СПОДЕЛИ

Замислете си дека го почнувате утрото работејќи на веб сајт на моден блогер и го завршувате денот редизајнирајќи непрофитен веб сајт, кој ќе донесе повеќе донации за вашиот клент. Звучи примамливо, нели? Особено ако тоа може да го работите од дома или од вашето омилено кафуле! Можноста да работите за клиенти со кои сакате да работите, и да може да ги избирате проектите кои ве воодушевуваат, е остварување на сонот.

Тоа е сонот кој илјадници луѓе во Америка го следат. 34% од националната работна сила се хонорарни работници. Повеќето луѓе го работат тоа заради флексибилноста, или за да заработат дополнителни приходи покрај редовното работно место.

За некој кој почнува во оваа индустрија, хонорарната работа е одличен начин за стекнување на искуство и градење на портфолио. Но и многу повеќе: хонорарната работа ви ја нуди флексибилноста која дури и на најфлексибилните работни места на далечина им недостасува. Може да си ги избирате проектите на кои ќе работите и времето во кое ќе работите. Тоа значи дека ако имате закажано патување следниот месец, може да го остварите и тоа!

Па, каде може да почнете? Подолу ви подготвивме листа од 25-те  најдобри страници за хонорарна работа за дизајнери, програмери и други технички струки. Некои од нив се отворени за секого, а други само за оние со одлично портфолио кое е прифатливо за нивниот ранг.

Во секој случај, ако почнете од овде, наместо да пребарувате на Googlе,  ќе се поштедите од главоболки и ќе ја најдете хонорарната работа која ви одговара.

Огласи за работа исклучиво од техничка струка

1. Smashing Jobs е дел од Smashing Magazine, и има одлична листа на ИТ работни места за хонорарци (имаат и листи за работни места со полно работно време). Главно објавуваат работни позиции за програмери, но на нивните листи може да се најде и работа за дизајнери.

2. The Mashable Job Board е целосно посветен на дигиталните и техничките работни места низ светот. Неговите услуги, за свои потреби ги имаат употребено некои од врвните компании, меѓу кои MTV News, Omaze, и многу други. Пребарајте со клучниот збор “freelance” за да ја добиете соодветната листа со можности за работа.

3. Coroflot е исклучиво за креативни работни места, а на него има огласи за работа од компании од целиот свет. Тие имаат посебна категорија за хонорарна работа. Покрај проектите за дизајнери и програмери, нудат листа и за други креативни и технички работни места.

4. Working Nomads е листа со работни можности на далечина од компании ширум светот. Нивните категории за работа вклучуваат дизајн, развој, систем администратори, менаџмент и маркетинг.

5. Authentic Jobs ви дозволува да филтрирате и пребарате хонорарна работа, работа по договор и дополнителна работа. Имаат листа за сé, од проект менаџери до back-end развивачи и стратези за содржина.

6. GetACoder е одличен извор на работни места за развивачи, дизајнери и други технички струки. На својот сајт имаат илјадници активни огласи за работа, па затоа е и многу потешко да ослучите за што да конкурирате.

7. WP Hired е одличен за WordPress професионалци кои бараат хонорарна работа. Имаат категорија само за хонорарци, и повеќето од работите кои се во листата може да се работат од секаде во светот. Има голем избор на работни места на сајтот, од мали проекти за додатоци, па до целосни редизајнирања на големи сајтови.

8. Problogger Jobs е огласна табла за блогери која има најмногу позиции за хонорарци. Повеќето работи се технички, па WordPress и другите технички вештини се огромна предност за секој кој сака да пишува на блог.

9. Krop е за креативни работници. Се издвојува од останатите со тоа што ви дозволува да хостирате сопствено портфолио на нивниот сајт. Го употребуваат многу познати луѓе од индустријата, како фотографот Terry Richardson, агенцијата за дизајн Heydeys, и креативниот директор Eric Hoffman.

10. Stack Overflow Careers дава листи со позиции со полно работно време и по договор. Најголемиот дел од нив се за развивачи и инженери, иако понекогаш има огласи и за другите области.

Огласи за работа достапни само за членови

11. Traction е исклучиво за промотери. За разлика од останатите, овде мора да аплицирате и да бидете прифатени, па дури потоа ќе може да ги видите огласените работни места и проекти.

12. Matchist е огласна табла за развивачи. Тие прифаќаат само 15% од развивачите кои аплицираат, што ги прави привлечни за оние кои бараат вработени или хонорарци. Ако ве прифатат, ќе имате одлична можност да најдете проекти кои се сигурни и добро платени.

