СПОДЕЛИ

Кога Adobe додаде artboard поддршка, голем дел од дизајнерите, вклучувајќи ме и мене, беа избезумени. Доколку не може да сфатите зошто artboard се толку голема работа, земете во предвид што тие значат за еден дизајнер на екран. Или попрецизно, за подемот на еден дизајнер. Префрлањето фокус на екраните во Photoshop овозможува побрзо и подобро правење на прототипи. Можноста да ја задржите цела апликација со низа прикази и модели во само една PSD e неочекувана.

За да ве насочиме точно, ви подготвивме 4 од најкорисните совети за  новите artboard корисници. Совладајте ги нив, и многу лесно ќе продолжите да правите чуда на екраните во Photoshop.

Навигација помеѓу  artboards

navigate-artboardsКога имате комплексен документ полн со artboards, ви треба лесен начин да одите од еден во друг artboard. Во  Layers Panel, Option (CTRL во Windows) + клик на artboard-от кон кој сакате да одите и Photoshop ќе ви го скролува во приказ.

Ова ќе ви стане незаменливо откако во PSD ќе имате многу повеќе од неколку екрани. Ви помага да го одржувате панелот со слоеви среден, што не носи до….

Проширување/собирање на сите artboard-и наеднаш

collapse-artboardsИако artboard  се нови, начинот на кој се прикажуваат во Layers Panel не е – тие во основа функционираат како група. Напорно станува кога ќе имате отворено премногу од нив. За да ги проширите или соберете сите artboard-и,  CTRL+ клик на било кој од нив во Layers Panel, и сите ќе се прошират или соберат, зависно од командата. Замислете си го тоа како мапа која ви помага кога ќе се изгубите во Layer 2 copy 2 џунглата.

Креирајте  artboard од група

create-artboardsДури и кога ќе почнете документ без artboard-и, лесно може да ги креирате отпосле од постоечките слоеви или групи. Едноставно со десен клик на групата во Layers Panel и изберете “Artboard from Group”. Artboard-ите доаѓаат со некои неверојатни предности, на пр. лесно се експортираат и добро се синхронизираат со услугите за правење проторип како InVision. Со неколку кликнувања, едно PSD полно со рамни екрани ќе се претвори во многу повеќе.

Како брзо да експортирате Artboard во PNG

quick-exportНовата  карактеристика за брзо експортирање Quick Export е одлична кога сакате да добиете нешто надвор од PSD. За да ја употребите, селектирајте некои artboard-и во Layers Panel, десен клик, и селектирајте “Quick Export as PNG.”

На овој начин лесно ќе произведете директориум полн со точни PNG екрани, што е одлично за споделување со тим или покажување на истите за да се добијат допаѓања на Dribbble.

Движете се брзо и останете организирани

Новиот artboard работен тек го забрзува дизајнерскиот процес, во и надвор од Photoshop. Дизајнерите на екрани може да прават прототип побрзо и да останат организирани при прцесот. Дизајнирањето на екран се помести од вештина која некои од дизајнерите ја имаа во развиена индустрија полна со стручни професионалци. И со добра причина: силниот дизајн на екран може да ја реорганизира целата индустрија.

Adobe почетник?

Погледни ги нашите Adobe курсеви. Како и сите наши останати курсеви, и овие курсеви можете да ги следите на далечина, во време и со динамика по ваш избор. Курсевите се практични а се’ што ќе изработите ќе доставувате до менторите со кои потоа ќе имате 1-на-1 онлајн менторска сесија за консултации.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.