СПОДЕЛИ

Алатките за веб развој напредуваа многу за само неколку години. Благодарение на овој напредок, може да ја употребиме моќта на тестираните библиотеки за да го подобриме работниот тек, и да си дозволиме поголеми можности кога станува збор за прилагодливиот дизајн. И не само тоа, туку може да работиме во соработка благодарение на системот за контрола на верзии. Од додатоци за прелистувач, до процесори кои го преструктурираат вашиот код. Никогаш немало повеќе можности за креирање на неверојатни веб страници. Но со бројот на овие алатки кој се зголемува од ден на ден, да ги најдете најдобрите за она што ви е потребно може да биде тешко. Со цел да ви помогнеме, за вас избравме седум особено важни алатки за front end развој со кои може да почнете.

1. Sublime Text

Да почнеме со основите. Првокласен уредувач на код кој се карактеризира со добро дизајниран, ефикасен и многу брз кориснички интрфејс. Има неколку кои се добри, но несомнено најдобриот (и најпопуларниот) е Sublime Text.

Вешто воден од тим за развој од еден човек, тајната на успехот на Sublime лежи во големата низа на кратенки од тастатурата, како можноста да изведувате паралелно уредување (правејќи ги истите интерактивни измени на неколку селектирани области), навигацијата до датотеки, симболи и редови. И кога треба да поминете повеќе од 8 часа со вашиот уредувач секој ден, овие неколку секунди кои ќе ги добиете од секој од процесите, кога ќе се соберат, значат навистина многу.

2. Chrome Developer Tools

Нели би било супер кога би можеле да го уредувате вашето HTML и CSS во реално време, или да ја дебагирате вашата JavaScript, додека ја гледате анализата на изведба на вашиот веб сајт.

Вградената алатка на Google, Chrome Developer Tools, ви дозволува да го направите токму тоа. Оди во комплет со Chrome и Safari. Таа овозможува развивачите да пристапат до интерните информации на нивната веб апликација. Згора на ова, палетата на алатки за мрежно работење може да ви помогнат да го оптимизирате текот на вчитување, а временската лента подетално ви го покажува она што го прави прелистувачот во секоја од дадените временски точки.

Google објавуваат ажурирања на секои шест недели, па проверете го нивниот веб сајт како и Google Developer YouTube каналот за да останете во тек.

3. jQuery

JavaScript долго време се смета за основен front-end јазик, иако не е без проблеми.  Проблемите со некозистентност кај прелистувачи, комплицираната и не многу пристапна синтакса значеа и проблеми со функционалноста.

Така беше до 2006, кога на сцената се појави jQuery. Брза, мала JavaScript библиотека за повеќе платформи чија цел е да го поедностави front-end процесот. Апстрахирајки голем дел од функционалноста, која обично програмерите самите треба да ја решат, jQuery дозволи поголема можност за креирање анимации, употреба на додатоци, или дури навигација низ документите.

И очигледно е дека е успешен. jQuery беше најпопуларната JavaScript библиотека за 2015, со инсталација на 65% на врвни 10 милиони сајтови со најголем сообраќај на веб.

4. GitHub

Кошмарот на секој програмер е да работи на нова опција и да направи глобален проблем. Затоа, употребете систем на контрола на верзии, или поточно GitHub.

Надополнувајќи го сопствениот проект со оваа услуга можете да ги прегледувате измените кои сте ги направиле, па дури и да се вратите во претходната состојба, со што правењето непоправливи грешки станува минато. Услугата за хостирање на архиви може да се пофали со огромна open-source заедница за развој, правејќи го соработувањето на проекти лесно. Обезбедува и други компоненти, како следење на багови, барање на опции, работење на задачи и целосно управување со проектот.

Многу работодавачи бараат добри Git вештини, па сега е најдобриот момент да се приклучите кон заедницата и да се регистрирате, а за возврат ќе добиете можност да учите од најдобрите преку низа open-source проекти на кои може да работите.

5. Twitter Bootstrap

Ви се здосади да го пишувате истиот стил за еден елемент содржател? Што е со копчето кое се појавува? Откако ќе почнете редовно да работите на front-end апликации ќе видите дека некои работи се повторуваат, следат шема.

UI работните рамки се обид да се решат проблемите преку апстрахирање на најчестите елементи во модули кои може одново да се употребуваат. Тоа значи дека развивачите може да ги направат основните елементи на една апликација брзо и лесно.

Најшироко употребуваната работна рамка е Bootstrap, обемен UI пакет развиен од тимот на Twitter. Во комплет со алатки за нормализирање на листите со стилови, градење модални објекти, додавање JavaScript додатоци и мноштво други опции, Bootstrap може сериозно да ви ја намали количината на кодот и времето кои се потребни за креирање на проектот.

6. Angular.js

HTML обично е камен темелник на алатникот на секој front-end развивач, но има еден недостаток: не е дизајниран да работи со динамички прикази.

Овде на сцена доаѓа AngularJS, open-source работна рамка за веб апликации. Развиена од Google, AngularJS ви овозможува да ја проширите HTML синтаксата на вашата апликација, што резултира во поекспресивна, почитлива и побрза околина која поинаку не бе можело да се изгради само со HTML.

Проектот не е без недостатоци. Некои мислат дека овој вид на поврзување на податоците придонесува за натрупан, неподелен код, но сепак веруваме дека ова е една од вештините кои се непроценливи во алатникот на front-end развивачите.

7. Sass

Една од првите работи кои треба да ги научите за програмирањето е дека вашиот код не смее да е DRY (“Don’t Repeat Yourself”- Не се повторувај себе си). А, втората работа која ќе ја сфатите е дека CSS обично многу се повторува.

Влезете во светот на CSS претпроцесорот, алатката која ќе ви дозволи да напишете код кој лесно се одржува, и е компатибилен нанапред,а притоа намалувајќи ја количината на CSS која треба да ја напишете, без да се повторувате.

Најверојатно најпопуларната меѓу нив е Sass. Станува збор е осумгодишен open-source проект кој го дефинираше жанрот на модерните CSS претпроцесори. Иако потежок за учење, неговата комбинација на варијабили, вгнездување и мешање визуелно ќе обработи едноставно CSS откако ќе се компајлира, што значи дека вашите листи со стилови ќе бидат поразбирливи, полесно ќе се читаат и (најважно) ќе бидат DRY.


Ако сте заинтересирани да станете Front-end девелопер (развивач) но не знаете од каде да почнете, погледнете ја студиската програма на веб академијата Еверест.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.