Еве уште неколку работи за ваше задоволство. Скролувајте надолу, и ќе најдете неверојатни икони, образци, модели, теми, комплети за кориснички интерфејс, фонтови, алатки за распоред, JavaScript кодови и други алатки за веб дизајн.
Squid InkLine
Пакет линиски икони во векторски формат кои прикажуваат најразлични елементи, и доаѓаат со сет од 100 икони со знаци. Иконите се во PSD, Ai, EPS, PNG и SVG формати.
Знаменитости низ светот
Сет од 18 векторскиикони кои ги претставуваат најпознатите знаменитости низ светот. Иконите доаѓаат во Ai, EPS, PDF, PNG и PSD формати.
Знамиња во Sketch
Комплет од 180 знамиња направени во Sketch формат кои лесно може да се повикаат и постават преку кодирање во Swift .
Inkallicons
Сет од 150 бесплатни икони поврзани со најразлични теми, и изработени во стил со линии. Се карактеризираат со убава текстура и минимални ефекти за реалистичен изглед.
Facebook насловна фотографија
Колекција со образци за насловна фотографија на Facebook кои доаѓаат во PSD формат. Колекцијата ви дозволува да правите креативни распореди со слики, прикажувајќи по повеќе од една слика одеднаш.
Сет на модели со знаци за надворешни локации и фасади
Сет од 5 фотореалистични модели кои прикажуваат знаци и рамки во PSD формат соодветни за надворешни локации. Овие модели употребуваат слоеви со смарт објекти.
Фотореалистични модели на мобилни
Diverse Device Hands е сет на реалистични модели со рачни уреди и чиста бела позадина.
Social Car кориснички интерфејс за Sketch
Social Car UI е концепт за мобилен кориснички интерфејс за транспортни услуги како такси, патувања со кола, следење на пратки и слични бизниси.
Модел на отворена брошура
Модел на печатена брошура кој доаѓа во A4 формат. На моделот се претставуваат предната страница и 2 страници од внатре. Идеален е за демонстрација на брошури или дизајн на списание.
Fancy
Fancy е образец на папки кој се карактеризира со чист, црно-бел дизајн за презентација на професионални и јасни документи. Образецот доаѓа во Ai, InDesign и PSD формати и употребува CMYK боја, што значи дека е подготвен за печатење.
U.S. стандарди на веб дизајн
Оpen source кориснички интерфејс кој се состои од компоненти и упатство за визуелен стил. Се употребува како стандард на веб сајтовите на американската федерална влада.
Stark комплет за кориснички интерфејс
Stark комплетот за кориснички интерфејс се карактеризира со рамен дизајн и доаѓа со повеќе од 200 компоненти и 90 елементи за 10 различни категории соодветни за рекламирање, е-тргување, новински агенции и други.
A1 комплет за кориснички интѕерфејс
A1 е шарен и флексибилен комплет за кориснички интерфејс за мобилни уреди кој се карактеризира со стил на минимален материјален дизајн со мазни прелевања. Ќе најдете 45 екрани, библиотека со 250 елементи и 60 линиски икони.
Facebook IOS9 Light
Facebook iOS9 Light е GUI комплет за iOS9 кој се содржи од PSD и Sketch датотеки со најчестите екрани кај iOS уредите.
Spool комплет за кориснички интерфејс
Сет на кориснички интерфејс за iPhone уреди кој се карактеризира со стил на материјален дизајн. Доаѓа со 6 различни екрани, како листи со песни, мени, пребарување и слично.
Parabola фонт
Parabola е фонтот е со изглед на ракопис и текстура на четка. Доаѓа со карактери за големи букви и нумерички карактери, и неколку акцентуации за поддршка на повеќе јазици.
Hungarian Museum PSD образец
Образец на кој се претставува редизајнираниот концепт на Унгарскиот музеј за етнографија. Овој образец доаѓа за мобилни уреди и за компјутери, а се карактеризира со чист, рамен дизајн.
Webby образец
Webby е образец за веб сајтови на кој има неколку фотографии во прилагодливи мрежи за распоред на страниците, елементи за позадина и мали сликички.
Agron тема
Agron е чиста Sketch тема за веб сајтови, креативни портфолија или блогови. Обезбедени се три прилагодливи верзии.
Ardi тема
Ardi е Sketch тема која се карактеризира со јасен и рамен стил, креативен распоред на страница, и Montserrat и Playfair фонтови за на екран.
Neverland тема
Neverland е WordPress тема која совршено одговара за блогови, кај кои распоредот на страница е претставен во две колони, една за главнаат содржина, и една за страничната лента со простор за големи сликички за секој пост.
Maxima образец
Maxima е одличен Bootstrap образец кој може да се имплементира на деловни веб сајтови, а во себе нуди кошничка за пазарење, картички за е-тргување, лизгач со полна ширина и многу повеќе.
Alabanda тема
Alabanda е веб образец кој може да се употреби за креативно студио, деловни и корпорациски веб сајтови, и портфолија. Овој образец доаѓа заедно со 5 прилагодливи верзии.
Еластичен “повлечи за да освежиш” концепт
CSS еластичен ефект на повлекување за да се освежат вестите на мобилен уред. Се карактеризира со рамен дизајн и анимирана лента за вчитување.
CSS прилагодливи фонтови
Прилагодлива техника на фонтови за текст која воведува нов концепт на прилагодлив текст, задржувајќи го размерот и големината на текстот и пасусите, и прилагодувајќи го според големината на екранот.
