СПОДЕЛИ

Кога станува збор за дизајн, фотографијата е фундаментална алатка која секој дизајн во даден момент ја исползува. Она што сакам да го дискутираме во овој текст не се трендовите во самите фотографии, туку трендовите во начините на кои фотографиите се употребуваат и манипулираат во веб дизајните.

Некои од овие трендови се очигледни и добро познати, а други често се употребуваат, а ретко дискутираат. Сфатив дека кога повеќе од трендовите од иста тема се собрани во еден сет, обично имаме повеќе мислење за темата отколку што би се очекувало. Исто така, се чини дека кога ќе ги видиме трендовите вака споредени еден со друг, откриваме дека пристапот кој го употребуваме не е најдобриот и дека може да го замениме со подобар.

1. Многу големи позадини

Првиот тренд кој сакам да го земеме во предвид е еден од најпопуларните трендови. Подолу ви прикажувам комплет на страници кои употребуваат позадини со големи форографии. Овој пристап буквално се повторуваше и ни здосади на сите, но тоа не значи дека треба да се напушти. Како и сите добри трендови, така и тој си има свое  место. Мојата мисија кога ја пополнував оваа секција со примери беше да најдам сајтови кои не го употребуваат стилот како начин на избегнување на проблемите и нивно решавање на погрешен начин. Сакав да ви покажам сајтови кои го употребуваат овој стил со причина, каде фотографијата во позадина игра моќна улога во пренесување на пораката не сајтот. Имајте го токму ова на ум додека прелистувате низ следните неколку примери.

001002003004

2. Позадини како содржина во предниот дел

Мојот омилен пресврт кај позадините со големи фотографии е паметната употреба на фотографијата и како позадина и како елемент во предниот дел на екранот. Во овие дизајни фотографијата ја пополнува позадината на декоративен начин. Најчесто ова се постигнува со длабочина на поле, каде продуктот или елементот од предниот дел е поставен во фокусот. Мешањето на полињата кои се гледаат дозволува фотографијата да креира чувство на стил, а содржините имааат реална намена во вистинската содржина. Овој предизвик бара планирање и координација со фотографот, но затоа резултатите се одлични.

005006007008009

3. Монохроматски фотографии

Како дизајнери, за нас идејата на уредување на фотографијата во Photoshop за истата да се вклопи во дизајнот не е нешто ново. Овој подсет порадикално ја употребува оваа идеја. Овде дизајнерите ги претвораат фотографиите во монохроматски, особено во варијанти кои не се црно-бели. Иако се чини дека ова е главно стилска одлука, јас мислам дека дава повеќе од тоа. Бојата може да се употреби за да се прилагоди тонот и да се пренесе суптилно значење. Искористувајќи ја моќта на една боја во фотографијата, дизајнерот може да пренесе една емоција во дизајнот. Сината дава чувство на сигурност, стабилност и корпоративност. Црвената е жива и енергична, итн. Кога ја префрлате во монохроматски стил, фотографијата нуди нова комуникација само преку бојата.

010011012013

4. Пригушени фотографии

Овде собрав примери на стил за кој може да кажеме дека е многу популарен, и, ако сме искрени, може да заклучиме дека е моментален тренд кој претерано се употребува. Сепак, кога барав примери од овој стил, открив дека можеби и стилот не е толку популарен колку што изгледа. Овие дизајни се креирани на основа на пригушени фотографии. И покарактеристично од тоа дека фотографиите се избледени е тоа што даваат винтиџ стил. Пристапот често се комбинира со бел текст врз фотографијата (како што можете да забележите во сите 5 примери подолу), и се поврзува со урбаниот стил, хипстер стилот кој беше популарне во последната година. Ме изненади фактот што во секој од приерите кои ги најдов во овој стил, беше употребен слој на декоративно типографско писмо врз фотографијата.

014016017018

5. Фотографии за тон и атмосфера

Како учител, јас често на учениците им зборувам за истите работи повторно и повторно. Една од работите кои многу често ги повторувам е начинот на кој тие ја употребуваат фотографијата. Често, дизајнерите сакаат да ја искористат моќта на некоја декоративна фотографија која не пренесува ништо во однос на содржината на сајтот.  На пример, првиот пример подолу е порфотлио со фотографија од вселената. Не кажува ништо директно за поединецот. Јас имав многу строго мислење за употребата на декоративни фотографии, но откако подетално го истражив тој тип на пристап, мислењето како да ми омекна. И ова е она што ми се допаѓа кога истражувам трендови. Учам и сфаќам дека ми се побиваат некои претпоставки, па успевам да откријам свежи идеи на начини на кои може да се изработи еден дизајн.  Овие примери докажуваат дека една декоративна фотографија може да го постави тонот и атмосферата, и да биде важен дел од успехот на дизајнот. Погледнете ги примерите и видете дали и вие се согласувате со мене.

019020021010

6. Аранжирање и поставување ред

На крајот би сакал да погледнеме неколку сајтови кои се потпираат на фотографии што употребуваат тренд познат како “knolling”. Станува збор за процес на паралелно порамнување на предметите под агол од 90 степени за да се добие чувство на организираност. Овој пристап е екстремен и уникатен стил кој дизанерите поретко го употребуваат. Често овој стил се поврзува со хипстер стилот во дизајнот, но верувам дека зад него стои нешто повеќе. Овие фотографии отсликуваат значење кое оди над содржината на самата фотографија (која знаеме дека има значење). Тие алудираат на квалитетот на оние кои стојат зад фотографијата, сугерираат чувство на ред и подреденост, процес и организација. Сите овие се добри квалитети, особено кога треба да се претстави еден дизајнер или агенција.

024025027

Заклучок

Фотографијата е природна алатка во алатникот на дизајнерите. Се надевам дека набљудувањето на многуте начини на кои се употребуваат фотографиите, како и стиловите кои може да им се нанесат, ве инспирираше. Би сакал оваа скромна колекција да може да ви помогне да добиете свежи идеи кои ќе ве инспирираат и предизвикаат  во она што го работите.

извор webdesignerdepot

Едно прашање, кога сте веќе тука…

Штом го читате ова, претпоставувам дека веб дизајнот или веб развојот е област која ве интересира. Ако досега не сте почнале професионално да се занимавате со веб дизајн или веб развој, дали би сакале да ви помогнеме? Ако сакате да дознаете како да го остварите овој ваш сон, закажете индивидуална консултација.

Највредниот дар кој го поседуваат луѓето е грижата и споделувањето.
Споделете го тоа што го имате, грижете се за тие кои ги имате.

Ако ти се допадна статијава, сподели ја со своите пријатели.
Ќе ги израдуваш и нив и нас.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.