Дизајнерите ги кршат бариерите и преминуваат на глобално ниво со своите дизајни. Еден од најдобрите начини за да го прикажат талентот е портфолиото. Секој дизајнер задолжително мора да има барем едно портфолио на интернет, ако сака да ја однесе својата кариера едно ниво повисоко. Од портфолиото, клиентите полесно може да ги погледнат вашите предности наспроти она што го нудат другите хонорарци.
Ако немате портфолио затоа што не знaете да програмирате, тоа повеќе не е проблем. Постојат многу платформи на интернет кои ви дозволуваат да си изградите сопствено портфолио само за неколку минути. Нема потреба од никакво програмирање. Ова се добри вести. Сега имате една работа за која не треба да се грижите и имате повеќе време за да се фокусирате на своите клиенти и да се подобрувате.
Еве 8 платформи на интернет кои може да ги употребите за да креирате сопствено портфолио.
1. Carbonmade
Carbonmade е еден од најдобрите сајтови за портфолио кои ви се на располагање во моментов. Ви дозволува да ги прикажете ремек делата од вашата работа со флексибилен интерфејс кој лесно се употребува. Carbonmade му нуди на корисникот две опции: бесплатна и со плаќање. Бесплатната опција е ограничена со сметка која ви дозволува да прикачите само 5 проекти и 35 слики.
Пакетот кој се наплатува ви нуди многу возбудливи услуги, почнувајќи од врзување на домен, преку видео и flash проект, до техничка поддршка за 12 долари месечно. Carbonmade навистина ја олеснува работата за дизајнерите кои немаат HTML вештини.
2. Wix
Wix е бесплатна платформа за креирање веб сајтови која вреди да се проба. Особено е добра за дизајнери кои немаат знаење во веб развој, и кои не знаат да програмираат. Во неа ги има сите непходни алатки кои ви се потребни за да изградите моќно присуство на интернет.
Лесно се употребува: уредувачот со опцијата повлечи и спушти ви овозможува лесно да креирате неверојатно портфолио, алатките за споделување, кои вè поврзуваат со можностите на социјалните медиуми, ви го олеснуваат рекламирањето, и стотиците образци за веб сајтови кои се прилагодливи за да може да одговорат на вашите дизајнерски потреби, се одлична основа.
3. Dribbble
Dribbble е заедница за дизајнери, илустратори и веб развивачи во која се споделуваат снимки од екранот од проектите на кои работите. Им дава на корисниците можност да споделуваат мислење за работата на другите дизајнери, пред таа да стане јавна. Нивниот интерфејс е визуелно привлечен и едноставен.
Интегрира модерен распоред кој го зголемува ангажманот и споделувањето, и ви ја подобрува шансата да бидете вработени. На Dribbble, може да се зачлените како кандидат и со тоа ќе ви се овозможи да ја споделувате вашата работа, или може да се регистрирате со корисничка сметка и да барате дизајнери кои би ги ангажирале.
4. Behance
Behance е платформа на интернет на која може да ја прикажете вашата креативна работа со што ќе ја направите попристапна за другите дизајнери да ја рагледаат. Behance привлекува милиони посетители месечно, дел од кои се заинтересирани да вработат талентирани и креативни хонорарци.
Нивната синхронизација со Prosite, бесплатна платформа за креирање на веб сајтови, ви озвозможува, многу брзо и без мака, да изградите портфолио на интернет. Интегрира неколку важни алатки, како уредувач со повлечи и спушти опција, прилагодувач на фонт (TypeKit), Google Analytics и споделување на социјални медиуми. На него може да го креирате и уредувате вашиот веб сајт без да мора да програмирате.
5. DeviantArt
DeviantArt е одлична уметничка заедница која има милиони прегледи на страниците месечно. Не е за изненадување тоа што се смета за најпопуларна заедница на интернет за дизајнери кои го посветуваат своето време на уметност и дизајн. Креирањето портфолио на deviantArt е брзо, лесно и не бара вештини за html кодирање.
Нуди два пакети: може да изберете бесплатна или премиум опција. Покрај хостирање на неограничен број на протфолиа и слики, премиум пакетот нуди личен домен (вашетоиме.com), а бесплатната опција е ограничена на само 100 прикачени слики на (вашетоиме.daportfolio.com) име на домен.
6. Coroflot
Coroflot не е само уште една платформа на интернет за покажување на вашите вештини, туку е и сајт на заедница, изградена од дизајнери за дизајнери кои сакаат да ја покажат својата работа и да ги претстават своите најдобри дела.
Coroflot има интерфејс кој лесно се употребува и кој им овозможува на членовите да споделуваат проекти со светот, да се претплатат за известувања за работа, да следат други креативни дизајнери и да добиваат известувања за нивните нови проекти.
7. Bleidu
Bleidu е платформа на интернет за дизајнери, уметници, фотографи, илустратори. Сите тие може да ги искористат придобивките од овој бесплатен сајт за да креираат сопствено портфолио. На корисниците им обезбедува многу дизајни и опциони веб страници како Галерија на портфолио, HTML содржина, резиме и креирач на форми.
Секоја работа од развојот е завршена за вас, а вие треба само да креирате корисничка сметка, и да ја закачите својата работа.
8. ViewBook
Кога станува збор за креирање на убави и јасни мобилни портфолиа на интернет, ViewBook е една од најдобрите платформи која ќе ви помогне за тоа. Viewbook е наменет за креирање на портфолиа со природен и едноставен дизајн, и со одлични галерии.
Со корисничка сметка во Viewbook треба само да ја прикачите вашата работа, и потоа да ја организирате. Прилагодливите фонтови, дизајни и бои се само неколку од опциите кои ќе ви помогнат со креирањето на вашето портфолио.