СПОДЕЛИ

Adobe Illustrator за мене е софтвер за сé што е поврзано со дизајнот. Тоа е единствената програма без која навистина не би можел да работам.

И, секако, лесно може да се претпостави дека примарниот фокус на програмата е илустрацијата, врз основа на името, но овој софтвер за дизајн нуди многу повеќе од тоа.

Со алатки за текст, боја, сечење фотографија, цртање и многу повеќе, Adobe Illustrator има придобивки за сите блогери и сопственици на бизнис.

Еве листа на 40 начини на кои Adobe Illustrator може да го однесе вашиот блог или бизнис на следното ниво:

1 | Лого

Додека програмите како Photoshop работат со растерски слики (кои се направени со пиксели), Adobe Illustrator креира векторски графики (кои се направени со математички логоритми). За разлика од растерските слики, векторските графики може да бидат зголемени со неверојатно големи размери без загуба на квалитет, што ги прави идеални за логоа.

1Illustrator исто така ви дозволува лесно да манипулирате со текст, да ги менувате боите, да додавате илустрации и да работите со мрежа, а сето тоа е многу важно кога креирате лого.

2 | Копчиња во странична лента

Прилагодените копчиња на вашата странична лента, и на другите страници од вашиот веб сајт, се одличен начин да го издвоите вашиот бизнис/блог и да направите поинтерактивен сајт, со што ќе го зголемите интересот за вашиот бренд.

2Често ме прашуваат како ги креирам шарените копчиња за категории на страничната листа, а мојата тајна е Adobe Illustrator. Употребувам алатка за овални форми, цртам икони со алатката-пенало, ги ставам боите од мојот бренд со пипетата и ја зачувувам графиката како транспарентна JPEG датотека, која потоа ја вчитувам на страничната лента употребувајќи блок за галерија на Squarespace, и на крајот, додавам линкови за да ги направам “копчиња.”

3 | Инфографики

Инфографиките се одличен начин за прикажување на информациите и податоците на вашиот сајт. Тие често се споделуваат, што значи дека често ќе ги видите закачени на Pinterest, споменати на Twitter, и ставени во линк на Facebook.

3 infographic

Adobe Illustrator ви ги дава сите неопходни алатки за да креирате сопствени инфографики за вашиот бизнис.

4 | Графики за постови во блог

Еден фантастичен начин на кој можете да го издвоите вашиот блог од толпата, и да го направите попрофесионален, е да креирате кохезивни, разбирливи графики за секој пост. Не само што тие се попривлечни за читателите, туку и се почесто споделувани, и имаат потенцијал да привлечат поширока публика.

Adobe Illustrator ви дозволува лесно да креирате сопствени графики и образци кои долгорочно ќе ви заштедат многу време.

5 | Реклами во странична лента

Независно дали реклмирате аспекти од вашиот бизнис на веб сајтот или рекламирате туѓ бизнис, Illustrator ќе ви помогне брзо и лесно да креирате реклама во страничната лента.

5Направете ја големината на вашиот простор за цртање со соодветни димензии, позиционирајте ја сликата, додадете го вашето лого, за чувајте за веб и подготвени сте да успеете.

6 | Facebook елементи

Конзистентноста е клучниот елемент во блогирањето и водењето бизнис, особено кога станува збор за брендирање.

6Дизајнирањето на елементи од типот на Facebook насловни слики, апликации и профилна слика во Illustrator ви дозволува да останете конзистентни со бојата, фонтот и елементите во сите употреби на вашиот бренд.

7 | Промотивни слики

Елементи кои ги поклонувате, промоција на продукти, деловни соопштенија… Секогаш сакате големите настани и промоции да привлечат внимание, а одличен начин за тоа е брендираната графика.

7Adobe Illustrator ви овозможува сето ова да го направите лесно со поставување и сечење фотографии, додавање текст и работа со бои.

8 | Табли за инспирација

Независно дали сте дизајнер за ентериер, графички дизајнер, организатор на настани или блогер, секогаш кога барате почетна точка во визуелната насока на својот бренд, креирајте табла за инспирација.