13. Gigster е начин на кој компаниите ангажираат тимови за развој. Тие ги комбинираат продукт менаџерите од Silicon Valley со елитни развивачи од огромниот базен на таленти, за тие како тим да работат на проектите на нивните муштериите.

14. Folyo е приватна заедница за хонорарна работа во областа на дизајнот. Компаниите ги објавуваат своите проекти и потоа добиваат листа на дизајнери кои би биле одлични за работата која ја нудат.

15. OnSite нуди хонорарци за работа на далечина и во канцеларија. Компаниите постираат работни места и добиваат листа со хонорарци кои се совпаѓаат со нивните барања. Хонорарците може да пратат биографија и портфолио за да ги првлечат компаниите кои треба да ги ангажираат.

16. Gun.io iе услуга која ги наоѓа најдобрите програмери за проектите на своите клиенти. Како програмер, може да аплицирате со GitHub, но потребно е да имате неколку одлични, активни проекти.

17. Crew ги поврзува компаниите со врвните дизајнери и програмери. Аплицирањето како хонорарец е едноставно. Ги праќате своето име и URL адресата на вашето портфолио на интернет.

18. Hirable е заедница на развивачи која има соработувано со компании како Google и Birchbox. Само регистрирајте се како развивач, поставете свој профил и ставете една од ознаките за тоа дали сте слободен за соработка (слободен, слободен наскоро или зафатен).

19. Envato Studio избира дизајнери и програмери за своите клиенти. Во најголемиот дел од времето, Envato активно бара хонорарци кои сакаат да се приклучат во нивното студио, но дополнително може да предадете и формулар за да ги посочите вашите интереси.

20. Juiiicy е приватна заедница за врвни дизајнери кои бараат хонорарни проекти. Наместо компаниите да објавуваат работни позиции директно, другите дизајнери  објавуват работни места/проекти кои им биле понудени,а не се во можност или не сакаат да ги прифатат, и потоа,откако некој од другите дизајнери на Juiiicy ќе ја прифати работата, заработуваат надокнади за препорака.

Огласи за работа од сите струки

21. LocalSolo е локализирана огласна табла за наоѓање на проекти во вашата област. Бесплатен е за користење и не наплатува провизија. Може да го прилагодите својот профил и директно да соработувате со клиентите од самиот почеток.

22. SimplyHired ви дозволува да пребарувате работни понуди по договор во било кое место. Имаат илјадници листи со работни места, и не се ограничени само на техничка струка. Пребарајте го името на професијата и опционо градот и државата, и потоа рафинирајте ги резултатите за да ги добиете само позициите по договор.

23. Freelancer е огромна платформа исклучиво за хонорарни работни позиции. Многу од работите објавени на овој сајт се технички, за дизајнери, програмери, SEO специјалисти, итн.

24. Upwork покрива многу различни работни места. Има огласи за веб дизајнери, веб програмери, програмери за мобилни апликации, професионалци за продажба и маркетинг, итн.

25. Guru е уште една огромна огласна табла која вклучува технички и не-технички работни позиции. Споредено со другите категории, најмногу има огласи за веб, што е одлична можност за сите дизајнери и програмери.

Заклучок

Како што можете да забележите, работа има доволно и, доколку сте упорни, сигурно ќе ја најдете. Веројатно ви е позната изреката “Работа секогаш има за оној кој ја бара.“ Се разбира, не е доволно само да имате желба, потребно е да сте наоружани со знаење и вештини, бидејќи тоа е она што денес најмногу се цени и плаќа.

За почеток, посетете ги овие сајтови и погледнете каква работа можете да најдете со знаењето што го поседувате во моментов. Потоа погледнете ги позициите за кои сонувате и проверете какви знаења ви недостасуваат.

Потоа, изгуглајте How to find a job as <насловот на позицијата за која сте заинтересирани> и дадете се малку на читање. Ако сте фриленсер или сакате дополнителна работа, пребарувањето How to win a project или How to get first client on <Upwork, Guru или некој друг сајт> ќе ви даде мноштво интересни одговори.

Ако сметате дека постоечките знаења ви се недоволни за вакво нешто и сте подготвени да се дадете на учење на далечина со помош на ментори, бидете уверени дека ќе ви помогнеме да стигнете до вашата цел. Во тој случај се’ што треба да направите е да ги проучите нашите студиски програми и да закажете (бесплатни) индивидуални консултации во термин кој ви одговара.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.