СПОДЕЛИ

Бесплатниот рамен кориснички интерфејс е направен врз основа на Twitter Bootstrap во неверојатно привлечен рамен стил.

Содржи многу основни и комплексни компоненти кои се одлични и кои дизајнерите би сакале секогаш да ги имаат при рака: копчиња, групи копчиња, полиња за ибор, радио-копчиња, тагови, менија, ленти за напредок, лизгачи, елементи за навигација и многу повеќе.

Ние ги земавме во предвид вашите потреби при развивањето на HTML верзијата на нашата bootstrap тема, и таа ги содржи истите елементи како и PSD верзија со што е навистина одлична за креирање на веб страници. Со овој Framework може да потрошите дури и помалку време на рутинска работа, со што ќе добиете повеќе време за креативност.

Стилизирани икони во боја кои лесно може да се уредуваат и употребуваат во шираок спектар на проекти бидејќи содржат оригинални слоеви. Глифовите ги имате на располагање во psd, html/css и svg формати.

Дизајнот на Bootstrap темите вклучува color swatches – овде не треба да се грижите за изборот на бои – со 10 бои кои беспрекорно си одговараат една со друга. Flat UI е креиран со употреба на фонтот Lato.

Рамен кориснички интерфејс – Bootstrap тема

flat-ui

Рамниот кориснички интерфејс е направен врз основа на Bootstrap, пријатна и функционална работна рамка која го поедноставува развојот на веб страниците. Оваа рамка е прифатена и докажана меѓу програмерите ширум светот.

HTML верзијата на рамниот кориснички интерфејс вклучува:

• Twitter базиран на Bootstrap 3 работната рамка
• Слики и икони кои се подготвени за Retina
• Прилагодливи компоненти за формулари
• Елегантни CSS3 ефекти
• OOCSS пристап
• Шема на бои која лесно се конфигурира
• Нов веб фонт и нови икони за веб фонт

PSD верзијата на рамниот кориснички интерфејс вклучува:

• PSD датотеки
• Layered (Форми)
• Подготвена е за Retina
• Color swatches
• Глифи – svg формат
• Употребен е бесплатен фонт – Lato

Рамниот кориснички интерфејс е бесплатен за сите регистрирани членови на Еверест.

преземиКако да се регистрирате? Кликнете врз линкот “Најава” во горниот лев дел од овој прозорец и регистрирајте се како нов корисник.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.