8Illustrator ви овозможува да ставате фотографии, да ги сечете со маски за отсекување и да ги преуредувате за да се вклопат во вашата композиција.

9  |  Потписи за е-пошта

Еден конзистентен и професионален бренд се пренесува и во големите, но и во малите работи. Сé е во деталите.

9Може да го употребите Adobe Illustrator за да го вметнете вашето лого, да додадете текст за име, наслов и информации за контакт, и сето тоа да го зачувате и прикачите.

10  |  Медиа комплети

Ако прифаќате реклами на вашиот веб сајт или сте партнер со други брендови, од голема помош ќе ви биде ако имате на располагање медиа комплет со кој ќе обезбедите статистики за вашиот сајт, следење на социјални медиуми, преглед на вашиот просечен читател, итн.

10Ова лесно можете да го прилагодите во Illustrator, да го зачувате како PDF, и да го испратите на вашите потенцијални соработници на барање.

11 | Сечење фотографија

Иако Photoshop има повеќе можности за уредување на фотографии, Illustrator ви дозволува да правите маски за отсекување кои ги сечат сликите до одредена форма или големина.

11На пример, фотографијата во страничната лента подолу е направена токму на тој начин во Illustrator. Јас употребувам вакви маски за да ги исечам и фотографиите во таблите за инспирација на моите клиенти.

12  |  Деловни картички

Зошто да употребувате досадни образци за картички кога може да креирате сопствени дизајни кои ќе се вклопат во вашиот бренд?

12Illustrator ви го овозможува и ова, и ви дозволува да зачувате за печатење.

13 | Икони за социјални медиуми

Како што кажав и претходно, сé е во деталите. Дури и нешто многу мало, како иконите за социјални медиуми, може да се рефлектира на остатокот од вашиот бренд, и да направи вашиот сајт да изгледа попрофесионално и кохезивно.

13Во Illustrator, може да ги менувате боите и стиловите на типичните икони за социјални медиуми и да ги направите полични.

14 | Знаци

Независно дали станува збор за големи билборди или мали знаци во реклами, може да дизајнирате сé за вашиот блог или бизнис во Illustrator.

И со оглед на тоа што станува збор за вектори, можете да ја зголемувате графиката по потреба (освен ако таа не вклучува фотографија), без на сликите да се познаваат пикселите.

15 | Работни листови

Честопати во говори, курсеви на интернет, работилници и консултации, треба да имате материјал кој ќе го поделите за учесниците да може полесно да ве следат и да фаќаат белешки.

Ова можете да го направите преку PDF на интернет или со печатење преку Adobe Illustrator.

16 | Рабови и шари

Со помош на мрежи, линијар и алатката-четка, можете да креирате прилагодени рабови и шари во Illustrator, кои потоа можете да ги употребите на вашиот веб сајт, на формулари, деловни картички, итн. На можностите им нема крај.

16

17 | Маркици и стикери

Никогаш не ја потценувајте вредноста на добриот пакет. Нешто мало како на пример, стикер, на надворешната страна на пакетот, или маркица на пликото, може да направи вашиот бренд да изгледа попрофесионално и поосмислено.

17Креирајте уметност на маркици и стикери во Adobe Illustrator, прилагодете ги со соодветна големина и текст, и испратете ги на печатење во Moo.com.

18  |  Картички за подарок, сертификати и купони

Сите знаеме како изгледаат празните сертификати од трговските центри.

Ставете свој печат на картичките за подароци, сертификатите и купоните креирајќи ги во Illustrator со вашето лого, боите на вашиот бренд и типографското писмо кое ви се допаѓа.

19  |  Прилагодување на готови слики на веб

Колескциите на слики се популарни кај сопствениците на мали бизниси и блогерите, и често се купуваат со намера да се додадат на елементи како печатени атеријали, картичи или веб сајт.

