Понекогаш е тешко да сте хонорарец.
Понекогаш, дури и со дневен маркетинг, работата се намалува и се случува да имаме денови кога само зјапаме во мониторот, без да треба да завршиме некаква работа.
Наместо да пратите уште 50 е-пораки на вашите можни клиенти денес, обидете се со следниве неколку задачи, кои обично ги занемарувате во периоди кога имате многу работа:
Креирајте нови пасивни приливи на приход
Пасивните приливи креираат попостојан приход за вашиот бизнис со минимален труд. Продадете ги вашите неискористени фотографии и дизајни на Creative Market, Envato Marketplace или Etsy.
Подучувајте
Ако барате дополнителен начин на заработка, може да креирате сопствен видео курс и да го продавате на Udemy, Skillshare, MyMentor (за слушатели во Македонија) или слични веб сајтови.
Контактирајте ги локалните училишта и бизнис центри, и понудете им курс или работилница во вашето поле на делување. Не само што може да најдете потенцијални клиенти, туку и и помагате на заедницата. А, некои места нудат и долгорочни можности за подучување кои можете да ги искористите.
Ажурирајте ги вашите маркетинг материјали
Колку ви е застарен вашиот веб сајт, или визит каричката, портфолиото или печатените рекламни материјали? Време е за пролетно чистење на вашиот маркетинг.
Јавете им се на вашите клиенти
Во светот полн со текст пораки, е-пошта и Slack, забораваме на телефонот како средство за комуникација со луѓето. Јавете им се на вашите клиенти и потрошете дел од сопственото време за да се поврзете со нив. Ако станува зборт за локални клиенти, поканете ги на кафе или деловен ручек.
Збогатете ги вашите вештини
Одете на часови за Adobe SpeedGrade или последните техники за типографија и рачнo напишани букви. Одете на конференција за дизајн. Инвестирајте во учење и надоградување. Тоа е една од работите кои може да ги направите за да бидете најдобри во она што го работите.
Само внимавајте: Ако премногу учите без притоа да се концентрирате на вашиот бизнис, ќе излезете од вистинската насока на движење за успешен бизнис.
Најдете проект кој ве исполнува
Можеби отсекогаш ве влечела некоја кауза, но не сте имале време да волонтирате. Зошто не сега?
Уште подобро ако успеете да најдете начин на кој би ги интегрирале вашите бизнис цели со вашите лични цели. Може да дизајнирате веб сајт за локална непрофитна организација, што само ќе ви помогне да си ги изострите вештините и ќе ви отвори можност за нова деловна соработка.
Креирајте и закажете годишен план на билтени
Ова е една од задачите за кои посакувам да си ги направев во јануари кога и немав многу работа.
Креирајте и закажете месечен билтен кој ќе го праќате по е-пошта кај вашите клиенти. Одлично е бидејќи прави вашето име постојано да е пред вашите клиенти. Билтенот може да го направите личен и ефикасен. иако го пишувате одеднаш за сите.
За да отидете чекор понатаму, прилагодете кампања преку сервис како MailChimp (бесплатен до 2,000 претплатници), па така вашите клиенти ќе ги добиваат вистинските е-пораки во точно време.
Направете ревизија на сопствениот бизнис
Споредете ги вашите цели за приход со вашиот реален бизнис и видете колку тие се совпаѓаат. Во кусок сте? Фокусирајте се на профитот и разгледајте каде можете да скратите на трошоци.
Одржување на компјутерите
Расчистете ги датотеките од старите клиенти. Архивирајте ја работата која ви е постара од една година. Дефрагментирајте го вашиот хард драјв. Исчистете ја вашата “junk фиока” (мојата е една папка под име “Разно“ во која ги трупам работите кои не знам каде да ги ставам). Избришете ги старите е-пораки.
Бонус е ако успеете да најдете стари работи кои би можеле да ги продавате на Envato или CreativeMarket.