СПОДЕЛИ
Статијата која ви ја претставуваме денес објавена е на блогот на нашиот партнер Cultus.
Системот за учење на далечина, обично е портал на интернет кој ви дозволува да следите курс на одредена тема, без да мора да патувате до центарот за обука или училницата. Во денешното општество, учењето на далечина од овој вид станува сé попопуларно, особено кај студентите кои веќе работат од 09 до 17 часот секој ден, т.е сите оние кои имаат дополнителни активности, и на кои им е тешко да следат однапред закажани часови со фиксни времиња и посетеност.

Исплатлив и брз пристап

Двете главни придобивки се тоа што не мора да плаќате кирија за сместување во близина на институцијата, што само по себе некогаш е главна причина за огромниот трошок на курсот и финансиски издаток кој студентите не можат да си го дозволат. Па, дури и секојдневното патување од своето родно место до институцијата го зголемува пресметаниот трошок на курсот.

Наспроти тоа, еден курс на далечина (интернет курс) ќе ви дозволи да ги избегнете несаканите и непотребни дополнителни трошоци, и парите да ги распределите поинаку. Ви ја дава слободата да може да учите кога и како сакате, па така ако сте вработен, може да изберете курс кој ќе го следите навечер, т.е. во времето кое ви одговара.

Единствениот проблем е што мора да сте одлучен и решителен за да успеете, бидејќи многумина го губат фокусот кога треба да учат од дома.

Лесен и забавен

Само затоа што не сте сместени во училница не значи дека ќе бидете отсечен од остатокот од светов. Единствената разлика е дека ќе бидете поизолиран на физички начин, но сé уште ќе може да си комуницирате со луѓето кои го слушаат истиот курс како и вие, и секако да градите врски до нив како со соученици.

Може да комуницирате и да се дружите и со инструкторите или менторите, така што сите проблеми или прашања кои ги имате ќе ви бидат одговорени за само неколку часа. Иако најчесто кога учите на далечина имате еден главен ментор, во секое време  имате пристап до некој кој може да ви помогне, независно дали преку ден или навечер.

Учењето треба да ви помогне да се искачувите погоре на скалата во кариерата, но, треба да е и забавно. Токму затоа сите курсеви на интернет (offline и online) се дизајнирани така да може да ја постигнете кривата на учење на забавен и лесен начин, особено кога учите во домашна атмосфера или од канцеларија на работа.

Самостојност и независност

На крајот, најважниот аспект од учењето на далечина е самостојноста и независноста кои доаѓаат рака под рака со него. Од вас зависи како ќе го распоредите времето за учење, и како ќе ги поминете модулите на курсот.

Сé додека успевате да ги испочитувате крајните рокови и да го положите курсот, имате потполно право да владеете со местото и времето на учење. Тоа може да е половина час денес, па неколку часа утре. Така, курсот нема да влијае на вашата работа,ниту вашиот друштвен живот, и ќе може да го организирате согласно вашите навики, што секако нема да може да се случи ако посетувате традиционален курс.

Мотивацијата и самодисциплината треба да ви се на високо ниво за успехот да биде неизбежен.


Поврзано: 9 совети за успешно учење на далечина


Веб академијата Еверест го нуди токму тоа, учење на далечина со помош на ментори. Значи, ако од било која причина не сте во можност да следите традиционална настава, студирањето на нашата академија би можело да биде вистинското решение за вас. Погледнете ги нашите студиски програми и потоа закажете индивидуални консултации на кои ќе добиете одговор на сите ваши прашања!

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.