СПОДЕЛИ

Сето време работите за да се искачите скалило погоре во корпорациската хиерархија. Подготвени сте за промена во кариерата, но не сакате да се вратите назад. Кој сака да оди од директор на продажба во помлад асистент на продажба? А, јасно ви е дека нема да отидете на позиција од истото ниво во целосно нова кариера. Сепак, тоа не значи дека сакате да започнете од почеток, од самото дно на хиерархиската скала.

Ако правите промена, мора да сте сигурни дека сте во кариера во која добро ќе ви се плати и каде ќе успеете побрзо, па дури и да треба да направите чекор наназад од она каде што сте во моментов.

Добрата вест е дека има многу технички работи кои добро се плаќаат. Да речеме, со шест цифри или многу блиску до тоа.

Иако почетоците и во ИТ индустријата знаат да бидат одлични, сепак тоа може да е удар за вашето его, особено ако се вратите наназад, а немате јасен план која ви е целта.

Затоа, ви даваме листа на седум работни места кои се платени со најмалку  $70.000 (а четири од нив се со просек од $100.000!).

1. Развивач на веб апликации

Просечна плата: $78,568 (според salary.com)

Развивачите на веб апликации го поминуваат денот програмирајќи, поправајќи грешки во кодот и решавајќи проблеми. Станува збор за многу техничка работа која бара одреден сет вештини. Имено, мора да сте одлични во програмирање во Ruby, JavaScript, Python, PHP, и слични на нив. Дополнително, мора да имате искуство во решавање на проблеми и да сте само-мотивиран, особено ако сакате да влезете на позиција од повисок ранг (постарите развивачи на веб апликации заработуваат многу повеќе).

Неопходните вештини кои ги споменавме, во комбинација со силно портфолио, на кое имате неколку добри веб апликации на кои сте работеле, е доволно за да бидете ангажиран.

2. Маркетинг менаџер на содржина

Просечна плата: $81,000 (според Merlin One)

Маркетингот на содржина е целина од два еднакви дела: креативност и наука. Овие менаџери се одговорни за креирање на содржина и стратегија на содржина со која се обидуваат да ги постигнат целите на компанијата. На дневна основа, тие го поминуваат времето со соработниците, креирајќи и уредувајќи ја содржината, промовирајќи ја истата на социјални медиуми и слично. Поседувањето на основни познавања од технички вештини може да ви е од полза, како и искуство во маркетинг, продажба и пишување содржини.

Искуството во пишување на текстови (блогирањето е одлично за да го постигнете ова!) и маркетинг на социјални медиуми, ќе ви даде солидна основа во оваа работа. Ако тоа го искомбинирате со технички и дизајнерски вештини, ќе бидете одличен кандидат.

3. Дизајнер на корисничко искуство

Просечна плата: $96,384 (според UX Designer Salaries)

UX дизајнерите, т.е дизајнерите на корисничко искуство, се грижат за тоа апликацијата да биде лесна за употреба, да е добро дизајнирана и да функционира онака како што се очекува. Нивното работно време поминува во собирање на податоци од корисниците, врз основа на кои работат на унапредување на нивниот продукт и задоволување на барањата на корисниците. Исто така, тие водат сметка за тоа корисниците да може да ги постигнат задачите кои сопственикот на вебсајтот или апликацијата ги има предвидено за посетителите на својот продукт. Ако сакате да бидете дизајнер на корисничко искуство, треба да знаете што ги мотивира луѓето и како може да ја употребите нивната мотивација за да ги постигнете целите на вашиот веб сајт или апликација.

За ова работно место потребно ви е силно портфолио, и доказ дека ја разбирате корисничката психологија и имате искуство во корисничко тестирање.

4. Развивач на мобилни апликации

Просечна плата: $107,000 (според Business of Apps)

Развивачите на мобилни апликации се оние кои ги програмираат апликациите на нашите паметни телефони. Може да специјализираат за креирање на матични апликации, или да употребуваат други веб технологии  (како HTML5 и JavaScript) за креирање на мобилни апликации кои ги искористуваат основните карактеристики и опции на мобилните. Нивната работа е слична на онаа на веб развивачите, само што фокусот е ставен на мобилните.

Она што ви е потребно за оваа позиција е силно портфолио со мобилни апликации на кое сте работеле, и искуство во програмирање во бараната платформа.

5. Продукт менаџер

Просечна плата: $119,000 (според Aha)

Продукт менаџерите се дел од тимот за маркетинг. Тие водат сметка продуктите да се во согласност со целите на компанијата. Преку истражувања на пазарот, донесуваат одлуки околу тоа кои производи треба да се додадат, па токму затоа пожелно е да имаат добри познавања во техничката страна на продуктите. Дополнително, тоа ќе им овозможи подобро да соработуваат со тимовите за развој и дизајн.

Овие менаџери треба да имаат искуство во маркетинг, но и технички вештини за ефективно да работат со останатите оддели кои се вклучени во процесот на креирање на продуктот. Исто така, мора да поседуваат и организациски и лидерски вештини.

6. Дизајнер на мобилни апликации

Просечна плата: $92,700 (според Glassdoor)

Развивачите на мобилни апликации се грижат за функционалноста на мобилните апликации, а дизајнерите за изгледот на мобилните апликации и нивната употреба. Овие професионалци мора да имаат големо познавање во разликите помеѓу мобилните апликации и апликациите за десктоп и веб сајтовите, и мора да знаат како да го оптимизираат корисничкото искуство за на мал екран.

Дизајнерите на мобилни апликации треба да имаат солидно портфолио со апликации за мобилен. Ако имате само неколку “вистински” апликации, за вашето портфолио може да ви помогнат и хипотетичките дизајни, редизајните на постоечки апликации и работата на некои помали проекти.

7. Директор за дизајн

Просечна плата: $134,845 (според Glassdoor)

Директорите за дизајн имаат менаџерска функција и се одговорни за целиот тим на дизајнери. Тие често се задолжени за креативното водење на брендот и се во тесна соработка со тимот за маркетинг. Во некои компании, наместо овој термин се употребува терминот уметнички директор или креативен директор, а во некои пак, сите овие позиции означуваат различни работни места и одговорности. Во секој случај, покрај искуство во областа на дизајнот, директорите за дизајн мора да имаат одлични организациски и лидерски вештини.

Ќе треба да покажете дека имате менаџерско искуство (иако не мора да е поврзано со светот на дизајнот) и згора на тоа, да приложите солидно портфолио во кое ќе прикажете свои парчиња дизајн.

Заклучок

Која и да е професијата во ИТ што би ја избрале, бидете сигурни дека Ве очекува блескава и возбудлива иднина како и одлична плата. Освен тоа, тоа е област во која нон-стоп нешто ново се случува така што никогаш не може да ви биде здодевно.

Доколку размислувате да градите кариера во оваа област, задолжително погледнете ги студиските програми на веб академијата Еверест кои се изведуваат на далечина под водство на ментор.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.