Дома Кодирање Топ 9-те најпопуларни програмски јазици

Топ 9-те најпопуларни програмски јазици

1664
0
СПОДЕЛИ
GitHub е број 1 на веб. Со него развивачите низ целиот свет може да споделуваат и менуваат код. Некои дури го нарекуваат и “Facebook за програмери”  со листа на компании од Силиконската долина кои бараат апликантите да го вклучат и својот GitHub во нивното резиме.

Тоа значи дека GitHub е одлично место на кое може да откриете кој од многуте програмски јазици е најпопуларен, особено заради фактот дека познавањето на еден од бараните програмски јазици е одлична вештина која може да ви помогне во оваа ера на технолошка трансформација.

Без да должиме премногу, во продолжение ви ги претставуваме најпопуларните програмски јазици на GitHub.

Бр. 9 — C: Оригиналниот C, кој е креиран во 1972, сé уште е неверојатно популарен. Не само што работи на секоја платформа која било кога била произведена, туку е и многу стабилен и познат меѓу програмерите ширум светот. Во 1978, легендарното и широко-почитувано упатство за овој јазик, под наслов “The C Programming Language,” беше за прв пат испечатено и имаше 800 страници.

Бр. 8 — C#: (се изговара “C-sharp,”) е уште една варијанта на оригиналниот програмскиот јазик C. Овој јазик доаѓа директно од Microsoft и во себе ги инкорпорира дел од концептите на Java. Токму затоа многу развивачи веруваат дека е со подобра изведба и код кој полесно се пишува.

Бр. 7 — C++: Прв пат креиран во 1983 како замена за оригиналниот C програмски јазик. C++ е неверојатно популарен избор за развивачите низ целиот свет. Microsoft Windows, Google Chrome, и софтверот на борбените млазни авиони се напишани во C++.

Бр. 6 — CSS: Скратено за “Каскадни листови за стил,” CSS е програмски јазик за дизајнирање на форматот и распоредот на веб сајтовите. Многу менија на веб сајтови и мобилни апликации се напишани со CSS во комплет со JavaScript и HTML.

Бр. 5 — Python: Овој јазик датира од 1989 и е познат заради својот читлив код. Многу програмери веруваат дека ова е најлесниот програмски јазик за почетници, заедно со Ruby.

Бр. 4 — PHP: Овој јазик е многу чест, па дури се проценува дека на него работи една третина од сајтовите на веб. Големите сајтови меѓу кои се вклучуваат WordPress, Facebook, и Yahoo го употребуваат овој јазик. Од друга страна, има и многу програмери кои едноставно го мразат. Џеф Артвуд еднаш напишал: “PHP повеќе наликува на збирка произволни елементи, виртуелна експлозија при креирањето на клучни зборови и функции.”

Бр. 3 — Ruby: Развивачите го сакаат овој 24-годишен јазик заради тоа што неговиот код е лесен за читање и пишување. Исто така, популарна е и Ruby on Rails, дополнителна работна рамка за Ruby, која ја поедноставува неговата употреба при креирање на мобилни апликации. Официјалното мото на јазикот е “Најдобар пријател на програмерите.” GitHub е напишан во Ruby.

Бр. 2 — Java: Првично креиран во 1991 како програмски јазик за паметни телевизори, јазикот Java на Oracle е најпопуларен програмски јазик во светот, кој особено се популаризира заради тоа што Java е од есенцијално значење за развојот на апликациите за Android и деловниот софтвер. Тоа е јазик кој најбрзо се развива и шири, особено ако погледнеме дека во 2009 бил на само 7-ма позиција.

Бр. 1 — JavaScript: Овој многу популарен јазик својата основна употреба ја има во веб апликациите. Иако името им е исто, тој никако не е поврзан со Java. JavaScript го води најголемиот дел од модерниот веб. Најчесто го критикуваат заради успорување на прелистувачите и изложување на корисниците на безбедносни ризици.

За да добиете појасна претстава, погледнете како рангирањето се менувало во изминатите седум години:

А сега, вие сте на ред!

  • Почетник сте? Кој програмски јазик би сакале да го научите и поради што ја донесовте таа одлука?
  • Искусен програмер сте? Кој програмски јазик го користите? Каков вид проекти работите со него? Кои се и од која земја се вашите клиенти?

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.