СПОДЕЛИ
Покрај тоа што боите будат чувства и претставуваат одредени индустрии, тие се и одличен начин за пренесување на проектот и изразување на уникатен идентитет за вашиот бренд.

Креиравме комлет од 20 различни палети со бои, кои може да ги употребите и имплементирате, за да креирате уникатни сопствени комбинации и да го претставите вашиот бренд.

1. Богата и авантуристична

48Оваа уникатна комбинација е богата. Со оглед на тоа што портокаловата претставува активност, а сината е боја која се поврзува со вода, оваа палета може да се употреби за да претстави авантуристички и спортски брендови.

2. Топла антика

51Монохроматски комбинации кога употребуваат различни сенки  од иста боја. Основната боја, обично најтемната, се нанесува со различни количина на светлина. Комбинацијата на кафени сенки е најдобра за симболизирање на органски продукт или недопрен бренд.

3. Waimea води

61Дали вашиот бренд се поврзува со марина или технологија? Сините тонови традиционално се поврзуваат со овие индустрии и се одлична комбинација кога се нанесуваат во контрасни нијанси.

4. Тропски панч

71Виолетовата традиционално претставува индивидуалност, а портокаловата се поврзува со ентузијазам и авантура. Оваа комбинација не само што е визуелно полна со енергија, туку и буди слична емоција на живост кај публиката.

5. Боливиска убавина

81Боите во оваа комбинација обично е незаситени. Се состои од три централни бои кои се поставени релативно блиску една до друга на тркалото со бои, комбинирана светла и темна, кои креираат одличен контраст за текст и форми.

6. Есенска колекција

91Оваа палета има традиционален или антички тон. Одлична комбинација за претставување продукт кој е порафиниран или позрел.

7. Вистинска Венеција

110Составена од топли и овошни тонови, оваа палета е избор на ова време. Сите бои се во одличен контраст меѓу себе за полесно нанесување на текст врз позадина. Комбинација полна со жар и елан, одлична за портретирање на овошје и зеленчук.

8. Старомоден залез

103Ова се воздржани тонови извлечени од топло зајдисонце. Оваа женска палета е мека и одлична за индустрија која се занимава со здравјето и благосостојбата на луѓето.

9. Цветен микс

124Жолтата традиционално се зема како среќна боја. Има ефект  кој охрабрува и буди оптимизам, но исто така, предизвикува бидејќи е боја на брзо движење. Употребете ја оваа боја за да добиете инспиративна и продуховена реакција од вашиот корисник.

10. Нордиски шуми

133Ова е рустична комбинација на сини и кафени тонови. Кога се употребуваат заедно прават мажествена палета совршена за бренд чија цел е софистицираната машка публика.

11. Зелена и златна

210Оваа палета вклучува бои земени од природата. Дополнувањето со златна боја и дава суптилност и креира поголем контраст помеѓу боите, оставајќи голем впечаток, особено ако се нанесе како текст врз позадина.

12. Балеарска награда

143Пастелните бои претставуваат женственост и се поврзуваат со пролет. Палетата има тонови кои потсетуваат на шеќерна волна , па затоа е одлична комбинација за сѐ што е поврзано со слатки и цвеќарство.

13. Морска армија

153Жолтите тонови во нијанси на мед и војнички елементи, креираат контраст со поладните основи на другите бои. Ова е модерна комбинација соодветна за продукти кои се поврзани со подводниот свет или пијалоци кои се во основа вода.

14. Пладневен одмор

164Ова е топла, розова палета составена од мешавина на овошни, неутрални тонови и потемни, интензивни тонови. Пријатна и примамлива, оваа комбинација е совршена за бренд во индустријата со храна и вино.

15. Весели размислувања

174Само заради тоа што комбинацијата е од бои кои не се заситени, не значи дека и недостасува визуелна моќ. Со комбинирање на многу различни бои може да го задржите контрастот кој се постигнува со употреба на живи наспроти попригушени бои.

16. Попладневни задоволства

183Често боите кои се базираат на сино креираат поладна атмосфера и чувство. Оваа палета се комбинира со два потопли тона (нијанси на сиво-виолетови бои) со кои успева да добие на мекост. Модерна комбинација за бренд за енериер и покуќнина.

17. Грчка салата

193Ова се полни бои кои одлично се разликуваат една од друга и успеваат да остават голем впечаток. Вклучува богат тон (домат) од спротивната страна на тркалото со бои.

18. Француска врска

-5Оваа тонска комбинација е прелевање на нијанси на сино. Боите наречени Gunmetal и Cashmere ви даваат само мала доза на топлина, и одлично одговараат наспроти ладните сини тонови. Одлична за покани и други додатоци за свадба.

19. Serene Sakura

Color-Combinations-Insta-6Оваа паметна комбинација содржи ладни и топли тонови, кои се свежи и современи. Модерната мешавина на бои ви дава палета која е одлична за кориснички интерфејс. Апликацијата на корални тонови е топла и привлечна, и обезбедува фина транзиција кон поладните тонови.

20. Утринска магла

20Компактни, густи бои кои формираат силна, машка комбинација. Лесната транзиција од една во друга боја создава смирувачки ефект. Овие бои се аналогни, што значи дека се наоѓаат една до друга во тркалото со бои. Богатите и темни тонови одлично би одговарале за индустриски и градежен бренд.

Заклучок

Палетата со бои е фундаментален елемент при креирањето на вашиот комплет за бренд.

Употребете комбинација на бои која ја претставува вашата индустрија, или индивидуалноста на вашата компанија, за да и помогнете на публиката полесно да се идентификува со брендот. Палетата, исто така, треба да ви помогне да креирате препознатлив бренд преку визуелна комуникација.

извор: canva

Повеќе

Ако сакате да научите повеќе за бојата, запишете се на курсот Визуелен дизајн.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.