Иако Photoshop е одлична алатка за уредување на фотографии, Illustrator може да направи некои поедноставни работи како сенки и совпагање на боја.

19

20  |  Слајдови за презентација

Програмите како Keynote и Powerpoint ви дозволуваат да прилагодите сопствени презентации со текст и боја, но Adobe Illustrator може да ви помогне даотидете едно ниво погоре и да додадете прилагодени графики, шари, рабови, итн.

20

21 | Покани

Дали ве очекува некој возбудлив настан за вашиот бизнис или блог? Креирајте прилагодени покани со Illustrator.

Може да ги прилагодите за печатење со ознаки и прелом за сечење, или да ги зачувате за на веб и да ги испратите преку е-пошта.

22 | Беџови за настани

Ако имате сајт на кој се прикажани други блогови или сопственици на бизнис, можете да го употребите Adobe Illustrator за да креирате сопствени беџови кои би ги додале во страничната лента на нивните блогови со кои ќе направите линк кон вашиот сајт.

Беџовите за настани се одлични како нешто што би им го дале на луќето кои биле гости на вашиот деловен настан (како конференција или работилница).

23 | Позадини и тапети

Illustrator е одличен за креирање на содржина која може да се споделува, како позадини и тапети.

Креирајте нешто оригинално, прилагодете му ја големината за уреди како таблети, мобилни телефони или лаптопи, ставете го вашето лого за лесен маркетинг, и споделете ги датотеките на вашиот блог.

24 | Контакти, временски ленти, и понуди

Внесете го вашиот бренд ви вашите деловни формулари преку Illustrator за вашиот блог или бизнис да изгледа попрофесионално и поовластено.

Употребете конзистентен фонт и бои, додадете го вашето лого и зачувајте ја датотеката за печатење или за веб.

25 | Честитки и бележници

Ставете личен печат на благодарниците и картичките со прилагодени честитки и бележници.

25Illustrator ви овозможува лесно да ја прилагодите големината на вашата табла за цртање во соодветни димензии, и да ги зачувате датотеките за печатење со висок квалитет, па така резолуцијата на финалниот продукт ќе изгледа одлично.

26 | Банери и прилагодувања на продавница

Ако водите продавница на Etsy или Shopify, Illustrator е одличен начин за креирање на банери и информативни слики за вашата продавница, што ќе ви помогне да се истакнете пред конкуренцијата.

26Употребете маски за сечење на сликата за таа да се совпадне со одредените димензии, додадете го вашето лого, зачувајте за веб и прикачете го на сајтот.

27 | Дигитализирање на слики и пишување на букви

Ако ве интересира калиграфија и сакате да го дигитализира текстот, Illustrator има одлични опции за вас со следење на слика, алатката за обликување на патеката и алатката-пенкало.

2728 | Брошури

Независно дали се подготвувате за промотивен настан, креирате мени или ги прикажувате различните пакети на услуги кои ги нудите, може текстот и сликите за сето тоа да ги прилагодите со Adobe Illustrator.

29 |Ознаки за пакување

Дали продавате продукти? Illustrator ви овозможува да употребите мрежи и линијари за да ја прилагодите и креирате вашата графика за пакување.

Независно дали тоа е стикер со вашето лого кое треба да оди од задната страна на вашите печатени материјали, или етикета за на пакување со храна, сето тоа можете да го креирате со овој софтвер.

30  |  Илустрации

Илустрациите се забавен начин на кој можете да додадете карактер на веб сајтовите, придружните елементи и др. Употребете ја алатката-пенкало за да креирате сопствени илустрации што одлично се вклопуваат во вашиот бренд.

30

31 | Материјали кои може да се печатат

Исто како и позадините и тапетите, материјалите кои може да се печатат, даваат нешто што вашата публика  може да го земе или споделува од вашиот сајт. Тие додаваат вредност на сајтот.

31Со Adobe Illustrator, лесно можете да креирате вакви материјали, да ги зачувате како PDF, и да го прикачите на вашиот сајт за другите да може да ги превземаат.

