СПОДЕЛИ

“Се разбира. Мора да изгледа добро на мобилен.”

Бев при крај со состанокот со еден сосема нов клиент и требаше да го завршиме нашиот видео разговор. Скоро цел час правевме план за тоа што точно треба да има на неговата страница: Twitter feed, страница на која ќе ја прикаже неговата хонорарна работа, па дури и опција која ќе им олесни на неговите клиенти да резервираат некоја услуга.

На крајот од нашиот разговор, тој го додаде и мобилниот дизајн. И ова не ми се случува прв пат. Често пати, на крајот од разговорот се сеќаваат да ми побараат и одличен мобилен дизајн за нова веб страница.

Ние очекуваме страниците да изгледаат подредено на нашите телефони, таблети и ТВ екрани – и тоа има логика! Луѓе, па ова е 2017!

Но кога размислуваме за нашата веб страница, ја замислуваме прво како се прикажува на монитор од компјутер или лаптоп екран, па дури потоа на мобилен уред, наместо да е обратно.

Дали знаете дека скоро 7 милијарди луѓе во светот (95.5%!) имаат мобилна претплата (Mobiforge)? Во 2014, 60% од прегледите на страници доаѓаат од мобилни уреди. Сѐ повеќе луѓе прегледуваат страници на нивните мобилни уреди, а сѐ помалку на десктоп мониторите. (Small Business trends)

Токму затоа логички гледано, приоритет треба да ви биде да направите убиствено добра мобилна страница. Мобилната верзија на страницата може да ви донесе подем во работата. Размислете. Доколку посетите нов град, откако ќе ги пребарате на Googlе ресторанчињата во близина, дали ќе го посетите Италијанското кафуле со лесно за навигација мени и контакт информации, или слаткарницата со мобилна страница која се вчитува за 5 минути и го има најситниот фонт било кога виден?

Одлично! Значи, мобилниот дизајн е многу важен. Ако сте нов во кодирањето, креирањето убава и функционална мобилна страница сигурно ве плаши. Но, не мора да е така! Пред сѐ, ако сте корисник на мобилни уреди, вие сте идеален клиент – и вие знаете што е она што ви прави задоволство кај мобилна страница (и она што истата ја прави кошмар).

Сепак би ви било од помош да имате некој показател за да знаете од каде да почнете. Овде ви се прикажани 8 елементи на одличен веб дизајн кои мора да ги имате на ум секогаш кога креирате мобилна страница.

1. ГОЛЕМИ КОПЧИЊА

Никој не сака да се чувствува како да има предебели прсти. Има ли нешто пофрустрирачко од тоа да се обидувате и да не успевате да кликнете на некое копче? Големите копчиња ги водат корисниците кон целта, па ако сакате некој да купи нешто од вашата страница едно големо “Купи сега” копче би имало логика, додека ако корисниците треба да нарачаат нешто, привлечете им го вниманието со копче ”Нарачај сега” .

2. МИНИМАЛИЗАМ

Кога корисниците посетуваат мобилна страница, тие немаат потреба да ја видат целата содржина на вашата страница. Најдобрите мобилни страници ја сведуваат содржината на страницата на нејзината минимална форма. Ставете ги само најважните работи на кои сакате корисниците да се задржат, а останатото скријте го (независно дали на десктоп верзијата или во хамбургер копче или во лизгачки менија).

3. НЕГАТИВЕН ПРОСТОР

Полесно е да го најдете она што го барате доколку има многу празен простор. Најдобрите мобилни страници не го исполнуваат секое ќоше од екранот, туку оставаат празен простор за да ги прикажат важните опции (како копчиња!).

4. ИНТУИТИВЕН ДИЗАЈН

Повеќето корисници на смарт телефони се навикнати на функции како лизгање на десно за да одат на следна страница, или двојно потчукнување за да зумираат. Одличните мобилни дизајнери ги искористуваат овие интуитивни начини на интеракција со уредот.

5. ЛОГИЧЕН ТЕК

Кога посетувате мобилна страница, обично имате одредена цел. Најдобрите мобилни страници вклучуваат неколку логични патеки кои корисниците може да ги следат, така што на пр. ако некој ја посетува страницата за да најде телефонски број, би му требале само неколку очигледни чекори за да го најде.

6. ИНТЕГРИРАН

Мобилните корисници обично имаат повеќе отворени апликации од веб пребарувачите. Тие брзо се движат помеѓу социјалните медиуми, електронската пошта и апликацијата за камера, на пример. Најдобрите мобилни дизајни на корисниците им го олеснуваат префрлањето од страницата на надворешна апликација како Twitter или Calendar, да речеме.

7. ЛЕСЕН ЗА НАВИГАЦИЈА

Мобилните екрани се мали и движењето по нив е многу поразлично од кликање на копчиња со глувчето. Најдобрите распореди на мобилните дизајни им овозможуваат на корисниците лесно да се движат низ страницата преку употреба на интуитивни движења (како лизгање или потчукнување) или преку стрелки и менија кои го водат корисникот низ страницата.

8. БРЗ

Видете, мобилните корисници секогаш се во брзање. Најдобрите мобилни страници не се натрупани со премногу информации. Корисниците не сакаат да чекаат додека една голема, преоптоварена страница се вчитува. Затоа, немојте да дозволите големините на датотеките со слики да ви се огромни и секогаш оптимизирајте го CSS.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.