СПОДЕЛИ

Понекогаш се изненадувам кога некој ќе ми рече дека не постои голема разлика помеѓу дизајнот на интеракција (IxD) и архитектурата на информации (IA). Иако границата не е кристално јасна, сепак неоспорно е дека има видливи разлики помеѓу нив.

Ако побараме помош од Википедиа, ова се дефинициите кои ќе ги добиеме:

Архитектура на информации е уметност и наука на организирање и означување на веб сајтовите…..за поддршка на едноставната употреба.

Дизајнот на интеракција се дефинира како практика за дизајнирање на интерактивни дигитални продукти, околини, системи и услуги.

Сигурно сте чуле и други термини, како на пр. веб дизајн, веб навигација, дизајн на корисничко искуство, итн. Сите тие се мешаат еден со друг, токму поради фактот дека сите се однесуваат на истата работа, но знаеме дека многу се разликуваат. Затоа мора јасно да ги дефинираме и другите два термини. Архитектурата на информациите се протега многу подалеку од дизанот на интеракција и навигацијата на веб сајтот. Имено, навигацијата е само мал дел од огромната архитектура на информации.

Јасната разлика се обидел да ни ја долови Cooper.

“IA значи дефинирање на структурата на информации за таа да може да одговори на начинот на кој корисникот ги наоѓа информациите кои ги бара…Од друга страна, IxD значи дефинирање на однесувањата на системот за да одговори на начинот на кој корисникот ги превзема акциите кои ги сака.’”

Во овој текст детално ќе ги погледнеме дизајнот на интеракција и архитектурата на информации за да ги откриеме разликите. Во спротивно, нивните специфики и вистинско значење ќе се изгубат во единствена, испреплетена улога со намалена вредност.

Архитектура на информации

Терминот ‘Архитектура на информациие релативно постар. Постар е во однос на развојот на технологијата и во однос на вебот. Јас првпат го чув во 2008, а сега, дури по 6 години, сите зборуваат дека дизајнот на корисничко искуство ја заменил архитектурата на информации, но за жал, на сите ним им недостига вистинско познавање од областа. Јасно е дека IA ќе продолжи да биде релевантна, иако не сум сигурен во која форма.

Архитектурата на информации на веб сајтот има ги следниве две основни компоненти:

  • Номенклатурата, структурата и организацијата на врските во содржината/функционалноста на веб сајтот.
  • Дефиницијата и идентификацијата на содржината/функционалноста на веб сајтот.

Најважното нешто што мора да го разбереме е дека архитектурата на информации не е дел од корисничкото искуство, меѓутоа дури и кога не е видлива за корисникот, таа влијае на неговото искуство на сајтот. Така е заради тоа што архитектите на информации се грижат за техничките елементи на веб сајтот од објективна перспектива за да одговорат на прашања од типот на:

  • “Дали оваа информација му помага на корисникот?”
  • “Како овој софтвер ни помага подобро да ги организираме информациите?”
  • “Каков е текот на корисници низ веб сајтот?”

За да го направи ова се фокусира на неколку работи: целната публика, софтверот кој се употребува на веб сајтот, постоечките податоци и нивното претставување. На некој начин, работата на архитектот на информации е слична со онаа на архитектот на градови, бидејќи неговата визија му дава форма на веб сајтот на повисоко ниво, но не може да сподели детали без да излезе надвор од својата област на стручност.

Обврски на архитектот за информации:

  • Истражување на бизнисот и публиката. Целта е да се употребат што е можно повеќе информации за факторите кои влијаат на проектот (примери: ментални модели на посетители, како информациите се употребуваат на сајтот, итн). Со цел да го направи ова, архитектот за информации мора да има пристап до резултатите од анкетите, вежбите со сортирање на картички, мислењата на корисниците и А/Б тестирањето.
  • Анализаирање на податоците. Откако фазата на истражување ќе биде завршена, IA мора да ги анализира податоците, да креира кориснички персони и да постави цели за веб сајтот. Развивачите и дизајнерите мора да се вклучени во процесот.
  • Организирање, обележување и развивање на структурите на сајтот. Како и што покажува името, IA мора да го изгради сајтот со помош на жичен модел, дијаграми за хиерархиска структура, јазли од повисоко ниво и јазли на листови, мапи на сајтот, итн.

