СПОДЕЛИ

Бидете искрени, сте размислувале да станете веб дизајнер.

Отсекогаш сте мислеле дека сте креативни и дека имате око за добар дизајн. Знаете дека веб страница која добро изгледа мора да одржува одредена рамнотежа и тек – ѕид со мал бел текст на црна позадина нема да има многу обожаватели.

Доколку ја комбинирате вашата креативност со вашиот препознатлив стил, би можеле да ги оживеете вашите големи идеи на веб. И најважно од се’, може да заработувате за живот работејќи го она што ве прави да се чувствувате жив.

Па, што е тоа што ве запира?

Можеби не знаете од каде да почнете, или ви рекле дека без диплома од ИТ или Графички дизајн немате шанса да успеете.

Нема потреба да се враќате во училиште, па дури и не мора да излезете од дома – се’ може да научите овде, на интернет!

А, ако не знаете од каде да почнете, не грижете се. Следете ги овие 5 едноставни состојки од рецептот – 5 вештини за дизајнирање веб кои може да ги научите online:

Најважните 5 вештини за креирање на веб дизајн кои може да ги научите оnline се:

1. ОСНОВИ НА ДИЗАЈН

Дизајнот се заснова на визуелна комуникација која има за цел да го претвори она што го сакаме во она кое ни е потребно. На пр. дали сте знаеле дека нешто едноставно, како менување на бојата на позадината на вашата веб страница, може да разбуди сосема поинакви чувства?

Ќе треба да научите работи како дизајнирање со употреба на мрежа, употреба на теоријата на бои за подобрување на дизајнот, избирање на фонт кој ќе направи зборовите да се издвојуваат од страницата и многу повеќе.

2. WIREFRAMING (ПРАВЕЊЕ ШЕМАТСКИ ПРИКАЗ)

Функционалниот шематски приказ, во суштина, е нацрт план на вашата веб страница. Не само што ќе ви помогне да го визуелизирате правецот кој вашиот проект ќе го следи, туку и претставува комуникациски модел со кој ќе сте сигурни дека сите инволвирани знаете точно што треба да се прави и како треба тоа да изгледа. Без оваа шема ќе трошите залудни часови при изработката на проектот.

Мора да научите како да скицирате функционален шематски приказ и како да ги употребувате алатките за шематско прикажување за да си заштедите време и да имате професионална комуникација во лесен формат за следење.

3. ГРАФИЧКА МАНИПУЛАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ ФОТОГРАФИИ

Научете како да дизајнирате веб страници и апликации – и да ги ретуширате сликите од одмор!- употребувајќи моќен софтвер како Photoshop. Photoshop е алатка за дизајн која не ја употребуваат само веб дизајнерите, туку и графичките дизајнери, принт дизајнерите и фотографите.

Ќе сакате да научите како да манипулирате со форми, да работите со патеки и слоеви и да прилагодувате фонт за да му дадете живот на вашиот дизајн. Доколку се плашите од трошокот – немојте. Времињата кога Photoshop беше единствена алатка во оваа индустрија се поминати. Со Adobe Creative Cloud subscription service, може да го употребувате последното издание на Photoshop без расфрлате илјадници долари за софтвер кој многу брзо ќе ви застари.

4. HTML

HTML, или Hyper Text Markup Language е основен блок за градење на веб страница – без него не би ни постоела веб страницата онаква каква ја познаваме.
Можеби си мислите “Сакам да сум дизајнер, а не програмер”, но сепак во ваш интерес е да научите HTML. Дури и само со основно познавање од HTML ќе може да креирате веб страница од почеток. Ќе може да прилагодувате образци за билтени, образци за теми и основни веб страници.

5. CSS

Дали некогаш сте се прашувале како се добиваат оние забавни ефекти на веб страниците? Знаете, оние кога поминувате со глувчете врз линкот на страницата ‘About’ и кога, таа од црна станува флуоресцентно виолетово. Е, токму тоа може да го постигнете со CSS!

Cascading Style Sheets (Каскадни листи со стилови),попознат како CSS, е начинот на кој дизајнерите и даваат стил на една страница. Работите како боја на фонт, рамки околу копчињата, па дури и распоредот на бел простор на вашата веб страница може да се контролираат и модифицираат со CSS. Исто така, CSS му кажува на вашиот веб пребарувач како вашата веб страница треба да изгледа и функционира кога се прегледува, независно дали е тоа на лап топ или на вашиот телефон. Сите знаеме колку фрустрирачки е кога една страница изгледа целосно искривено на вашиот телефон, така?

Па, ете ви. Ако имате одлични идеи ќе може многу да постигнете. Но, да ja имaте вештината со која може да работите на вашите големи идеи е билет за долга и профитабилна кариера како веб дизајнер.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.