Размислувате да влезете во дивиот свет на веб развојот? Честитки! Одлично време е да започнете, па дури и ако не доаѓате со искуство во компјутерски науки. Откако интервјуирав неколку веб развивачи, сфатив дека ги слушам истите работи од секој од нив. Некои од изјавите ми ги потврдија моите сомневања за тоа каква е оваа индустрија и за што станува збор во неа, а некои ме изненадија. Затоа ви ја давам оваа листа со 5-те не толку скриени тајни за работата во полето на веб развојот.
1. Титулата не е важна
Секој веб дизајнер со кого зборував ми го кажа истото – никој нема официјална титула. Титулите не се важни во нивните оддели, ниту компании.
Ова значи дека кога барате работа не мора да барате титула која ви се допаѓа. Задржете се до едноставните работи како “веб девелопер”, и ќе бидете токму онаму каде што треба да сте.
Ова, исто така, значи и дека структурите на многу тимови со инженери и веб девелопери се релативно изедначени во хиерархијата. Само да ве потсетам, како што Micah Jaffe, CTO на FairLoan Financial, вели во интервјуто, изедначената структура не значи дека треба да престанете да се однесувате љубезно и со почит кон вашите соработници.
2. Ни дипломите не се важни
Се разбира, ако сте дипломирале на некоја информатичка катедра и сте стекнале знаења и вештини, тоа е супер. Но, вашата одлучност и истрајност во учењето да програмирате се многу поважни од секоја диплома.
Mike Feineman, развивач во агенцијата за социјални медиуми Room 214 вели, “Самоуките програмери имаат поголеми амбиции и се пострасни ученици. Со други зборови, тие се токму онакви луѓе, какви што јас сакам да имам во мојот тим.” Ајде, почнете да учите програмирање!
3. Не треба да трошите многу време на мотивационото писмо затоа што најверојатно никој нема да го погледне
Да, фер е да кажеме дека многу од традиционалните мудрости за барање работата (трошење куп време за да се состави совршено мотивационо писмо, бла, бла…) не важат и за програмерите. Луѓето кои ги разгледуваат апликациите испратени од програмери ретко знаат да прелетаат со погледот преку мотивационото писмо, но најчесто не го прават ни тоа.
Па, што е тогаш важно кога аплицирате на работно место во веб развој? Вашата работа! Подгответе се да ги покажете вашите проекти (затоа секогаш вклучувајте се во многу добри проекти). Дадете линк до вашата GitHub архива, вашиот личен веб сајт или други активни примери од вашата работа. Ова е многу поважно од сé што можете да опишете во неколку пасуси.
Кога сте на самиот почеток, следете го советот на Jennifer Gilbert за да најдете организација (да речеме непрофитна, чија мисија е од значење за вас) и да и понудите бесплатна помош. Така ќе добиете искуство и нешто што може да го ставите во вашето резиме, а тие ќе добијат одличен веб сајт. Двојна добивка! За да прочитате повеќе од Jennifer (која е самоук програмер кој се префрлил од уредништво во развој на софтвер) прочитајте едно интервју со неа овде.
4. Мора да сакате да креирате работи и да го прифатите фактот дека тие може да се распаднат
Дел од забавата кога сте програмер е тоа што креирате. Но, многу важен дел од креативниот процес е да научите како да ги креирате работите поефикасно, што значи дека понекогаш ќе правите грешки и вашите креации ќе се распаѓаат. И тоа се случува, па затоа мора да се прилагодите на тој факт, и да го прифатите.
Sam Nichols, мобилен развивач од SmugMug, има кажано вака: “Креирајте маса, изградете компјутер, направете пиштол на вода, направете нешто за што ќе ви биде потребно една недела и потоа направете нешто само на 40 минути пред забавата. Креирањето работи е основата на оваа професија, па имањето искуство во креирање на работи, особено во соработка со други, ќе ви помогне со перспективата и прилагодувањето.” Може да вежбате градејќи било што, па и веб сајтови, само немојте да дозволите стравот од неуспех да ве задржува.
5. Ако сте жена, може да е тешко. Но не се откажувајте!
Во текстот на LinkedIn “Жените во ИТ се соочуваат со многу предизвици– Но има надежe,” Vivek Wadwha разгледува зошто жените не се застапени доволно во оваа индустрија. Исто така погледнете го и текстот на “Ајде да зборуваме за жените во технологијата: Силиконската долина сé уште има проблеми со полот” за да откриете како им е на некои од жените кои работат во Силиконската долина. Да, некои од нив имале лоши искуства со мачо културата и не биле доволно почитувани од своите соработници, но сите тие се страсни во својата работа и спремни се да направат промени. Зошто и вие да не сте дел од таа промена?
Домашна задача! Идентификувајте пет до десет организации чии веб сајтови мислите дека малку треба да се изменат. Пратете им електроноска порака да видите дали ќе ви дозволат да направте нешто убаво за нив.