Да се биде хонорарец има многу предности и најверојатно е сон на многумина на кои им е здосадено од монотоната работа во четири ѕида. Не само што може да ги изберете само оние работи за кои сте навистина заинтересирани, туку имате и целосна слобода да го изберете времето кога ќе работите, луѓето со кои ќе работите и местото на кое ќе работите.
Проблемот сега е само каде може да најдете работа која ќе ви помогне да ја оддржувате вашата кариера како хонорарец? За да ви помогнеме во потрагата по проекти креиравме листа од 50 најдобри веб страници за хонорарци. Дури и доколку вие како компанија или поединец барате да ангажирате хонорарец, овие веб страници исто така може да ви послужат.
Но, внимавајте – за да најдете работа не е доволно само да се регистрирате на некоја од овие платформи.
- Посветете посебно внимание во креирањето профил. Немојте да бидете мрзливи затоа што нема да имате втора шанса за да оставите добар прв впечаток.
- Аплицирајте само на оние проекти или работи за кои сте максимално квалификувани.
- Пишувањето понуда е од клучно значење. Покажете дека сте го прочитале барањето, дека разбирате што од вас се бара, дека тоа веќе сте го работеле и слично. Никако немојте да одите со генерички понуди со copy-paste!
Па, независно од тоа дали сте програмер, дизајнер, преведувач или архитект, еве ја листата на веб страници кои ќе ви помогнат да ја најдете работата или проектите за кои сонувате. За да се снајдете полесно во морето од сајтови, листата ја поделивме во неколку секции:
- Општи сајтови
- Tech & креативци
- Микро проекти
- Пишување и медиа
- Онлајн подучување
- Работа на далечина
- Преведување и транскрипти
Општи сајтови
Upwork (порано позната како oDesk)
Просечниот буџет за кој би ја добиле услугата овде се движи околу $5,000! Не е ни за чудење зошто овој интернет пазар е одлична придобивка не само за оние кои обезбедуваат услуга, туку и за оние кои нудат работа.
Забелешка: Elance.com (претходно еден од најголемите конкуренти на Upwork) сега е во сопственост на Upwork
Freelancer
Најдете или постирајте проекти на оваа платформа за да добиете најдобри понуди од група на најдобри веб дизајнери, автори или хонорарни програмери.
Guru
Еве уште едно место каде може да видите што нуди индустријата со професионалци од целиот свет. Гаранцијата за исплата ја става оваа страница на врвот од многу останати веб страници за хонорарно работење.
People per hour
Врз основа на едноставен систем на давање понуди, може да ангажирате ефикасни хонорарци и да уживате во придобивките од флексибилноста на работата по потреба, истовремено заштедувајќи си пари и време. Маркетинг, право, сметководство, пишување, програмирање се само неколку од најчестите типови на индустрии кои ги покрива оваа страница.
YunoJuno
Уште една одлична страница на која може да најдете хонорарна работа. YunoJuno поврзува хонорарци со работодавачи и обезбедува алатки за генерирање на контакти и фактурирање.
Tech & креативци
Toptal
Toptal е место кое ангажира програмери од (речиси) сите програмски јазици. Нуди програмери од врвно ниво кои се стручни во своето поле. Може да аплицирате за хонорарен програмер и да добиете можност да работите со најдобрите ИТ компании.
99designs
99Designs е местото каде команиите ги добиваат своите логоа, банери и веб дизајн. Дизајнерите секогаш добиваат однапред одредена сума на пари доколку нивниот дизајн е избран.
Envato Studio (порано позната како FreelanceSwitch)
Компанија каде креативците и програмерите од различни полиња може да најдат хонорарна работа од различни делови низ светот. Аплицирајте како провајдер на услуга која ја обезбедувате, и откако ќе ве прифатат ќе може да ја определите и цената на вашата услуга.
StackOverflow Careers
StackOverflow не е само веб страница која нуди решенија, туку и обезбедува листа на работни места за ИТ компаниите ширум светот. За да аплицирате за работа ќе треба да имате Stack Career корисничка сметка (но претходно мора да бидете поканети.)
WPHired
Оние кои работат со WordPress може да најдат можности за работа на WordPress проекти како хонорарци, практиканти или вработени со полно работно време.
Dribbble
Регистрирајте се за Dribbble Pro корисничка сметка и прикажете го ,,Hire me” (Ангажирајте ме) копчето на вашата профилна страница или пребарајте ја табелата со работни задачи кај компаниите кои бараат хонорарни соработници.
Behance Job
Продуктивноста и креативноста одат рака под рака на листата на работни места на оваа веб страница. Оваа ексклузивна страница е позната по тоа што ја претвора креативноста во профитабилни услуги и продукти со кои ги промовирате своите уникатни идеи.
