Моделите на Apple уредите се важен дел од секоја презентација на дизајн бидејќи сите овие дизајни изгледаат убаво и може да го подобрат изгледот на секој проект. Ви подготвивме збирка од 5 photo реалистични Apple уреди кои ви се достапни за бесплатно превземање.
Овој сет е креиран од Каја Швиерцјанска која го води блогот Graphic Twister. Неколку зборови од Каја:
“Здраво, јас сум Каја и живеам во Полска. Во моментов студирам логистички менаџмент. Во слободно време сум хонорарен 2Д и 3 Д уметник и дизајнер на ентериер. Специјализирам бизнис дизајн и веб образци и имам искуство во илустрирање. Сакам фотографија и модни стилови. Обожувам да патувам и да посетувам различни места во светот. Мојот сон е да ја поминам цела Америка со автомобил.”
Доколку претходно немате употребувано модели на уреди, станува збор за образец во кој го вметнувате вашиот дизајнерски проект за да има реалистично чувство на работа во уред. Ова може да им помогне на луѓето подобро да видат како дизајнот на одредена веб страница или апликација ќе изгледа или ќе се однесува на различни патформи. Реалистичните модели и даваат на презентацијата елегантен и професионален изглед.
Секој од овие модели ви е на располагање во висока резолуција. Моделите се употребуваат едноставно и може лесно да се менуваат за потребите на вашиот проект. За да ги преземете моделите во .psd формат треба да кликнете врз сликите.
Напомена: моделите се бесплатни за регистрираните корисници на Еверест.
iPad Air 2 Mockup (14 downloads)
iPad Air 2 Mockup (14 downloads)
MacBook Air Mockup (11 downloads)