Дома Кариера 22 изреки за важноста на менторите

22 изреки за важноста на менторите

417
0
СПОДЕЛИ

Терминот “ментор” потекнува од Одисеја. Одисеј го замолил неговиот пријател Ментор да му помогне во чувањето на Телемах (синот на Одисеј), за време на неговото отсуство заради Тројанската војна. По дваесет години, на почетокот од оваа епска приказна, божицата на мудроста, Атена, се преправила во Ментор за да му даде еден многу важен совет на Телемах: да ја истражи смртта на татка си.

Дали и вие го следите примерот на мудриот советувач? Менторирањето е начин на пренесување на знаење, и функционира во две насоки: треба да најдете некој кој ќе ве научи, и да најдете некој кому ќе му го покажете наученото. Еве што неколку успешни луѓе кажаа:

1. “Преживуваме од она што го добиваме, но живееме од она што го даваме.” Winston Churchill

2. “Да немав ментори, немаше денес да бидам овде. Јас сум продукт на одличен ментор, одлично подучување… Менторот е многу важен. Тоа може да е било кој – вашиот сопруг, член на семејството, или вашиот шеф .” Indra Nooyi, извршен директот во PepsiCo

3. “Мислам дека најдобрата работа која може да ја направиме еден за друг е поддршката. Знаејќи дека зборувам со некој кој се интересира за мојата голема идеја е многу важно за мене. Мислам дека ако имав некој, кој само ќе ми помагаше да пресконкнам до следниот чекор, ќе ми беше многу помалку интересно.” Anne Sweeney, Претседател во Disney/ABC Television Group

4. “Потрага по некој на кој ќе се угледате. Човек кој се грижи за вашата кариера. Но еве едно важно предупредување: не мора да имате ментори кои наликуваат на вас. Ако чекав црна жена за ментор, ќе се изначекав. Повеќето мои ментори беа бели мажи, бидејќи тие се оние кои доминираат во моето поле на делување.” Condoleeza Rice

5. “Советот е како снег. Колку помеко паѓа, толку подолго се задржува, и толку подлабоко навлегува во вашиот ум.” Samuel Taylor Coleridge

6. “Учењето е откривање на она што веќе го знаете. Работењето е демонстрирање на она што го знаете. Подучувањето е потсетување на другите дека го знаат она што го знаете и вие. Сите ние сме ученици, работници и подучувачи.” Richard Bach

7. “Најдобрата работа која може да ја направите за некого не е да го споделите она што вие го поседувате, туку да му го откриете она што тој го поседува.” Benjamin Disraeli

8. “Самопочитта е огромен дел од мојата работа. Мора да верувате дека е возможно и да верувате во себе. Бидејќи, откако ќе одлучите што сакате, мора да верувате дека тоа е можно, можно за вас, а не само за другите луѓе. Потоа треба да барате модели, ментори и инструктори.” Jack Canfield

9. “Секогаш бидете она што сте, бидете свој, имајте верба во себе. Не барајте успешна личност за да ја копирате.” Bruce Lee

10. “Бегајте подалеку од овие два типа на луѓе: оние кои мислат дека можете да одите онолку далеку колку што ви дозволува ситуацијата во која сте родени, и оние кои веруваат дека не можете подалеку од она што ви го пружа вашата моментална ситуација.” Dee Dee M. Scott

11. “Со секое дело вие сеете семе, иако можеби не го гледате плодот, сé уште.” Ella Wheeler Wilcox

12. “Ако не знаете каде одите, прашајте некој кој веќе бил таму пред вас.” J Loren Norris

13. “Препознајте ги вештините и доблестите кои не ги поседувате, и ангажирајте луѓе кои ги имаат.” Warren Bennis, ментор на Howard Schultz, извршен директор на Starbucks

14. “Опкружете се себе си со луѓе со интегритет… и тргнете им се од патот.” Bob Glavin, извршен директор, Motorola, ментор на  Hector Ruiz, извршен директор на AMD

15. “Ментор е некој кој гледа повеќе талент и способност во вас, од вас самите, и потоа ви помага да го покажете тоа.” Bob Proctor

16. “Мојата работа не е да сум мек со луѓето кои се одлични. Мојата работа е токму тие одлични луѓе да ги натерам да станат уште подобри.” Steve Jobs

17. “Рамнотежата во подучувањето значи дека не треба да креирате некој по ваш урнек, туку да му дадете можност тој самиот да се креира себе си.” Steven Spielberg

18. “На мал бизнис, може да му дадете капитал, но она што му е навистина потребно е ментор, совет и помош околку бизнис планот.” Karen Mills

19. “Она што индустријата често го заборава е дека со годините доаѓа и мудроста. Постарите работници се подобри во следење упатства, менторство и водење.” Vivek Wadhwa

20. “Умот не е сад кој треба да се наполни, туку дрво кое треба да се запали.” Plutarch

21. “Не е важно дали вие сте најпаметниот човек во собата. Ако не сте некој со кого сакаат да бидат луѓето, нема да успеете. Истото важи и кога им помагате на оние позади вас. Јас сериозно ја сфаќам мојата улога како ментор на млади жени режисери.” Melissa Rosenberg

22. “Лидерите треба да имаат влијание врз другите. Да ги градат, охрабруваат и образуваат, за потоа, тие да може истиот став да го имаат кон останатите.” Bob Goshen

Патем…

Клучна карактеристика за веб академијата Еверест е тоа што наставата на неа се изведува со користење уникатна методологија – менторирано учење на далечина. Тоа подразбира:

  1. Следење снимени предавања на македонски јазик
  2. Повторување на прикажаните вежби
  3. Примена на стекнатото знаење на посложени задачи
  4. Индивидуални консултативни сесии со личен ментор

Со помош на оваа методологија, односно со учење низ практична работа студентите ги стекнуваат вештините неопходни за избраното занимање, истовремено градејќи го своето дигитално портфолио.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.