СПОДЕЛИ

Едноставноста е закон! Таа прави една веб страница да изгледа чисто, ја намалува можноста да се збуните при навигацијата и помага да се постигнат посакуваните цели и резултати (т.е повеќе членови, претплатници и продажби). Но, често пати изгледа неможно да се поедностави дизајнот на вашиот веб. Независно колку се трудите, едноставно не ви успева да изгледате како Аpple. Па што е она што еден веб дизајнер треба да го направи? Не грижете се! Постојат 5 почетни точки за да го поедноставите вашиот веб дизајн.

0. simplebits

Едноставниот дизајн на веб сајтот не треба да е истоштувачко и нервозно патешествие, туку може да се прави пополека. Едноставни задачи, како ставање на фокусот само на најважните елементи од вашата веб страница, ослободување од непотребните елементи, намалување на бројот на страници кои ги содржи, добивање повеќе содржина и ограничување на бројот на бои кои ги употребувате. Потоа може и да го усовршувате за да го подобрите вашиот едноставен дизајн, но важно е да почнете.

Подготвени ли сте да го поедноставите дизајнот на вашата веб страница? Одлично. Без одолговлечување ви ги даваме 5 почетни точки како да го поедноставите дизајнот на вашата веб страница.

1. Фокусирајте се исклучиво на важните елементи

1. thesis

Првиот чекор изгледа очигледен, но изненадувачки број на веб страници не успеваат да го постигнат тоа и резлтатот е хаос од важни и неважни елементи расфрлани на страницата. И јас, како и останатите, сум го правел тоа во минатото. Тешко е да си објективен и да поставуваш приоритети за тоа што е важно, а што неважно, бидејќи сè изгледа многу важно. Ако сакате дизајнот на вашиот веб да е поедноставен, идентификувајте што треба да е во фокусот, како и со било кој визуелен дизајн или уметничко дело, а тоа значи давање на важност само на најважните елементи.

Употребувајте го правилото 80-20

Кои 20% од она што е на страницта ги даваат 80% од вредноста и содржината заради која луѓето ја посетуваат страницата? Може да е некој друштвен доказ (ѕвездичи од прегледи,критики, сведоштва, медиа беџови), и форма за пријавување или call-to-action копче, на пример. Ете ви ги 20%. На вашата веб страница, исто како што и на секоја индивидуална страница, фокусирајте се на прикажување на само 20% од елементите на страницата кои пренесуваат 80% од корисноста.

Ова не е технички чекор, туку принцип кој може да го употребите како водич за постојано да го поедноставувате дизајнот на вашата веб страница.Правилото 80-20 ќе ви помогне да го сторите ова така што ќе ве натера да ги намалувате елементите се додека не стигнете до најважните. Она што е навистина одлично кај ова правило е што може да ви помогне да си ги зголемите вашите посакувани резултати. На пр. зголемена стапка на конверзија кај посетителите кои се зачленуваат, претплатуваат или купуваат. Како? Вие го постигнувате тоа така што има помалку работи кои ќе им го одземат вниманието на посетителите и помалку работи на кои ќе може да кликнат за да ја напуштат страницата.

Како што знаеме, секогаш бараме оправдување да не купиме нешто на последниот чекор, и секоја причина поради која би излегле од таа страница е добра, затоа намалете ги причините и опциите за излегување од страницата со правилото на 80-20.

Крис Пирсон, креаторот на популарната Thesis WordPress theme работна рамка, вели дека ова е токму она што му помогнало да ја зголеми продажбата на неговата веб страница.

2. Одстранете ги сите непотребни елементи

2. tumblr

И овде продолжуваме со правилото на 80-20. Сега, откако ги идентификувавме 20% од елементите на веб страницата кои ќе ви донесат 80% од посакуваните резултати, време е да се ослободиме од непотребните елементи. Со други зборови, 80 % од елементите кои ќе ви донесат само 20% од резултатите. Може да станува збор за widget-ите за споделување на социјални медиуми, елементите на страничната лента, деталите за текстот на блогот (дата, време, автор, број на коментари, итн. ) или линкови во подножјето (ова е главна причина, особено кога посетителот бара оправдување/ причина да излезе од страницата.)

