Нема сомнение дека изборот на фонт игра голема улога во дизајнот на една веб страница. Поминати се неколку години откако Оливер Рејченстаин го вознемири светот на веб технологијата тврдејќи дека, бидејќи 95% од вебот е составен од пишан текст, веб дизајнот е 95% типографија. Денес, со модерниот минималистички тренд на дизајн кој сѐ повеќе се шири, изборот на фонт е главната карактеристика на многу од страниците. Сега со ултра-корисните веб фонтови многу е лесно да ја исползувате моќта на типографијата за да ја однесете вашата веб страница на повисоко ниво. Но, како да се пробиете низ океанот од веб фонтови за да ги најдете токму оние кои се соодветни за вашата страница? Искусниот дизајнер на Скилкраш, Аиша Суто-Маиор, се занимава со оваа дилема секој ден и овде со вас ќе ги сподели нејзините омилени комбинации на бесплатни Google веб фонтови и причините зошто и се допаѓаат.
Доколку ви треба помош за да направите сопствени комбинации, превземете ја од интернет бесплатната листа “Perfect Font Pairings” (Совршени парови на фонт), а потоа почнете да дизајнирате!
Еве ја листата на Аиша:
1. ROBOTO SLAB И OPEN SANS
Според мене овој пар е чист со благ пресврт во карактерот. Јас ја употребувам оваа комбинација за страници кои бараат мала варијација во фонтот без тоа да предизвика голема визуелна разлика. Не е стандарден пар на фонт, нели?
2. RALEWAY И ROBOTO
Проблематично е кога треба да ставите во пар два sans-serif фонтови кои изгледаат доволно различно без тоа да изгледа како грешка. Raleway има фин карактер во себе, додека Roboto е подобар кај поситни букви бидејќи дава подобра читливост.
3. LORA И SOURCE SANS PRO
Овој пар е елегантен и модерен. Lora ја има сета елеганција на еден serif фонт без да е премногу традиционален, додека source sans pro е читлив кај поситни букви и обезбедува контраст.
4. MERRIWEATHER И OPEN SANS
Овој пар дава дури и појак контраст од Lora и Source Sans Pro—бидејќи Open sans е полесен, а Merriweather има посилни линии од Lora, со што и дава модерен изглед на оваа комбинација. Serif може да е модерен кога се употребува точно и во соодветна количина.
5. DANCING SCRIPT И LEDGER
Script фонтовите ретко се избираат бидејќи многу тешко може да се спојат со друг фонт без тоа да изгледа неточно и кич. Dancing Script во соодветна количина може да се употреби на поженски страници-најверојатно страница или блог за мода- и прави одлична комбинација со Ledger, кој е читлив за тело на текст и додава нота на традиционалност.
6. SANSITA ONE И KAMERON
Оваа комбинација ме тера да се смеам. Разиграна е, со силен карактер благодарение на меките, но силни карактеристики на Sansita. Kameron, покрај тоа што е читлив, има и добар карактер кој е поразигран и е одлично надополнување на Sansita One.
7. QUANDO И JUDSON
Quando, самата буква “Q” ме освојува. Фонтот Quando е како раскажување на приказна за мене и одлично функционира кај страници за литература. Judson е serif фонт со повеќе карактер и е помек. Неговото заоблено О и извиткано С се одличен пар со оригиналните и ексцентрични детали на Quando.
8. MONTSERRAT И DOMINE
За нови страници кои бараат модерен пресврт, ова е одлична идеја. Имате еден силен sans-serif фонт за заглавјата и еден serif за текстот.
Инспириран?
Ако си самоук дизајнер и досега не си посетувал формална обука за дизајн а имаш желба за стручно усовршување во слободно време, погледни ги нашите курсеви за веб дизајн и UX дизајн.