СПОДЕЛИ

Ако употребувате социјални мрежи како Facebook или Twitter, сигурно сте биле жртва на безмилосниот напад на реклами кои промовираат WYSIWYG (она што го гледаш е она што го добиваш) развој на веб сајтови. Не зборувам за апликациите од типот на DreamWeaver, туку за хостирани апликации за правење на сајтови кои нудат повлечи и спушти системи, пополнети со однапред дефинирани образци.

Може лесно да си помислите дека ова е одлична идеја, бидејќи овој тип на системи би требало да ви заштедат време и труд, но реалноста е малку поинаква. Еве неколку од причините зошто е подобро вие самите да испрограмирате сé.

1. Задржувате 100% контрола врз вашиот сајт и местото каде што тој се хостира

Страниците кои се креираат на апликации за правење сајтови остануваат на истата апликација. Не постои лесен начин да ги префрлите од таму, бидејќи изворниот код на вашата страница се преведува во мета податоци. Многу слични услуги работат на овој начин. Ова значи дека ако одлучите да се префрлите на друга платформа за хостинг, ќе мора да ја реконструирате страницата и функционалностите кои таа ги содржи.

2. Бесплатните WYSIWYG сајтови не се навистина бесплатни

Што очекувавте? Проблемот е тоа што, ако не сакате да обезбедите бесплатна услуга за рекламирање на услугата со која сте го изградиле вашиот сајт, или ако не сакате да имаат никаки ограничувања во однос на тоа што можете да направите со сопствениот сајт, ќе мора да платите дополнително, а цената е повисока отколку што би очекувале за обично хостирање.

3. Вие правите вашите клиенти да мислат дека не сте неопходен

Ако градите веб сајтови за други луѓе, последната работа која треба да ја направите  е да промовирате сајтови кои поттикнуваат DIY (направи сам) пристап. Вие тука јасно изјавувате дека тие залудно би си ги трошеле парите ангажирајќи ве вас, кога истото може да го направат и сами.

Повеќето клиенти не можат и не знаат да направат веб сајт, но ќе добијат впечаток дека би можеле. Тоа е опасно, бидејќи во суштина значи дека интернетот ќе е преполн со навистина лоши веб сајтови. Една од интересните работи е тоа што клиентите секогаш забележуваат недостаток (измислен или реален) во нешто што вие ќе го креирате и го употребуваат истиот за да ви го направат животот пекол, но затоа никогаш не успеваат да ги забележат огромните и вистински недостатоци на она што самите ќе си го креираат.

4. Го разбирате сопствениот код

Ако знаете да програмирате, пишувањето нов код и не одзема повеќе време од краирањето на сајт употребувајќи нешто што некој друг го напишал. Понекогаш може да ви треба и помалку време. Ако не сте добар во програмирање, а продавате веб сајтови, тогаш можно е да сте на погрешен пат во својата кариера.

Кога употребувате готов код, мора да посветите време за да најдете начин на кој би го интегрирале истиот, и потоа да му ги додадете финесите согласно она што сакате да го постигнете. Во некои случаи, може и да не разбирате сé од она што ви го нуди софтверот за правење сајтови, па да направите нешто непосакувано. Во најлош случај, може да направите работи кои ќе наштетат на вашиот сајт, а за кои вие воопшто и нема да бидете свесни.

Друг проблем може да се случи кога кодот на самиот софтвер има грешка или недостаток. Тогаш ќе треба да потрошите многу повеќе време откривајќи и средувајќи го проблемот, отколку што би ви било потребно за истото, ако тоа е ваш сопствен код. Истото важи и кога сакате да додадете нова функционалност или да го смените начинот на кој работи сајтот.

Не велам дека никогаш не треба да употребувате надворешни материјали и материјали од трета страна, затоа што постојат навистина одлични работи кои слободно можете да ги употребувате. Но секогаш мора да сте свесни дека кога ги инкорпорирате тие елементи во вашиот дизајн, ги прифаќате и ризиците, и можните компликации кои би дошле со нив. Затоа секогаш избирајте мудро!