WordPress
Ова е официјалната WordPress табела со работни места каде може да најдете работа во рамки на WordPress екосистемот како развој на додатоци, прилагодување на теми или оптимизација на WordPress-страницата.
Страница за секој професионалец. Откако ќе се регистрирате на LinkedIn, може да почнете да барате работа како хонорарец во областа која ве интересира.
Smashing Jobs
Убав портал за работни места на кој покрај многуте други можности за работа, може да најдете работа во областа на веб дизајнот и програмирањето.
Krop
Krop е веб страница која нуди многу ресурси за напредување во кариерата и нуди работа од далечина за сите креативни професионалци. Независно дали барате работа или сте ловец на таленти, едностаните и можни алатки на Krop се одлични за поврзување на најсјајните умови со најдобрите компании.
MeFi Jobs
Пребарајте и споделете работа со други членови на сајтот и означете го растојанието на вашето работно место од вас, врз основа на географската широчина/географската должина кои сте ги внесле во вашиот профил.
Микропроекти
Fiverr
Сакате да се обидете во водите на хонорарното работење? Обидете се токму тука! Проектите одат за $5 до $10. Ова е одлично место за стекнување на искуство кое може да го додадете во своето лично портфолио.
Coroflot
Coroflot е веб страница за вработување на креативни професионалци: фирми за дизајн постираат отворени работни места, дизајнерите постираат портфолија, а Coroflot ги поврзува.
Пишување и медиа
Problogger Jobs
Оваа страница ќе им се допадне на сите ентузијасти за блогирање и професионални блогери кои сакаат да го истражат потенцијалот за приход од ова забавно хоби. Секцијата за работа на блогот може да ви помогне да најдете неколку хонорарни работи на блог.
Dice
Dice е пребарувач за работа исклучуво во ИТ областа. Ви нуди targeted niche space за да ја најдете токму онаа позиција која ја барате.
Работа на далечина
WeWorkRemotely
Како и што кажува името, ова е страница каде може да најдете работа која може да ја работите од дома или било каде и да сакате. Работите опфаќаат се од дизајнирање и програмирање до функции како извршни директори.
Working Nomads
Working nomads се хонорарци кои патуваат од град во град, од земја во земја, и работат патувајќи. Тие наоѓаат работа од далечина на оваа страница, а работата е од областа на дизајн, програмирање, па дури и менаџмент.
Hirable
Hirable е социјална страница каде хонорарците може да се сретнат со работодавачите. Креирајте бесплатна корисничка сметка, потоа следете ги останатите кои поседуваат исти вештини и стручност како вас. Покажете дека сте состапен за соработка со статусот “Hirable” и доколку не сте истиот може да го замените со “Busy”.
Crew
Crew отвора можности за хонорарци кои сакаат да аплицираат за работа на проекти. Се фокусира на веб дизајн, дизајн на апликации и проекти за креирање на идентитет на бленд.
Gun.io
Gun.io успешно обезбедува хонорарни соработници за компании како Amazon.com, Zappos и LonelyPlanet. За да алицирате како хонорарец во Gun.io, ви треба Github корисничка сметка, полна со одличен код и архива на сработеното, за да се квалификувате.
LocalSolo
LocalSolo е страница на која може да најдете локални хонорарни соработници во многу земји низ светот од различни полиња на стручност: дизајнери, инжињери, автори, луѓе кои работат со фотографии, па дури и аналитичари. Може бесплатно да се регистрирате како хонорарец или работодавач.
OnSite
OnSite е место каде дизајнерите, програмерите и авторите може да најдат можности за работа како хонорарци. Апликантите внимателно се разгледуваат. Откако ќе бидат примени ќе може да ги прикажуваат своите портфолија, да поставуваат цена и да си го организираат времето кога се на располагање.
Folyo
Folyo е одбрана листа на дизајнери кои ви стојат на располагање за соработка. Ги поврзува хонорарците со очекувањата и барањата на работодавачите. Доколку сакате да бидете на листатa, може да аплицирате за дизајнер.
Gigster
Gigster е страница на која компаниите може да најдат тимови на програмери. Компаниите се движат од тукушто основани, па се до компании како Google, Microsoft и eBay. Доколку сакате да работите таму може да аплицирате како Gigster.
HireMyFriend
Персонализирана страница на која пријателите може да си ги препорачуваат своите пријатели за хонарарна работа. Откако ќе ве прифатат, може да креирате анонимен профил и да ги прикажете своите вештини, искуство и работите за кои сте заинтересирани. Заинтересираните компании ќе ве исконтактираат.
