СПОДЕЛИ

Скролувањето со ефект на паралакса се дефинира како сајт на кој сликата во позадина се скролува побрзо од предниот дел, притоа креирајќи чувство на длабочина. Оваа строга дефиниција е во коренот на скоро секој од митовите за паралакса според кои таа: не е соодветна за повеќе страници, не е употреблива за на мобилен, не одговара за големи сајтови, е застарен тренд, е лоша за употребливоста, корисниците не ја сакаат, лоша е за оптимизација за пребарувачи, итн.

Подобра дефиниција за паралакса би била: паралакса е скролување на сајт на кој елементите се скролуваат со различна брзина креирајќи динамичен ефект.

Како и сé останатао, така и скролувањето со паралакса е лошо за еден веб сајт кога лошо е изведено. Но, многу сајтови одлично го употребуваат овој ефект.

Трендот на паралакса од пред неколку години не се однесуваше навистина на паралакса, туку повеќе беше на рамни илустрации, бесконечно скролување за да се стаса до содржина, сајтови од една страбница со линеарна нарација. Овие кориснички искуства се застарени, но паралаксата не, и тоа само заради тоа што скролувањето на веб е природно.

Модерната паралакса допринесува за позитивно корисничко искуство. Корисниците имаат потреба од повратна информација за нивните интеракции, а скролувањето со паралакса е совршен начин на давање повратна информација за најчестата интеракција на веб, скролувањето

Паралакса на заглавје

Една од најчестите имплементации на скролување со паралакса е паралаксата на заглавје. Кога вашите очи ќе видат длабочина, тешко им е да престанат да ја гледаат, па за да креирате класичен впечаток на длабочина, паралаксата треба да ја воведете во заглавјето, а остатокот од содржината да оставите да се скролува нормално.

Chris Roberts

thisisuncoated

Tim de Graag

timdegraag

Milan Design Week

designdo

Y7K

y7k

Kontor

kontor

Bill Byron Wines

billbyronwines

The Spaces

thespaces

Karen Atherley

karenatherley

Паралакса на текст

Паралаксата често се употребува за подобрување на корисничкото искуство, со задржување на текстуалната содржина напред и во централна позиција, притоа секундарната содржина од типот на слики е она што се скролува.

Fletcher Systems

fletchersystems

Industry Art

industryart

Apple

apple

Another Escape

anotherescape

I Like Photo

ilike-photo

Суптилна паралакса

Како и секоја девојка која како тинејџер била преполна со ентузијазам за туш и претерана шминка, така и скролувањето со паралакса порасна. Суптилната пареалакса додадена на неколку елементи креира елегантно искуство на пребарување кое го шармира и забавува корисникот.

Character

charactersf

Nutsandwoods

nutsandwoods

You Gotta Love Frontend

yougottalovefrontend

Hay Rosie

hayrosie

Harewood Estate

harewoodestate

Паралакса со фиксна точка

Оваа паралакса е одлична за задржување на фокусот на вашата примарна содржина. Се постигнува само CSS и произведува ефикасни и функционални сајтови. Идеална техника за демо на продукти.

Format

format

Fueled

fueled

Simon Foster

simonfosterdesign

Класична паралакса

Класичното искуство на паралакса сé уште постои. Постојат многу сајтови кои одлично ја употребуваат. Паралаксата е повеќе од тренд. Сега таа е природен ефект на веб, како и што можете од видите од сајтовите подолу.

Pirate

piratetoronto

L’Amour Fou

lamourfou

The Light Phone

thelightphone

Mélanie F

melanie-f

Penxo

penxo

FS Emeric

fsemeric

Rob Krar

robkrar

Velvet Hammer

velvethammer

Beagle

beagle

Callens & Clo

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.