32 | Водич за продавачи

Дали сакате да привлечете повеќе продавачи за некој настан или мрежа со други бизниси во вашата индустрија? Креирањето на водич во Illustrator е одлична идеја кога сакате да ги потенцирате предностите и недостатоците на настанот, и кога сакате да добиете поддршка и внимание.

32Дизајнирајте го како PDF за печатење и зачувајте го за веб, за потоа да го испратеите како е-пошта.

33 | Фавикони

Употребете го Illustrator за да креирате мала сликичка која ќе се појавува во горниот дел на јазичето на прелистувачот. Тоа може да е вашето лого, бренд елемент или ислустрација, па дури и првата буква од името на вашата компанија.

Фавиконите се одличен начин на додавње конзистентност (и забавно изненадување) во вашиот сајт.

34 | Разгледници и испраќачи на пошта

Понекогаш е-поштата не може да ги победи апикациите за сметки во вашето сандаче.

34Прилагодете ги овие печатени материјали во Illustrator додавајќи ги сите елементи од вашиот бренд, како лого, рабови, бои и фонт.

35 | Образци

Дали сакате да го поедноставите процесот на содавање графики за вашиот сајт? Или можеби сакате да направите покохезивни графики за вашиот блог? Тоа можете да го направите со опцијата за образци на Adobe Illustrator.

35Прилагодете обрзаци за конзистентни слики на продукти, цитати за социјални медиуми или Twitter chat графики.

36 | Модели

Јас го употребувам Illustrator за да креирам модели за клиенти, за да им покажам како нивниот нов бренд ќе изгледа на социјалните мрежи, или каков ќе биде нивниот веб сајт кога ќе се активира.

Софтверот е одличен за прикажување модели пред да го потврдите финалниот производ, и ви дозволува лесно да ги поместувате работите и да правите измени.

37 | Зачувување датотеки

Дали ви се случило да имате потреба логото да ви биде во различни формати на датотеки или големини?

Adobe Illustrator ви дозволува да зачувувате различни типови на датотеки и да прилагодувате параметри, врз основа на тоа дали вашиот финален продукт ќе се појавува на интернет, или како печатен материјал.

38 | Ценовници

Ако не ги прикажувате цените на вашиот веб сајт, би било добро да подготвите ценовници во PDF, кои би им ги испратиле на вашите можни клиенти преку е-пошта, за тие да имаат јасна претстава за вашата понуда.

38Исто како и медиа комплетите и водичите, и ценовниците можете да ги прилагодите во  Illustrator.

39 | Резимеа

Ако барате работа и клиенти, тогаш креирањето на резиме во Illustrator е одличен начин на кој можете да се брендирате себе си и да се издвоите од конкуренцијата.

Ова веќе неколку пати го кажав во овој пост, но повторно, извлечете го вашето лого, фонтовите, боите и другите елементи на вашиот бренд и вашето резиме ќе биде препознатливо и ќе ве претставува вас.

40 | Споредни дизајни

Дизајни за маици, шољи за кафе, пенкала, магнети, транспарентни налепници за автомобили, етикети, па дури и прилагодени престилки… Сето ова можете да го направите во Illustrator. Како и што реков, на можностите им нема крај!

извор: Elle & Co

Заклучок

Adobe Illustrator ви нуди многу повеќе од можност за илустрирање. Софтверот може да се употребува за различни материјали, и може да ви помогне да креирате поконзистентен бренд за да го однесете вашиот блог или бизнис на следното ниво.

Како и за што го користите Adobe Illustrator? Имате ли некаков предлог кој би го додале на оваа листа?

Ако сте почетник, Illustrator можете да го совладате како поединечен курс или во рамки на студиските програми за веб дизајн и UX дизајн на веб академијата Еверест.

Највредниот дар кој го поседуваат луѓето е грижата и споделувањето.
Споделете го тоа што го имате, грижете се за тие кои ги имате.

Ако ти се допадна статијава, сподели ја со своите пријатели.
Ќе ги израдуваш и нив и нас.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.