
Дали Тони Стар е груб? Да. Тежок? Апсолутно да. Кретен? Потврдено. Но, никогаш не можете да го обвините дека е досаден. Всушност, како еден од малкуте самопрогласени супер херои, може да се согласиме дека неговата одлука да не го прифаќа медиокритетот е извор на неговите моќи. Затоа, повремено покажувајте ја и вашата забавна страна.

Почитувајте ја вашата Online репутација
Tони е харизматичен филантроп и тој е секогаш на вестите. Станете влијателни, градете доверба, собирајте препораки и дозволете вашето присуство на интернет да го рефлектира вашето ниво на стручност.

3 лекции од Тор

Бидете конзистентни
Тор го прави она што го прави веќе неколку илјади години. Да се биде бог (и да се има талент за борење) му овозможува да остане добар во својата работа уште долго во иднината. Конзистентноста е еден од најважните UX принципи, па имајте го ова на ум дури и кога работите на најекстравагантни проекти.

thorIMAGE: squarespace.com

Скротете го вашето его
Некои клиенти можеби ќе сакаат поголемо лого. Слободно спротиставете се и борете се за она во што верувате, но немојте да дозволите вашето его да го загрози проектот. Тор ги гледа луѓето како малечки и ситни на почетокот, но останатите Одмазници на крајот успеваат да го спуштат на Земјата и да го натераат да ги цени оние кои немаат исти таленти со него.

Играјте по правилата
Дали ви се допаѓа или не, постојат одредени правила и најдобри практики кои треба да се почитуваат. Тие ќе ви помогнат да заштедите многу време и труд, но и да добиете полојални муштерии и попријатни колеги.

3 лекции од Капетан Америка

Адаптирајте се на промените
Светот на дизајнот постојано се менува, и само неколку години може да направат радикална разлика во landscape и алатките кои се употребуваат. Многу дизајнери кои не се трудат да се во чекор со промените се чувствуаваат како сега да се разбудиле од 70 годишен криогенски сон.

captain-americaIMAGE: wallpaperhi.com

Преиспитајте си ги вредностите
Капетанот е добар, сигурен човек кој се бори за добри вредности. Размислете како ова да го примените во сопствениот живот. Во што навистина верувате? Каква дополнителна вредност може да донесете преку вашата работа?

Бидете трпеливи
Вашето време ќе дојде. Трпениете му е потребно на секој кој доаѓа во оваа индустрија. Првата тешка година како хонорарец може да ви изгледа безнадежно. Ќе се соочите со одбивање и ќе имате чувство дека никогаш нема да стасате онаму каде сакате. Но знајте дека ако имате решителност сѐ е можно.

3 лекции од Црната Вдовица

Употребувајте атрактивни визуелни елементи
Изгледот на Црна Вдовица е моќна алатка. Во дизајнот, визуелната допадливост не е сѐ, но дефинитивно е важен фактор. Сепак, мора да внимавате да не заглавите во сировата функционалност на вашиот проект.

black-widow

IMAGE: screenrant.com

Знајте кои правила може да се прекршуваат
Црна Вдовица е прагматична и скоро аморална. Таа претходно била негативен лик во стрипови, но сега, ја употребува својата прагматичност за добри цели. Размислете за некои правила како ова во вашата област. Кои се конвенциите во дизајнот кои можеби би било подобро да ги прекршите при следењето на целта која ја имате.

Бидете пргави и брзи
И мислете неколку чекори нанапред. Во многу брзиот свет на веб дизајнот, важно е да сте во тек со најновите вести од технологијата и последните трендови. Дизајнирајте апликации и страници кои лесно може да се прилагодат на промените и да се модифицираат во секое време. Да не го споменуваме врмето на подигнување и работа на страницата или апликацијата. Обидете се да ги направите вашите веб страници колку што е можно побрзи и поприлагодливи.

2 лекции од Хокај

Бидете прецизни
Запомнете дека ѓаволот е во деталите. Високата прецизност во проценката и продукт со совршени пиксели се знак на професионализам. Вашите клиенти можеби нема да може да го забележат ова, но сепак прецизноста е скриена супер моќ на еден дизајнер.
hawkeyeIMAGE: craveonline.com

Знајте си ја предноста и усовршете си ја
Клинт Бартон не е ни богат пронаоѓач, ниту бог, ниту жртва на радијација. Тој го изградил својот талент со екстремно голема волја и вежбање. Која е вашата специјалност? Кои се другите поврзани области кои може да ги изучувате со цел дополнително да го подобрите она во што веќе сте добар.

Уште 3 лекции од сите Одмазници заедно

Раскажете ја вашата приказна
Раскажувањето на приказна е моќна и важна алатка за комуникација и поврзување. Добрите приказни ги инспирираат и ги тераат корисниците да учат повеќе.

Секој предизвик е различен
Секој клиент бара различен пристап. Токму ова е најинтересно во нашиот свет. Понекогаш ви треба нов хардвер, понекогаш пак, нов став.

Никогаш не се откажувајте
Ова можеби звучи како клише, но е добар потсетник за секој креативен професионалец. Одмазниците работеа напорно и се бореа во тешки времиња, беа во конфликти и се сомневаа во себе. Тие мораа да научат да бидат одлучни под притисок, но секогаш само една работа ги водеше напред. Силна верба дека ова е она што треба да го направат, само затоа што знаат дека е добро и дека на крајот ќе направат нешто вредно.

Иако купче добро наредени слоеви во Photoshop можеби нема да го спасат светот, желбата постојано да креирате и создавате, е херојска сама по себе. Затоа, продолжете да ја водите добрата битка.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.