Crowdsite
Доколку сте реномиран дизајнер, наспроти натпреварите во дизајн кои ги организират и на кои може да учествувате, може и да преговарате за приватни проекти со клиентите на Crowdsite.
Joomlancers
Joomla професионалците може сега да се радуваат бидејќи оваа страница обезбедува различни аспекти на работа со Joomla. Дојдете и најдете работа која ќе ви го подобри кредибилитетот и ќе ве награди со одлична сума на пари.
GetACoder
Заштедете на трошоци и подобрете ја ефикасноста понудувајќи го вашето програмирање, пишување и дизајн на вистинските луѓе на овој познат online портал за хонорарци.
JavaScript Ninja Jobs
Одлична страница на која може да аплицирате за работа во Америка, Англија, Канада и други развиени земји. Може да најдете работа како програмер, дизајнер и писател.
GigScribe
GigScribe е услуга со претлата која ви обезбедува хонорарни работни места кои ви се на располагање врз основа на вашите вештини и хонорарот по час кој го барате и ви ги праќа по електронска пошта секој ден. Претплатата чини $4 месечно или $3.3 годишно.
Localancers
Localancer е страница на која може да најдете хонорарци во ИТ областа. Клиентите може да ги сортираат хонорарците според локацијата, вештините, временската зона, земјата и цената. За да ве има на листата на хонорарци треба да се регистрирате, а регистрацијата ќе ве чини околу €17.
Sologig
Премостувајќи го јазот помеѓу искусните вработени и квалификуваните работодавачи, оваа страница е позната како страница на која ги има најталентираните во различни индустрии. Може да барате хонорарна работа, но и работа со договор за полно работно време и консултантски услуги.
Authentic Jobs
Креативни веб професионалци може да бараат хонорарна работа или работа со полно работно време и да се поврзат со добро познати имиња во големите индустрии како Sony BMG, HBO, HP, Facebook и многу други.
CrowdSPRING
Она што го прави СrowdSPRING поинаков е што проектот го добивате со вашиот пристап кон него и нивото на креативност, а не со наддавање и натпревар со некој кој има поголемо портфолио од вашето.
DesignCrowd
DesignCrowd е пазар за графички дизајн кој нуди многу можности на креативните за креативните. Компаниите може да постираат барања или да побараат цена за дизајн на лого, дизајн на визит картички, дизајн за рекламирање и веб дизајн
Simply Hired
Овој оnline портал ви овозможува најразлични работи, независно дали сакате хонорарна работа или работа со полно работно време, врз основа на вашата локација, вештини и искуство во полето.
TheShelf
TheShelf е страница каде блогерите и хонорарните писатели кои пишуваат на теми од областа на модата, животот, храната и патувањето, се поврзуваат и соработуваат со брендови.
Bark
bark е пазар за секаков тип на работа, од сликари, до фотографи, па дури и кетеринг. Одлична страница на која луѓето може да најдат локални професионалци. Доколку сте професионалес, во било која област, само регистрирајте се.
Matchist
Matchist им помага на компаниите да ангажираат квалификувани програмери кои живеат во Америка. Доколку сте во Америка, регистрирајте се и станете дел од нивната листа на програмери.
CampusJob
Повеќе наменет за студенти кои бараат привремена работа за да стекнат искуство или да заработат малку. Работните обвски одат од графички дизајн па се до келнер.
AirPair
AirPair е страница на која програмерите може да се сретнат со други програмери и да побараат совет или менторство споделувајќи ги сопствените искуства. Не станува збор за страница за наоѓање на хонорарна работа, но кога имате добра мрежа на познаници, може да очекувате и работа, па и кариера понатаму.
Traction
Traction е страница за маркетинг хонорарци во која се среќавате со брендови и агенции за рекламирање. Ако имате популарен блог, или сте социјално влијателен, може да се регистрирате во Traction како маркетинг партнер и да почнете да заработувате.
Juiiicy
Juiiicy е страница на која може да се регистрирате само по добиена покана. Овде дизајнерите може да аплицираат за работа или да препорачуваат други. Се вели дека некои од дизајнерите заработуваат илјадници долари само преку препорачување на работни места.
Заклучок
Ако порано имавте изговор дека во Македонија не може да се најде пристојна работа, дека од плата не може да се живее, …, сега тоа повеќе не важи. Фриленсингот е светски тренд кој, што побргу го прифатите и научите како функционира, толку подобро за вас. Ако ги имате знаењата и вештините, англискиот го зборувате пристојно, работа со сигурност не само што ќе најдете, туку и ќе си обезбедите многу подобар стандард на живеење споредено со мнозинството македонски емигранти.
Добро е да се знае…
Секој студент на веб академијата Еверест добива, меѓу останатото, дополнителна обука на тема фриленсинг.