Дома WordPress 5 прашања кои треба да си ги поставите пред да инсталирате WordPress...

5 прашања кои треба да си ги поставите пред да инсталирате WordPress додадок

376
0
СПОДЕЛИ

Додатоците го прават WordPress моќен. Употребувајќи додаток може лесно да правиме измени и да додаваме функционалности на WordPress. Меѓутоа, не сите додатоци се исто креирани. Додека некои од нив може да ги прошират можностите на вашата веб страница, други може да ја оневозможат вашата страница и таа да престане да функционира. Дури постојат и случаи на додатоци кои може да создадат сериозен безбедносен проблем во вашата веб страница.

Во моментов постојат повеќе од 37,000 додатоци, хостирани во официјалната архива на додатоци на WordPress. Да се избере вистинскиот додаток не е лесна задача. Затоа, постојат (или барем трeба да се земат во предвид) неколку прашања кои треба да си ги одговорите пред да одлучите дали да инсталирате или не одреден WordPress додаток.

Еве неколку од моите прашања:

1. Што доаѓа со карактеристиките?

Ова можеби ви изгледа очигледно како прашање, бидејќи секогаш бараме додатоци врз основа на карактеристиките кои тие ги обезбедуваат. Меѓутоа, иако два додатока може да ја имаат истата цел, во смисла на употребливост, сепак има варијации кај секој поединечен додаток.

Јас обично споредувам два или повеќе додатоци кои ја прават истата работа и потоа проверувам дали карактеристиките одговараат на моите потреби. На пр. Meta Slider, додаток кој ви овозможува да додадете слајдшоу во WordPress, нуди четири различни JavaScript библиотеки (Flex Slider, Nivo Slider, Responsive Slides и Coin Slider). Сличните на него додатоци имаат различна понуда на библиотеки, како на пр. WOW Slider кој дава само една ексклузивна JavaScript библиотека. Колку библиотеки ви требаат вам за да направите еден додаток да работи?

mailpoet

2. Дали е ажуриран и (сеуште) компатибилен со WordPress?

WordPress се ажурира со нови карактеристики на секои 6 месеци. Во официјалната архива на додатоци на WordPress ќе најдете информации за тоа кога последен пат е ажуриран додатокот и дали е компатибилен со ажурираните верзии на WordPress. Секако, треба да ја земете во предвид верзијата на WordPress која вие ја употребувате.

compatibil

Добра работа е тоа што WordPress обично ве предупредува доколку додатокот не е ажиуриран во последните две години. Тоа е индикатор дека развивачите го напуштиле тој додаток и дека истиот сигурно нема да се ажурира ниту во иднина, па најдобро е таквиот и воопшто да не го употребувате.

3. Какви се рејтинзите и критиките од корисниците?

Дали им верувате на рејтинзите? Јас не, барем не во потполност. Рејтингот не кажува сѐ за квалитетот на WordPress додатокот. И искрено, WordPress рејтин системот е малку несигурен и нејасен, па затоа, не секогаш нискиот рејтинг на додатокот значи и дека додатокот е лош.

Може и да бил порано, но запомнете дека додатоците се ажурираат, и претходниот рејтинг не секогаш точно го прикажува квалитетот на ревидираната верзија.

Токму овде Review секцијата, која ја има во секоја страница на WordPress додаток, ви е од полза. Таму може да прочитате за искуствата на други корисници со истиот додаток, и исто така да видите кога е постирана оцената и колку рејтинг ѕвездички дадениот корисник има дадено. Ова е многу поточно мерило за квалитетот кога одлучувате дали да го инсталирате или не саканиот додаток.

Еве овде има оценка со 5 ѕвездички и со 1 ѕвездичка едно до друго. И тоа се случува.

reviews

Исто така, може и да истражите кој сѐ го употребува вашиот додаток. WordPress има широка база на корисници на која ќе најдете мали независни страници, но и големи корпоративни веб страници како New York Times и TechCrunch.

Доколку откриете дека големи веб страници го употребуваат одредениот додаток, тоа значи дека најверојатно е добар и доверлив. Сигурно нивниот тим за развој нема да ја стави страницата во ризик инсталирајќи нешто штетно и лошо, нели?

4. Кој го развива додатокот?

WordPress додатокот се потпира на посветеноста во одржувањето и поправањето на грешки на оној кој го развива додатокот. Во спротивно, корисниците ќе бидат оставени сами на себе доколку во додатокот се случи нешто несакано.

Обично, кога додатокот е поддржан од повеќе програмери, компанија или ако програмерите имаат некаков вид на финансиска поддршка преку премиум можности, додатокот постојано ќе се ажурира, и сите проблеми ќе се решаваат за релативно кратко време.

Меѓутоа, ако додатокот го работи еден програмер, според моето искуство, додатокот многу бргу се напушта и воопшто не се ажурира. Всушност, во овој случај многу е важно кој точно стои позади додатокот.

Јас лично не би се двоумел дали да инсталирам додаток од некој кој е директно инволвиран во ажурирањето на WordPress јадрото, како Семјуел Вуд, или ако станува збор за признати програмери како Пипин Вилијамсон, Грег Прајдej и Лестер Чен, бидејќи репутацијата на програмерот на додатокот е многу важна.

plugin-aut

5. Дали дизајнот е привлечен и осмислен?

Овде повеќе станува збор за личен вкус, но сепак дизајнот и естетиката на додатокот може да играат улога во одлуката. Генерално, додатокот ќе додаде нова страница за поставки во контролната табла на WordPress. Некои додатоци креираат и стилизираат свои сопствени верзии на страницата за поставки и резултатот може да изгледа како да не му е местото во WordPress.

Јас лично сакам станицата со поставки да го превземе WordPress стилот или барем да изгледа многу слично. Еве споредба помеѓу старницата за поставки во BPS додатокот за безбеднодт и iThemes додатокот за безбедност. Мене лично, страницата кај iThemes ми изгледа појасно, менито е добро организирано, разумно и логично.

design-aes

Кога зборуваме за разумни избори, доколку додатокот ви додава дополнително мени, името на менито треба да е кратко и разбирливо за обичните корисници. На пр. ако додатокот е за безбедност на WordPress, сосема доволно е кога името е “Security” наспроти “Ultimate SEO” или “All in One SEO”.


Доколку сакате да го направите првиот чекор во област на веб дизајнот а досега никогаш не сте кодирале, првото нешто што би требало да го направите е да го совладате WordPress-от. Тоа можете да го направите на два начина, во зависност од тоа како го вреднувате вашето време:

1. Споро, со помош на бесплатни курсеви. На интернет можете да најдете безброј бесплатни курсеви, претежно на англиски јазик, но во тој случај ќе бидете оставени сами на себе. Наоѓањето одговор на секој проблем на кој ќе налетате значи чести заглавувања, без гаранција дека ќе го најдете најдоброто решение.

2. Брзо, со помош на искусен ментор. Ако сакате резултати во рекордно краток рок, курсот “Управување со содржини со WordPress“ може да биде вистинското решение за вас. За само еден месец, ако не и побрзо, ќе го совладате WordPress-от и ќе можете веднаш да почнете да заработувате правејќи и одржувајќи веб страници за вашите клиенти.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.