Дизајн на интеракција

Првата работа на која ќе се сетите кога ќе помислите на IxD е однесувањето. Дизајнот на интеракција се однесува на начинот на кој корисникот е во интеракција со вашиот интерфејс (front-end делот од вашата работа),и како тие ги постигнуваат нивните цели. Дизајнерот на интеракција би требало да одговори на овие прашања:

  • Какви копчиња треба да употребам?”
  • “Како корисникот би манипулирал со овие контроли?”
  • “Како тие би реагирале на оваа манипулација?”
  • “Дали овие интеракции ги земаат во предвид сите мапирања, ограничувања, повратни информации и копчиња наспроти менија?

Мисијата на дизајнерот за интеракција е да го подобри корисничкото искуство, креирајќи беспрекорен интерфејс во пакет со алатките кои се неопходни за постигнување на целта (пример: конвертирај, претплати се, купи, итн.) За да го направи ова, треба да одлучи кои графики, менија или копчиња треба да се употребат. Тој одлучува како различните типови на манипулација ќе се однесуваат (на пр. како ќе се селектираат widget-ите, дополнителни анимации, интерактивни механизми, место на елементите на страницата, итн.)

Архитектот на информации ја одредува структурата позади сајтот (back-end), а дизајнерот на интеракција избира помеѓу различните функции (радио копчиња наспроти паѓачки листи, менија и јазичиња) за да го прилагодите front-end делот од сајтот.

Обврски на дизајнерот на интеракција:

Дизајнерот на интеракција има многу обврски, дел од кои дури и излегуваат од неговата област на стручност и бараат инволвирање на целиот тим.

  • Изведување на тестови за употребливост и интервјуа со корисници. Резултатите од овие тестови му се пренесуваат на архитектот на информации, кој потоа ги анализира.
  • Произведување и дизајнирање на различни интерактивни распореди на страница, модели и работни текови.
  • Дизајнирање на мапи за навигација и тек на процесот за подобрување на корисничкото искуство на сајтот.
  • Подготвување на документи за визуелни тимови, имплементирање на нови продукти и опции на сајтот.
  • Подготвување на бараните сценарија, жичени модели и исполнување на барањата за интеграција.

Што наспроти зошто (Дизајнот на интеракција наспроти архитектурата на информации)

Дизајнот на интеракција е ШТО. Целосно се однесува на креирање на врските на околината и субјектот-вклучувајќи и кои контроли да се употребат и како корисниците ќе бидат во интеракција со нив.  Дизајнот на интеракција е ШТО на архитектурата на информации.

Архитектурата на информации е ЗОШТО. Според Andy Fitzgerald, архитектурата е дискусија за тоа зошто просторот е нареден вака,а не поинаку.

Секој веб сајт почнува со ЗОШТО. Следејќи го логичкиот процес на архитектура, стручњаците работат од програмирање до анализа, па од анализа до дизајн. Како што напредува проектот, стручњаците помалку ќе работат на архитектурата, а повеќе ќе се фокусираат на елементите на дизајн и корисничко искуство. Така секој детаљ од проектот ќе биде покриен.

Заеднички елемент на двате дисциплини е употребата на алатки за цртање – иако за сосема спротивни цели. Архитектите на информации ги употребуваат за да креираат комплексни дијаграми кои ќе ја откријат врската помеѓу различните тела со информации, додека пак, дизајнерите на интеракција ќе ги употребат за да претстават widget-и или сцени од екранот.

Двете дисциплини –структурирање & дизајнирање / интеракција & структура – меѓусебно се испреплетени. Невозможно е да креирате добар веб сајт само со добра архитектура на информации, бидејќи тогаш ќе му недостасува специфичноста и суптилноста на добриот дизајн. Дополнително, кога еден веб сајт целосно се потпира на елемнти од дизајнот, а има недостаток на структура, тој не може да го постигне максималниот потенцијал.

Само малкумина успеале да ги совладаат и дизајнот на интеракција и архитектурата на информации, но има повеќе кои имаат навистина големи познавања во една од областите. Токму заради ова, планирањето на еден веб сајт треба да е тимска работа, во која IAs и IxDs имаат ист удел.

извор: designrfix

Сакате да научите повеќе на оваа тема? Погледнете ги курсевите за UX дизајн.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.