Во последно време, многу луѓе размислуваат за почнување кариера во област на веб развојот. Изгледите за наоѓање работа за веб програмери е многу подобра од онаа на скоро секоја друга професија, со очекувани стапки на раст од над 20% во текот на следните 5 години.
Платите се подеднакво атрактивни: просечната месечна плата за веб програмери во САД е речиси 35 долари / час, што е еднакво на повеќе од 72.000 долари годишно. Во Македонија, просечната месечна плата на програмерите според извештаите на државниот завод за статистика е околу 1000 EUR, со тоа што многу програмери далеку ја надминуваат оваа плата. Имајќи ги овие бројки предвид, повеќето експерти се согласуваат дека добар веб-развивач нема да има проблем да најде добро платена работа во блиска иднина. Уште повеќе, веб-развојот нуди одлични можности за работа од дома со станување фриленсер (хонорарец). Една неодамнешна анкета покажа дека над 7% од програмерите се бават со фриленсинг, а оваа бројка најверојатно ќе се зголемува.
Значи со сите бенефиции, станување веб развивач е очигледно многу атрактивна работа. Но, главното прашање е, кои се условите за да станете веб девелопер (или веб развивач)? Дали ви треба факултетска диплома, магистерска или можеби докторска титула или можете да научите сè што ви треба онлајн? Одговорот на ова прашање го побаравме од лицата одговорни за вработување на различни компании и еве ги одговорите.
Дали ви е потребна универзитетска диплома за да станете веб-развивач?
Краткиот одговор е – не. Денес да се има диплома по компјутерски науки повеќе не е услов да се најде работа во оваа област. Постојат многу начини да ги стекнете потребните знаења за започнување кариера како девелопер. Според минатогодишната студија од Stack Overflow, речиси 70% од сите програмери се делумно самоучени, а 13% од испитаниците велат дека се исклучиво самоучени. Помалку од половина имаат диплома по компјутерски науки или поврзана област, а само 2% имаат докторат.
Јасно е дека универзитетската диплома во никој случај не е неопходна за изнаоѓање работа во веб развојот. Но, мислењето што многу програмери го делат е дека тоа е нешто што не може да штети. Факултетските студии обично нудат подобро структурирано но за жал најчесто здодевно учење со многу малку практична работа.
Кристијан, CTO на германската компанија Number 26 вели:
“Универзитетот е одлично место за учење, но тоа не е потребно повеќе.”
Други индустриски професионалци се согласуваат дека иако не е неопходно, универзитетското образование дефинитивно може да биде корисно.
Томас Шранц, извршен директор на Blossom, студирал компјутерски науки, но на крајот се откажал од факултетот, бидејќи сметал дека применувањето на знаењето и работењето на проектите му било многу подобро отколку теоретскиот пристап:
“Мислам дека главната причина беше што работите на кои работевме во агенцијата ми се чинеа поинтересни од теоретските предавања.”.
Сузан Кајзер, технички директор на германскиот старт Just Software, споделува некои увиди од нејзините разговори со програмери во САД:
“Минатата година бев во Силиконската долина неколку месеци, каде што се сретнав со многу луѓе кои дипломираа кодирање во тренинг центри кои се фокусираат на обезбедување на најрелевантни технички вештини за станување програмер. Во овие центри обуката за станување развивач на софтвер трае од 3 до 6 месеци, а по дипломирањето дипломците почнуваат да работат како помлади развивачи. Овој концепт се чини дека е доста успешен. Во принцип, јас би препорачал да добиете што е можно повеќе практично искуство. Вие не треба да имате универзитетска диплома за да станете развивач на софтвер.”
Во Македонија работите се исто така мошне слични. Истражувањата кои во минатото ги реализираше МАСИТ, македонската стопанска комора за ИТ, покажаа дека на работодавачите во Македонија поседувањето факултетска диплома не им е од пресудно значење и дека повеќе ценат доколку кандидатот за вработување има практични знаења и вештини. Овие истражувања покажаа и дека од особена важност се желбата за учење и усовршување, познавањето странски јазик, комуникациски вештини и личните карактеристики на кандидатот.
Како можеш да станете веб-развивач?
Како што изјави Сузан во нејзиното интервју, популарен начин за станување веб развивач (или веб програмер, веб девелопер) во САД во последно време е преку обука во специјализирани тренинг центри. Во нив целта е да се компресираат суштинските делови на програмирањето во интензивен курс кој ќе ги научи учесниците доволно за да започнат во позиции на помлади девелопери.
За разлика од стандардното четиригодишно високо образование, обуката во овие центри трае само неколку месеци или дури недели. На оваа обука учениците учат приближно 10% од она што би го научиле на факултет. Тоа иако може да звучи како многу малку, она што го учат ги содржи најрелевантните вештини за да можат да почнат да пишуваат код што е можно побрзо. Ваквите тренинг центри се одличен начин за оспособување за кариера во оваа област и не бара многу време и пари. Тие се чини дека се популарни и кај работодавачите, бидејќи над 65% од дипломираните студенти кои најдат работа во првите 6 месеци.
Покрај обука во тренинг центар, постојат безброј онлајн курсеви кои ги учат луѓето како да кодираат. Иако има голем број бесплатни курсеви, многу е мал процентот на луѓето кои ги завршуваат. Причината за тоа е што кај таквите курсеви учениците се оставени сами на себе, а секое налетување на проблем значи многу време за совладување.
За разлика од ваквите курсеви, во последно време се’ попопуларно е онлајн учењето со помош на ментори. Овој пристап му овозможува на ученикот да учи со динамика која нему најмногу му одговара а за сето време има поддршка од искусни ментори. Популарноста на овој пристап се должи на повеќе нешта. Прво, ученикот може да го сообрази учењето со останатите обврски. Потоа, ваквиот начин на учење е финансиски подостапен од традиционалниот, го заштедува времето кое инаку би го поминале во патување, заедно со трошоците кои би ги имале ако заради школување мора да живеете во друг град. Ова последново значи и дека овој пристап ги брише сите географски ограничувања, односно дека квалитетното образование му е достапно секому, без оглед на тоа каде живее. Конечно, учењето преку практична работа и добивањето помош од ментор е своевидна гаранција дека ученикот може да се оспособи на далечина.
Освен тренинг центрите и учење преку интернет, се уште постои и старомодниот пристап: седнувајќи со купишта книги и учејќи ги основите на кодирање низ литературата. Од очигледни причини, овој метод станува се помалку популарен, но сѐ уште има безброј одлични книги за учење како да се кодира.
Заклучок
За разлика од повеќето други високо платени работни места, стекнувањето универзитетско образование дефинитивно не е од суштинско значење за станување веб-развивач, иако тоа не мора да значи дека е лоша идеја. Во земји како Македонија каде што високото образование е речиси бесплатно, дефинитивно е добра идеја да ја започнете својата кариера со академски студии. Со оглед на тоа што студиите најчесто се и премногу теоретски, од суштинско значење е стекнување практични вештини.
За секој кој не сака да оди по академскиот пат, студиите кои се нудат преку тренинг центрите се одличен начин брзо да се дојде до работа. Тие се прилично интензивни, и не секогаш се евтини. Затоа, учењето на далечина со помош на ментори во комбинација со книги може да биде одлична алтернатива.
Без оглед на тоа кој начин ќе одберете да станете веб девелопер, едно е сигурно: тоа е професија која нуди речиси неспоредливи можности во следните неколку години (и веројатно многу подолго).
Доколку сакате да дознаете повеќе за тоа како веб академијата Еверест може да ви помогне да станете веб девелопер, подгответе свој список на прашања и закажете термин за индивидуална консултација.