СПОДЕЛИ
За да станете програмер потребно е истото она кое го правите кога градите било каква друга кариера. Работата е тоа што го одредува успехот, а не талентот. Но, и покрај оваа неоспорна вистина, општеството има погрешна претстава за програмирањето и верува дека тоа е индустрија исклучиво за посебни луѓе, бубалици математички генијалци и неверојатни умови! Овие заблуди ги плашат повеќето луѓе, кои имаат голем потенцијал за успех, и ги одвраќаат од идејата да изградат кариера како програмери. Време е да им ставиме крај на сите погрешни дефиниции. Се надевам дека до крајот на текстот ќе донесете правилна одлука за кариерата во програмирање и ќе почнете да учите за да станете програмер. Откријте ги 5-те најчести митови кои погрешно ја претставуваат оваа профитабилна можност за работа.

МИТ #1: Треба да сум генијалец за да станам програмер

Programming_Myths_v2

РЕАЛНОСТ: Секој може да стане програмер

Софтвер инженерите, развивачите, девелоперите, програмерите, програмските архитекти, како и да ги нарекувате, не се генијалци. Како членовите на било која друга индустрија, нивната стручност се рангира од одлична, до многу лоша. Оние кои се од добрата страна на спектарот, имаат забележителен талент и работна етика, а оние од лошата страна, може да претпоставите. Но, во секој дел од спектарот, добар и лош, има и обични луѓе, токму како нас. За да влезеш во оваа индустрија треба само да следиш една патека, да научиш технологија и теорија, и потоа наученото да го имплементираш преку проекти сé додека не станеш стручњак во областа. Тоа е тоа. Нема некој кому му е повеќе “судено” да стане програмер отколку вам, и обратно.

МИТ #2: Да научиш да програмираш е како да учиш да оперираш!

2

РЕАЛНОСТ: Учењето код е лесно, совладувањето е тешко.

Покрај теорија, се разбира дека мора да научите да програмирате, т.е да пишувате код. Но не грижете се, не станува збор за операција на мозок.

Учењето код за програмирање не е толку тешко како што повеќемина си замислуваат. Во основа, да програмирате, значи да разговарате со компјутерот, но на посебен јазик, како PHP, Javascript, или Ruby. Како програмер, вашата работа е да зборувате со компјутерот и да му давете задачи кои треба да ги изврши. За да изградите веб сајт, компјутерот бара од развивачот да напише листа со инструкции кои одат чекор по чекор, или мини задачи кои се потребни за да се заврши една голема задача. Како и што може да си претпоставите, првичните задачи лесно се опишуваат: “Направи го интерфејсот на мојот веб сајт 1000 пиксели широк!” Но, како што овие основни задачи ќе се зголемуваат во квантитет, и ќе почнат да стануваат покомплексни,оваа листа на мини задачи станува сé потешка и понапорна за следење. Така работи програмерот. Ова е високо софистицирана форма на комуникација помеѓу човекот и компјутерот, која лесно се учи на почетокот, но станува потешка за совладување во подоцнежните фази. Секој кој е нов во програмирањето, секој кој може да комуницира со другите, може и да научи да програмира. Првиот чекор е да се научат посебните јазици кои компјутерот ги разбира.

МИТ #3: Потребно е да имам диплома од факултет за да бидам програмер

РЕАЛНОСТ: Има многу програмери кои немаат диплома

Верувале или не, постои голем број на програмери кои се самоуки и до ден денес, истите немаат земено диплома. Ова е така бидејќи програмирањето е занает, и може да се научи на истиот начин на кој некој може научил да употребува Adobe Photoshop или Illustrator. Се разбира кога тие почнуваат, не може да се програмери или графички дизајнери кои се целосно подготвени, но знаат како да ги употребат алатките кои се неопходни за да се заврши работата. Откако ќе најдат работа, тие градат свое портфолио и го совладуваат занаетот. Ова е токму оној начин на кој самоуките програмери доаѓаат до успехот. Дополнително, многу технологии за програмери како PHP доаѓаат со обемна документација на интернет, и се поддржани од заедницата, што дополнително ви отвора можности за самостојно учење.

Исто така, индустријата за обуки за програмирање и нејзиниот подем докажуваат дека дипломата не е задолжителна за да станете програмер на софтвер. Иако дипломата додава на тежина, не ја намалува вредноста на искуството од обуките. Спротивно на многуте заблуди кои постојат, целта на обуките не е да добиете искуство во програмирање како некој 20-годишно ветеран, што е невозможна мисија, туку да добиете искуство доволно за да може да најдете работа во таа индустрија. Кариерата е еднаква на онаа на еден дипломиран студент по компјутерски науки со 4-годишни студии. Иако, универзитетот е попочитуван од центрите за обука, сепак работносто искуство и портфолиото се оние кои ќе го одредат правецот во кој ќе се движи вашата кариера. Дали мора да имате диплома за да програмирате? Одговорот е јасно и гласно “не”.

