СПОДЕЛИ
Ако размислувате да започнете кариера во веб и сакате да ги направите првите чекори, изработката на вашиот прв веб сајт или блог со WordPress е најлогичниот прв чекор, особено ако сеуште не сте ги совладале HTML и CSS. Една од причините за популарноста на WordPress лежи во тоа што е (релативно) едноставен за користење, не бара никакво програмерско знаење и, можеби најважно од се’, за него постојат огромен број теми со чија помош со еден клик имате готов сајт.
За да го направите својот веб WordPress сајт потребни ви се две работи:
    1. тема и
    2. хостинг.

1. Тема

Како што веќе можеби сте слушнале, постојат бесплатни и премиум теми. За почеток, додека го совладувате WordPress, најверојатно ќе изберете бесплатна тема. Подоцна, најверојатно ќе преминете на премиум теми поради нивните очигледни предности. Ако се прашувате каде да најдете бесплатни теми и што е разликата меѓу бесплатни и премиум теми, прочитајте ја нашата статија Избирање WordPress тема: бесплатна или премиум?

2. Хостинг

Исто како и во случајот со темите, постои бесплатен и комерцијален веб хостинг.
Ако имате сериозна намера професионално да се бавите со веб, ќе мора да изберете премиум хостинг план затоа што со него добивате 24/7 поддршка, тон други можности и конечно, не мора да се грижите за безбедноста на сајтот.
Од друга страна, бесплатниот WordPress хостинг може да ви помогне да започнете да го градите вашиот веб сајт или блог без да потрошите скршен денар. Па, ако сте од оние кои сега почнуваат да ги прават првите чекори, во оваа статија направивме преглед на неколку проминентни бесплатни хостинг провајдери.

1. FreeHostingNoAds

1Насловот кажува се’ – овој хостинг провајдер ви обезбедува бесплатна хостинг услуга за вашиот сајт и притоа нема да ве тераат да поставите било каква реклама на вашиот сајт.

Овој хостинг провајдер ќе ви обезбеди бесплатен под-домен за вашиот сајт кој ќе можете да го користите неограничено без да ве тераат да преминете на премиум пакет.

Со овој хостинг пакет добивате 20 GB простор, 200 GB сообраќај, бесплатни теми, и многу други работи. Исто така ќе добиете бесплатна инсталација на скрипти и сајт билдер за WordPress и други CMS.

2. x10hosting

Ако барате бесплатен хостинг, x10hosting е еден од провајдерите кои би требало да го проверите. Нудат неограничен хостинг со SSD сервери кои можете да ги најдете кај најдобрите премиум хостинг провајдери. Освен тоа, ви нудат целосна веб хостинг сметка и најнови верзии на PHP, MySQL, и cPanel за да управувате лесно со сите параметри на вашиот сајт. Конечно, нивното 10 годишно искуство говори дека би требало да им верувате на нивните услуги.

3. Freehostia

3-freehostia

Freehostia  е уште еден провајдер кој нуди бесплатен WordPress хостинг без реклами. Исто така, ќе добиете бесплатен 1-клик инсталатер за скрипти така што нема да мора да се мачите да го инсталирате WordPress мануелно.

Ќе добиете 250 MB простор на диск, 6 GB сообраќај, хостирање на 5 домена, 1 MySQL база, Control panel за управување со сајтот, 40+ PHP апликации, 99% достапност и 24/7 поддршка.

4. Byethost

4-byethost

Исто како и претходните провајдери, и овој провајдер ќе ви обезбеди cPanel и Softaculous скрипт инсталатер што обично се добива кај премиум хостинг провајдерите.

Заедно со WordPress, ќе може да хостирате и други CMS и скрипти на оваа бесплатна хостинг платформа. Ќе добиете солидно количество на простор и 24/7 поддршка доколку некаде заглавите.

5. Biz.nf

5-biz-nfBiz.nf нуди бесплатна и лесна за користење WordPress хостинг услуга со 1-клик WordPress инсталација и можност за автоматско конфигурирање. Бесплатниот веб сајт билдер ќе ви помогне да го стартувате вашиот сајт веднаш, а ресурсите кои ќе ги добиете се:

  • 200 MB простор на диск
  • 500 MB сообраќај
  • бесплатен домен (.co.nf)

6. AwardSpace

6-awardspace-wordpress-hosting

AwardSpace е уште еден од провајдерите кој освен комерцијалните има и бесплатен хостинг пакет. Во него добивате хостирање на еден домен и три под-домени, без реклами а од ресурси добивате:

  • 1 GB простор
  • 5 GB сообраќај
  • 1 MYSQL база
  • Joomla & WordPress инсталатер
  • 1 Email

7. 100 WebSpace

7-100-webspace

100 WebSpace нуди доживотно бесплатен хостинг сервис за вашиот WordPress сајт. Доаѓа со голема листа на можности како и останатите провајдери а од ресурси ќе добиете:

  • 3000 MB простор за складирање
  • 1 домен
  • 10 под-домена
  • 24/7 поддршка

Заклучок

Горенаведените бесплатни пакети за хостирање се доволно добри за мали WordPress сајтови. Исто така, тие се одлично решение ако сакате да го совладате WordPress, без да размислувате на трошоците на почеток. Штом го инсталирате WordPress, една од првите работи кои најверојатно ќе сакате да ги испробате се темите.

Како што ќе расте вашиот сајт, во определен период, може да почувствувате потреба да го надградите вашиот хостинг. Еверест, во соработка со најголемиот македонски хостинг провајдер МКхост, на сите свои студенти им овозможува попуст од 50% во првата година на нивните редовни хостинг пакети, со кои добивате стабилност, гарантирана брзина и постојана техничка поддршка.

Уште нешто…

Очигледно, за да го направите својот прв веб сајт или блог, ќе треба да го совладате WordPress. Како и за многу други работи, постојат бесплатни туторијали на интернет но тие се најчесто на англиски јазик. Најважно од се’, овој пристап значи дека сте оставени сами на себе и решавањето било каков проблем често пати ќе значи многу време.

Ако сакате во рекордно кус период да го совладате WordPress со поддршка на искусен ментор, нашиот курс Управување со содржини со WordPress е она што ќе ви помогне.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.