5. Вашиот код речиси секогаш е поефикасен

Тие WYSIWYG сајтови додаваат дополнителна комплексност на вашиот дизајн. Погледнете го изворниот код на било која програма за креирање на сајтови, и ќе видите многу чудни мета податоци кои содржат стотици URL инструкции. Ако е бесплатен сајтот, обавезно ќе имате додадено неколку реда код за задолжително рекламирање.

Имањето толку многу URL адреси упатува на голема зависност од надворешни компоненти. Ова ја зголемува шансата вашиот сајт да биде технички неуспешен. Помалку значи повеќе, и секогаш мора да се обидувате да ги задржите работите колку што е можно полокално, за да не се грижите за проблеми со зависност.

6. Вашиот код секогаш е побезбеден

Ова е очигледно. Вашиот код не е предодреден да биде посигурен од оној на сајтовите кои нудат вакви услуги, па дури може да биде и полош, но услугите за правење сајтови го употребуваат истиот код за сите сајтови, па затоа се и мета на напад. Статистиката овде вели вреди да се хакира секој образец направен од сервис за правење сајтови, но не и вашиот самостоен код.

7. Лесно е да правите измени во сопствениот код

Сакате да поместите компонента во вашата структура на директориум за да ја направите побезбедна? Сакате да употребите прилагоден PHP код за да преведете или кодирате нешто? Сакате да направите нешто интересно со вашата база на податоци? Кога пишувате сопствен код, немате ограничувања на она што можете да го правите. Вие буквално сте господар на вашиот код на веб!

8. Вашиот код е оригинален

Дали имате забележано дека многу веб сајтови се многу слични? И повремено, ќе наидете на два-три сајта кои се премногу слични еден на друг. Ете, тоа е проблемот на дизајнот кој се базира на образци.

Нема ништо лошо во образците ако соодветно ги прилагодите и ги претворите во нешто навистина оригинално, но голем број на луѓе се чини дека се премногу мрзливи за да го направат тоа. Резултатот од недостаток на труд е помалку корисници за вас (или вашиот клиент) заради фактот што тие нема да го гледаат вашиот сајт како сајт кој може да понуди нешто уникатно и единствено.

9. Кога самиот пишувате код вие се развивате како програмер

Сите предизвици со кои ќе се соочувате, и ќе ги надминувате, при креирањето на сопствен веб сајт, што главно ќе се базира на вашиот труд и знаење, ќе ве направат подобар програмер. Ќе стекнете поголемо искуство, што значи дека со текот на времето ќе станете подобар во програмирањето, па ќе работите посамоуверно.

Ете, тоа е тоа. Девет причини зошто не треба да се потпирате на WYSIWYG премногу, па дури и воопшто. Пишувањето код ќе ве награди на многу начини, и како што ќе станувате подобар, ќе откриете дека тоа ви го заштедува времето кое би го потрошиле обидувајќи се да ги разберете туѓите образци, туѓите WYSIWYG системи и туѓиот изворен код. Дополнително, тоа ќе ви даде целосна контрола врз хостирањето на веб сајтот, името на вашиот домен и придобивките од вашата работа.


Сакаш да станеш вистински веб девелопер?

Очигледно, WordPress е одличен прв чекор кој ќе ви помогне да ја почувствувате убавината на првите заработени пари од правењето веб страни. Но, верувајте, она што гарантирано ќе ви се случи е што вашите клиенти веднаш ќе почнат да ви поставуваат барања (за кои исто така се подготвени да платат!) на кои нема да можете да одговорите со вашите знаења од WordPress. Затоа ќе мора да ги засукате ракавите и да научите нешто повеќе.

Без оглед на тоа дали ќе изберете да се занимавате со Front-end, Back-end, веб или UX дизајн, веб академијата Еверест има програми за студирање на далечина со помош на ментори кои можете да ги започнете било кога, без уписи и чекање на почетокот на академската година.

Највредниот дар кој го поседуваат луѓето е грижата и споделувањето.
Споделете го тоа што го имате, грижете се за тие кои ги имате.

Ако ти се допадна статијава, сподели ја со своите пријатели.
Ќе ги израдуваш и нив и нас.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.