МИТ #4: Треба да сум одличен во математика за да бидам развивач на софтвер

РЕАЛНОСТ: Успехот како програмер не е директно поврзан со нивото на знаење на математика

За да бидете програмер со полно работно време не мора да сте талентиран математичар. Не мора да знете како да пресметате пад на ортогонална траекторија за да програмирате. Впрочем, не мора дури ни да знаете што тоа значи. За да научите да програмирате, треба да имате само основни познавања од алгебра и да имате вештина да решавате проблеми. Сето oстанато во однос на степенот на познавање на математика зависи од проектот на кој работите. На пример, ако дизајнирате кориснички интерфејс со front–end работна рамка, единствено што мора да направите е да изброите пиксели, но ништо многу повеќе од тоа. Од друга страна, ако работите на проект кој бара одредена математичка функционалност, тогаш ќе мора да знаете математика. Општо зборувано, нема потреба од напредни познавања од математика за да станете програмер, но ако веќе мора да ја употребувате, тогаш тоа ќе е резултат на барањата на вашиот претпоставен или клиентот, а не барање на професијата во целост.

МИТ #5: Ако го знам ‘најдобриот програмски јазик’ ќе го забрзам процесот на станување на добар развивач

5

РЕАЛНОСТ: Не постои најдобар програмски јазик.

Барањата на еден проект го одредуваат јазикот кој е ‘најдобар’ да се употреби, па дури и тогаш, ќе треба да употребите повеќе јазици за да го завршите проектот. Тоа е така бидејќи многу јазици работат заедно, а не еден против друг. На пример, Javascript историски е front–end јазик наменет за UI развој, а PHP е back–end јазик наменет за back–end развој. Може и да не знаете што значи тоа, но главната идеја е дека споредувањето на јазици е како да се обидете да споредите чекан и шрафцигер. Тие се дизајнирани за различни задачи, но заедно постигнуваат заедничка цел.

Покрај тоа што работат заедно, некои програмски јазици може да се споредуваат и може да обезбедат иста функционалност. PHP може да се споредува со други back–end јазици како Java, Perl, или Ruby. Сепак, ова не значи дека PHP може лесно да се замени со Java, Perl, или Ruby. Слично, мерењето на јазици кои може да се споредуваат е исто како да се обидете да ги споредите кинескиот и шпанскиот. И двата имаат основни заеднички работи, но далеку од тоа дека се исти. Тие имаат многу важни разлики.

Да заклучиме, најдобриот јазик не е тајната состојка во рецептот за да станете развивач на софтвер. Кога ќе се трудите да ја остварите својата идеја, занемарете ја оваа тривијална занимливост и фокусирајте се на пракса, играјте со кодот за да ги научите основите и да добиете основа. Натпреварувајте се во мини лични проекти за да се мотивирате, и на крајот самите ќе одлучите кој е јазикот со кој ќе треба да започнете. Како што ќе напредува вашата способност за програмирање, така ќе учите и други јазици и ќе сфатите зошто не постои ‘најдобар’ програмски јазик во индустријата. За сега, само почнете нешто да програмирате.

МИТ #6: Премногу сум стар/а за да станам програмер

РЕАЛНОСТ: Никогаш не е доцна да се смени кариерата!

Ова е неколку пати побиен мит. Луѓето во оваа индустрија доаѓаат со секакво искуство и од секоја возрасна група. Независно од претходното искуство, кариерата на програмер е отворена за секој кој има такви аспирации. Независно од тоа какво е вашето претходно искуство, патеката која води до кариера во програмирање е отворена за секој кој е наоружан со непоколеблива желба за успех. Нашиот тим се има сретнато со голем број вакви случаи па, ако можеле други да успеат, ќе можете и вие!

Заклучок…

Отсекогаш сте го имале она што е доволно за да станете развивач на софтвер

Сега, откако ја видовте вистината која се крие зад овие митови, се надевам дека успеавте да растргате некои сомнежи и да најдете верба дека може да следите кариера во програмирање. Колку и да звучи како клише, ако вложите труд и време, нема причина да не успеете. Единствено што ви останува е да станете и да го направите првиот чекор. Дали ќе бидете самоук развивач? Дали ќе следите обука на далечина? Или можеби ќе се запишете на факултет? Независно кој е патот кој ќе го одберете, со фокусиран ум и цврсто дефинирана цел сигурно ќе успеете.

Сеуште не сте уверени колку е лесно да се стане програмер?

Не грижете се, сосема ве разбирам. Постојат многу луѓе како вас кои имаат потреба лично да се уверат во нештата, додека други веруваат во се’ што ќе прочитаат или слушнат. Ако можеби се препознавте во текстов и се’ до сега посакувавте да се бавите со програмирање но имавте некој од горенаведените изговори, еве една интересна…

ПОНУДА КОЈА НЕ СЕ ПРОПУШТА!

Со цел да Ве уверам дека програмирањето е полесно отколку што мислевте, Ве поканувам да станете наш гостин-студент и да земете учество во првиот курс од некоја од нашите студиски програми за веб програмери, Front-end девелопер и Back-end девелопер. Пријавете се уште денес и ќе го добиете првиот курс HTML: основи – со попуст од 75%. Се’ што треба да направите е да се пријавите овде.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.