Да разјасниме една работа: ако научите да програмирате ќе ви се отворат многу можности и ќе имате големи придобивки. Ќе можете да учите од дома, ќе бидете барани на пазарот на трудот и ќе ви биде забавно.
Постојат многу програмски јазици од кои можете да избирате, и јас лично не верувам дека тие се конкуренција еден на друг. Сите јазици се креирани со одредена причина, напредувале и придонеле на еден или друг начин за напредокот на технологијата. Споредувањето на нивната важност ги побива причините за создавањето на јазиците.
Секој од јазиците си има свои јаки и слаби страни. По мое мислење, одличен јазик кој треба да го знаете е Java. Причините за тоа може да ги сумирам во само една реченица: Java е зрел јазик. Тоа не’ води до:
1. Многу информации
Заради долгото постоење на Java, скоро секое прашање кое може да го замислите веќе било прашано, одговорено, индексирано и демократски усовршено преку гласови на интернет. Навистина е скоро невозможно да загалвите на интернет пребарувајќи проблем за програмирање во Java без да добиете решение.
2. Неверојатен сет на алатки
Java има богата API, и одличен open source екосистем. Постојат алатки и алатки за сé што би сакале да направите. Има и одличен процес кој се води од заедницата и кој обезбедува напредок во вистинската насока.
3. Софтвер кој предводи по примери
Java е објектно ориентиран јазик. Внатрешно ги поддржува сите најдобри практики на објектно ориентираниот дизајн и советува да ги следите и научите истите. Промовира точна употреба, а многу од документираните Дизајн модели употребуваат Java како јазик де факто. Разбирањето на дизајн моделите може да ве доведе до код кој полесно се одржува.
4. Неверојатни уредувачи
IDE околините за развој кои ви се на располагање за Java се фантастични. Заради неговата карактеристика на јазик во кој строго се дефинира типот, тие не само што ќе ве известат за сите грешки, туку и ви даваат предлози, со јасни објаснувања, за тоа како да го преформатирате кодот. Откако ќе почнете да ги употребувате овие околини за равој, ќе се прашувате како некогаш воопшто сте успевале да работите без нив.
5. Сеприсутност
Java управува со сé што можете да си замислите. Во него завршуваат најголемите апликации заради неговата скалабилност, стабилност и лесно одржување. Во моментов заедницата на Java се обидува да го наметне како лидер на IoT (Internet of Things). И тоа се случува. Многу брзо. Во блиска иднина вашиот будилник автоматски ќе го вклучува вашете електрично ѓезве, а во позадина најверојатно ќе работи Java.
6. Многу работни места
Има огромен број на отворени работни места кои чекаат на вас заради сеприсутноста и многуте употреби на Java. Многу различни сектори го прифаќаат јазикот, па со леснотија ќе можете да најдете работа според вашите интереси.
7. Android
Сите Android апликации се напишани во Java. Ако научите Java, можете да ги објавите апликациите за кои отсекогаш сте мечтаеле дека ќе ги развиете.
8. Лесен за учење
Java е јазик со многу зборови, што на почетокот се чини како недостаток, но откако ќе ги совладате основите, многу полесно ќе можете да ги научите напредните концепти, затоа што јазикот е многу експлицитен. Дополнително, на пазарот се нудат различни курсеви кои ќе во воведат во овој моќен јазик.
Што чекате? Време е да научите Java. Почнете од овде.