3. Намалете го бројот на страници

3. squarespace

Голем дел од поедноставувањето на дизајнот на вашата веб страница е едноставно да имате помалку места за истражување и кликнување. Тоа може да го направите со скратување на бројот на страници. Или ослободете се од непотребните страници кои длабоко во себе знаете дека не се важни, или едноставно помешајте ги содржините од повеќе страници во една. Мислам навистина не треба да ги делите страниците на ,, за страницата” и ,,за мене”.

Прво, влезете во умот на посетителот – доколку вие сте тој кој доаѓа на веб страницата кои се клучните работи кои би сакале да ги направите? На пр. да откријте за што станува збор или контакти. Следно, осигурајте се дека вашите страници го овозможуваат само она што ви е важно и ништо повеќе. Немојте да чувате непотребни страници затоа што мислите дека ви се потребни или затоа што другите веб страници ги имаат. Кога ќе го намалите бројот на страници, не само што вашите посетители ќе се фокусираат на содржината, затоа што ќе има помалку места на кои ќе може да кликнуваат, туку и вашето навигациско мени ќе биде поедноставно.

Сите сме посетиле веб страници со премногу елементи во навигациското мени. Не знаеме од каде да почнеме бидејќи сме преплавени со можности за избирање. И кога имаме преголем избор, обично не избираме ништо. Имајќи колку што е можно помалку елементи на навигациското мени, не само што ќе ја поедноставите вашата веб страница, туку и ќе ја направите попријатна и достапна за корисниците.

4. Додадете повеќе содржина над Fold

4. mailchimp

Студиите покажуваат дека поголемиот број на луѓе поминуваат најголем дел од времето над fold од веб страницата (она што се покажува на страницата без да скролате надолу). Па доколку сакате да ја зголемите ефективноста на вашата веб страница, ставете ја главната содржина и call-to-action елементите над fold. Можете да направите нешто едноставно како на пр. скратување на висината на заглавјето, ако имате лого и навигациско мени во горниот дел на вашата веб страница.
Ова би значело дека не треба да смените ништо освен висината на вредноста на заглавјето во вашата листа на стил (обично style.css или stylesheet.css). Исто така, проверете дали формата или копчето за пријавување се под fold. Поместете го тој елемент погоре на страницата за тоа да биде првата работа која корисникот ќе ја види. На крајот на краиштата, тоа е и вашата цел кај посетителите, па намалете ја работата која тие треба да ја завршат за да стасаат онаму каде вие сакате (т.е намалете го скролувањето).

5. Ограничете ја вашата шема со бои

5. 37signals

Лесно е да се занесете со бои. Зошто да се ограничите на 2 или 3 бои кога може да имате 12 или13? Но, со цел да го поедноставите дизајнот на вашата веб страница визуелно, мора да ја ограничите шемата со бои. Кога се сомневате, користете помалку бои. Бројот на бои би варирал во зависност од вашиот дизајн, се разбира, но сепак обидете се да се придржувате до не повеќе од 2 или 3 бои за почеток. Доколку имате потреба од повеќе текстура на вашиот визуелен дизајн, употребете нијанси на истата боја –светло сина за позадината, потемно сина за заглавјето и елементите од менито.

Во минатото и јас збеснував со бои. Само додавав бои во дизајнот, и додека да сфатам што правам, мојата веб страница веќе личеше на виножито. Можеби вашата веб страница ќе биде поедноставена во конструкцијата, но доколку боите им пречат на очите наместо да додаваат на содржината, тогаш целиот ваш труд е бадијала. Затоа, употребете помалку бои во дизајнот.

Имате проблем да изберете боја со која би почнале? Before & After списанието има корисна, бесплатна електронска книга за тоа како да ја најдете совршената боја токму овде. Обидете се со овој корисен генератор на шеми на боја.

Конечно

6. apple

Се надевам дека сега научивте и сте подготвени да го поедноставите дизајнот на вашата веб страница. Повеќе ќе се гордеете кога ќе ја покажувате веб страницата затоа што ќе изгледа одлично, а и вашите корисници ќе имаат пријатно искуство додека пребаруваат низ вашата веб страница. Да повториме – ова се 5-те почетни точки за поедноставување на дизајнот на веб страницата:

  1. Ставете го фокусот само на важните елементи
  2. Ослободете се од неважните елементи
  3. Намалете го бројот на страници
  4. Ставете повеќе содржина над fold
  5. Ограничете ја палетата со бои

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.