CSS & jQuery widget за чет
PSD концепт на widget развиен во CSS и jQuery кој дозолува пренесување на слики и датотеки.
Лизгач за повлекување со паралакса на цел екран
Анимиран лизгач во кој фотографиите во позадина и текстот се лизгаат во различни правци.
Prettify
Prettify е лента за вчитување која, како што се зголемува, го прикажува и напредокот преку поле со совет на екран со проценти и етапи кои се движат од ‘не е почнато’ до ‘завршено’.
CSS анимација со лилјак
Креативна анимација на лилјак во CSS. Совршена е за икона за вчитување на која може да и ја прилагодувате големината, брзината и бојата. Лилјакот, направен од пиксели, изгледа како да се распаѓа и одново составува со секое замавнување на крилјата.
HTML5 сајтови

CosmicJS
CosmicJS е платфрма со содржина која има за цел да го олесни дополнувањето со динамичка содржина на секој веб сајт или апликација, притоа употребувајќи ги придобивките на хостирање во облак.
Otto
Otto е околина за развој на веб апликации која работи на платформа во облак. Развиена е за да може лесно да се контролира со конзистентен работен тек за да ја максимизира продуктивноста.
Генератор на палети со бои за материјален дизајн
Веб апликација со која може да комбинирате неколку бои во пар, и да ги прикажете на генеричка картичка на мобилен екран.
Coolors
Coolors е online алатка која дозволува да генерирате и експортирате палети со шеми на бои во неколку формати заAndroid, iOS, и Adobe Photoshop и Illustrator.
Frontify
Frontify е софтвер кој ви дозволува да креирате бренд, обезбедувајќи ви можност за работа со шеми на бои и типографија.
Cssnano
Сssnano е модуларен минимизатор кој ви дозволува да работите на оптимизацијата на вашата форматирана CSS датотека, така што ќе ја намалите нејзината големина пред да ја поставите на жив веб сајт.
Parse
Parse е апликациска работна рамка која ви дозволува да креирате апликации на неколку различни платформи со 13 SDK за мобилни, десктоп и IoT уреди.
VueStrap.js
VueStrap е JavaScript библиотека која содржи компоненти за Bootstrap, изградена со Vue.js. Нема дополнителни барања и не е зависна од ништо.
Phonon
Phonon е лесна и прилагодлива HTML5 работна рамка за веб хибридни мобилни апликации. Има водач на страница инспириран од Android Activities, а компонентите се направени врз основа на спецификаците за материјален дизајн.
Pagekit
Pagekit е интуитивен, модуларен и флексибилен CMS за креирање на веб страници кој може да го употребите за лични и корпоративни цели, бидејќи нуди неколку различни алатки за управување и работење.
Hoist
Hoist е платформа која ви дозволува да активирате код според настани за да се добијат или објават податоци, па дури и да се повлечат NPM пакети и да се извршат целосно нови задачи.
jQuery lightbox
Едноставен Lightbox на допир кој може да се употреби за мобилни уреди и компјутери. Нуди неколку опции, како брзина на анимација, екстензија на датотека, слоеви и друго.
Dropify
Dropify е jQuery додаток кој ви дозволува да внесувате датотеки со повлекување и спуштање, и да контролирате неколку карактеристики на датотеките кои ги ажурирате, како на пр. максималната големина на датотеката, прикажувањето на пораки и др.
UpUp
UpUp е библиотека која им дозволува на корисниците да се движат низ вашиот веб сајт дури и кога не се online. Тоа е совршено за хотели, авионски компании, туристички агенции и слично.
jQuery DrawSVG
Лесен и едноставен jQuery додаток кој ви дозволува да анимирате SVG патеки. Може да ги контролирате времетраењето, распределувањето, транзицијата, обратната анимација и повратните повикувања.
NativeDroid2
NativeDroid2 е jQuery мобилна тема за андроид која се карактеризира со материјален дизајн, и доаѓа со неколку дополнителни елементи и икони.
Mobile Angular UI
Mobile Angular UI е HTML5 работна рамка за градење на мобилни апликации со Bootstrap и Angular JS.
Motion UI
Sass библиотека која ви дозволува да правите CSS транзиции и анимации со контрола на брзина, размер и неколку видови на лизгање, избледнување, транзиција и повеќе.
Dragula
Dragula е JavaScript библиотека која ви дозволува да прилагодите едноставно повлекување и спуштање.
Chartist.js
Chartist.js е JavaScript библиотека која ви дозволува да креирате прилагодливи и анимирани графикони врз основа на медиа прашалници и SASS.
Photon
Алатник за кориснички интерфејс со компоненти за Electron апликации за уреди на десктоп со HTML и CSS.
Smartcrop.js
Smartcrop.js е JavaScript библиотека која ви помага автоматски да исечете слики во однос на содржината, а притоа да ги задржите пропорциите и содржината на исечената слика.
Проект Accelerated Mobile Pages
Accelerated Mobile Pages е open source проект кој има за цел да ја намали перцепијата на вчитувањето на мобилни уреди, како споро и лошо искуство, преку оптимизирање на содржината која ќе се вчитува само еднаш.
Cropper
Cropper е едноставтен додаток за сечење слики за jQuery. Тој ви обезбедува преглед на исечените слики во неколку големини за да може да ги разгледате исечените секции од сликата.