СПОДЕЛИ

Дали барате тема со една страница за WordPress? Многу деловни веб сајтови употребуваат WordPress теми со една страница за да обезбедат интерактивно искуство на своите корисници без движење во различни страници. Во овој текст, ќе ви ги покажеме најдибрите теми за една страница во WordPress.

Забелешка: не сите теми во оваа листа се бесплатни. Некои од нив не се плаќаат, но некои се премиум.

1. Zerif PRO

1Zerif Pro е убава тема за деловни и корпоративни веб сајтови. Доаѓа со многу вградени опции како портфолио, изјави од корисници, членови на тим, информации за контакт, итн. Неверојатно лесно се употребува и ги поддржува повеќето повлечи и спушти  апликации за креирање WordPress страници.

2. Sydney Pro

2Sydney Pro е елегантна WordPress тема за повеќе намени. Доаѓа со убав, голем лизгач во горниот дел и поддржува големи видео заглавја. Има дополнителни widget-и кои ви дозволуваат да изградите сопствен распоред со повлекување и спуштање во повеќе подготвени области за дадениот widget.

Може да се употреби како тема за една страница, но може да биде и тема за повеќе страници, со дополнителни образци, и поддршка за WooCommerce.

3. Corporate Plus

3Corporate Plus е бесплатна WordPress тема за деловни сајтови. Доаѓа со моќни опции како лизгач, услуги, паралакса, блог, и секции за контакт. Има многу widget-и што ја прави лесна за прилагодување и поставување.

4. Parallax

4Parallax е преубава тема за една страница со елементи кои се појавуваат, паралакса, портфолио и типови на постови. Има лесни ленти за напредок, распореди за листи и мрежи и бесконечно скролување. Parallax додава и филтри за слики како сепиа, сиви тонови и замаглување, па можете истите да ги употребите и без Photoshop.

5. OnePage

5OnePage тема за една страница за WordPress наменета за деловни веб сајтови. Има Twitter feed, секција за клиенти, анимиран бројач, табела за ценовник, итн. Темата е оптимизирана за брзина и изведба, а доаќа со одлична опција за креирање со повлекување и спуштање.

6. Mustache

6Mustache нуди креативен распоред за WordPress тема. Има вградени секции за да додадете клиенти, изјави од корисници, услуги и членови од тимот. Подеднакво е убава и целосно оптимизирана за брзина и изведба.

8. Moesia Pro

8Moesia Pro е убаво изработена тема за деловни зајтови, Дoаѓа со апликација за градење со опција повлечи и спушти, а нуди различни блокови за содржина. Може да додавате и организирате блокови за лесно да ја креирате вашата почетна страница. Има лизгач, образци за страници, Google фонтови, и сé што би очекувале од една премиум тема.

9. Freelancer

9Како и што кажува името, Freelancer е прилагодлива WordPress тема за хонорарци и професионалци. Доаѓа со подготвени секции за работење со портфолио, клиенти и изјави на корисници, итн. Темата нуди повеќе избори за боја и е лесна за поставување.

10. ShowStopper

10Showstopper е повеќенаменска WordPress тема која изобилува со опции. Една од опциите е да ја употрените како тема со една страница. Доаѓа со многу можности за прилагодување со лесен интерфејс. Подготвена е за WooComerce, па може да ја употребувате за да продавате продукти или услуги.

11. Business One

11Business One бесплатна WordPress тема, дизајнирана за деловни веб сајтови. Темата нуди модерен корпоративен изглед. Има вградена поддршка за содржина за секцији како секција за нас, услуги, портфолио, тим, клиенти и вештини.

12. Roxima

12Roxima е елегантна WordPress тема за деловни веб сајтови. Целосно е прилагодлива и доаѓа со повеќе прилагодливи избори за widget-и и распореди. Поддржува секции како секцијата за нас, услуги, портфлио, клиенти, тим, кои лесно преку опцијата со повлекување и спуштање може да се додадат на вашата почетна страница.

13. OneEngine

13OneEngine е WordPress тема која доаѓа со поддршка за додавање клиенти, портфолио, тим, услуги и секција за нас. Има анимирани графикони, табели за ценовници и секција за блог.

14. Business Services Promotion

14Како и што сугерира името, оваа WordPress тема е за промоција на деловни услуги. Ова доаѓа со поддршка за секција за нас, работа со портфолио, Google фонтови и повеќе прилагодливи widget-и.

15. One Page

15One page доаѓа во беспллатна верзија, но и со верзија која се плаќа.Бесплатната верзија има ограничени опции, а онаа која се наплатува ги има сите опции со кои би можело да изградите неверојатно функционален веб сајт од една страница. Има повеќе избори за распоред, секции за почетната страница, Google фонтови, итн.

16. Active Sports

16Active Sports е тема за спортски и авантуристички веб сајтови. Доаѓа со поддршка за видео позадина, ефект на паралакса, портфолио, прилагодливи widget-и и Googleфонтови. Доаѓа со поддршка за одложено вчитување кое го забрзува вашиот веб сајт.

17. SinglePage

17SinglePage е бесплатна WordPress тема. Доаѓа со уникатен распоред кој дозволува корисниците да скролуваат нагоре и надолу со леснотија. Има поддршка за видео позадина, социјални икони, прилагодливо лого, и поддршка за Google мапи на цел екран.

18. BlackWell

18Blackwell е тема за внатрешен дизајн. Доаѓа со многу избори и неверојатен сет на опции. Има поддршка за портфолио и изјави од корисници, позадини на цел екран, мени кое се собира, членови на тим, поддршка за паралакса, и многу повеќе.

19. Restaurant

19И покрај името, Restaurant е WordPress тема за повеќе намени. Доаѓа со поддршка за паралакса, видео позадина на цел екран, НПП секција, изајави од корисници, Google фонтови и кратки кодови. Оптимизиран е за голема брзина и може да се употребува за повеќејазични WordPress сајтови.

20. Himalayas

20Himalayas е бесплатна WordPress тема. Доаѓа со елегантен дизајн, повеќе избори за распоред, образци за страница и повеќе области подготвени за widget-ти. Темата може лесно да се прилагоди со употрена на прилагодувачот.

21. ScrollMe

21ScrollMe е бесплатна WordPress тема, но наместо очекуваното скролување, таа е дизајнирана за вертикално скролување. Токму затоа оваа тема е одличен избор за  портфолио, фотографии, и бизниси од областа на модата и внатрешниот дизајн .

Се надеваме дека овој текст ќе ви помогне да ја најдете најдобрата WordPress тема за вашиот веб сајт на една страница.

Заклучок

Доколку сакате еден ден и вие самите да креирате вакви сајтови, првиот чекор што треба да го направите е да го WordPressсовладате WordPress. Пријавете се на курсот: Управување со содржини со WordPress и со помош на искусен ментор направете ја вашата прва веб страница и започнете да заработувате веднаш!

Курсот можете да го следите од дома, во време кое најмногу ви одговара. Ако досега сте немале искуство со учење на далечина, погледнете го делотОдговори на најчесто поставувани прашања и запишете се на нашиот бесплатен курс “Вовед во веб технологии“.

Највредниот дар кој го поседуваат луѓето е грижата и споделувањето.
Споделете го тоа што го имате, грижете се за тие кои ги имате.

Ако ти се допадна статијава, сподели ја со своите пријатели.
Ќе ги израдуваш и нив и нас.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.