СПОДЕЛИ

Материјалниот дизајн е “она“ за што во моментов многу веб дизајнери зборуваат. Концептот, кој бил развиен од Google за Android уредите, има јасен, чист и високо-употреблив шарм.

Веб сајтовите кои ги употребуваат карактеристиките на материјалниот дизајн полека се извлекуваат од доменот на Android уредите и се појавуваат насекаде. И, ако сме искрени, сите тие веб сајтови имаат ист изглед и чувство.

ПРЕГЛЕД НА МАТЕРИЈАЛНИОТ ДИЗАЈН

Ако не сте сигурни што е тоа материјален дизајн, еве кратко објаснување: тоа е концепт, раширен од Google, со кој посебно се објаснува како треба да изгледаат апликациите за Android и како треба да работи корисничкиот интерфејс. Дефинира правила за анимација, компоненти, стил, распореди, модели и употребливост. Спецификациите дури и ги дефинираат палетите со бои и опциите за типографија.

Иако овие елементи придонесуваат до многу употреблив и  убав дизајн, резултатот е колекција на дизајни со слична естетика.

Материјалниот дизајн бега од првичиот наплив на Android, и иако концептот е плод на  Google, дизајнерите го употребуваат за веб сајтови на различни платформи и типови на уреди.

Ултимативната цел на материјалниот дизајн е да “креира визуелен јазик кој ги синтетизира класичните принципи на добар дизајн со иновативност и можност за технологија и наука.” Единствениот “визуелен јазик” го наметнува прашањето: дали материјалниот дизајн го убива веб-от?

БИБЛИОТЕКА ЗА МАТЕРИЈАЛЕН ДИЗАЈН

Овој јазик се движи од дизајн за мобилни, кон дизајн за сите уреди. Google ја откри библиотеката Material Design Lite во почетокот на годинава како рационализирана верзија на естетика за сите веб сајтови.

Образците кои се “агностични на работна рамка“, го олеснуваат брзото креирање на веб сајтови и тоа според правилата на спецификациите. Дизајниран е за работа на блогови, сајтови со многу содржина, за контролни табли и визуелни проекти, па дури и сајтови со една страница.

ГИ СЛЕДИ ПЛАВИЛАТА НА “СТРОГ” МОДЕЛ ВО ДИЗАЈНОТ

Материјалниот дизајн функционира, бидејќи е ограничен на релативно тесен сет на правила и модели за употребливост. Има и некои добри работи кои ги прави за дизајнот – важно е да се разберат упатствата за анимација, бидејќи тие влечат корени од физичкиот свет. Правилата доаѓаат со многу ограничувања, и резултатот засега е следниот: сите апликации кои го употребуваат материјалниот дизајн изгледаат речиси исто, како да ги правел истиот човек.

Овие модели се развиени за да им помогнат на корисниците во интеракцијата со малите уреди. Материјалниот дизајн се развил од рамниот дизајн, во кој не сите елементи на кориснички интерфејс имаат јасно дефинирани улоги во однос на дизајнот, па материјалниот дизајн сакал да ги поправи некои од тие проблеми.

Но, се чини дека е дојдено време за нова еволуција. Повеќето корисници ги разбираат копчињата и знаат што тие прават. Секоја еволуција на теорија на дизајн ги учи корисниците нешто ново за начинот на употреба на уредите и веб-от. А корисниците брзо сфаќаат и затоа алатките кои се дизајнирани за да ги подучат корисниците, не треба да траат толку долго.

Чудно е што строгите модели на дизајн се нешто што се наметна на дизајнерите во однос на материјалниот дизајн. Прочитајте ја документацијата. Ќе забележете дека и таа повремено се менува, но ќе видите и дека одредени дизајни кои излегуваат од мода ги поддржуваат понудените примери.

Зошто дизајнерите креираат илјадници веб сајтови кои изгледаат исто?

НАЈЧЕСТИ UI ЕЛЕМЕНТИ И ПАРЧИЊА ДИЗАЈН

Еве брз одговор на прашањето од погоре: Сé е во деталите.

Најчестите елементи на кориснички интерфејс, иконите, шемите со бои и изборот на типографија ја убиваат естетската можност на вебот. Може да дизајнирате материјални концепти, без да имитирате елементи од документацијата и без да ги превземате најновите сетови за кориснички интерфејс.

Еден од проблемите кои се појавуваат е тоа што веб сајтовите го копираат изгледот на материјалниот дизајн, но немаат функционалност и не посветуваат доволно внимание на деталите. Материјалниот дизајн не е она што го убива веб-от, туку мрзливите дизајнери.

НО ЧЕКАЈТЕ… НЕ МОРА ДА ГО СЛЕДИТЕ ТРЕНДОТ

Пред да се изнервирате, почекајте. Постојат многу начини на кои може да го употребувате материјалниот дизајн без да ве наречат “мрзлив дизајнер“.

Еве ја финтата: придржувајте се до концептот, но прекршувајте ги некои од правилата. Еве неколку предлози:

  • Излезете надвор од палетата со бои. Наместо светли, заситени бои, употребете подлабоки бои, и поиграјте си со палетата на пастелни и темни нијанси.
  • Дизајнирајте икони и елементи на кориснички интерфејс кои ги следат основните насоки за дизајн, како на пр. елементи во икони и човечки карактеристики, но не се потпирајте на однапред подготвен сет.
  • Не дозволувајте вашиот сајт да е 100% материјален.  Употребете еден аспект од него во ваш сопствен концепт на дизајн. Правилата за анимација се посебно добри, па следете ги тие инструкции за тоа како да се движат работите, но остатокот дизајнирајте го самиот, без никакво влијание на материјалниот дизајн. Уште едно нешто што треба да го “украдете” од материалниот дизајн е употребата на картите, но не се ограничувајте да ги дизајнирате во исклучиво материјален простор.
  • Употребете некои од упатствата од материјалниот дизајн за подобро да разберете како да работите со детали во вашата дизајнерска работа. Секцијата за икони во документацијата е одличен пример за употреба на мрежа при креирање  икони кои се конзистентни во количината на празен простор. Употребете ги тие концепти во вашата целокупна естетика.
  • Проширете ја палетата на типографија. Една од работите кои го убиваат дизајнот е кога премногу работи изгледаат исто. Фонтот треба да се совпадне со вашиот дизајн, и не употребувајте ништо, само заради тоа што некои упатства така велат (освен ако не станува збор за упатства за бренд).
  • Дизајнирајте како што би дизајнирале со секој друг тренд. Материјалниот дизајн е тренд, а не крајно решение. Мешајте ги и комбинирајте ги деловите кои ви се допаѓаат. Некои од техниките ќе работат беспрекорно, но некои можеби не се за вашиот проект.

ЗАКЛУЧОК

Да се вратиме наназад, на првото прашање: дали материјалниот дизајн го убива веб-от?

Едноставно кажано – НЕ. Претераната употреба на овој тренд води до хомогени дизајни. Главниот проблем е кога се дизајнира строго следејќи го трендот, без да се размислува за најдобрите алатки и техники кои одговараат на проектот. Не престанувајте да го употребувате материјалниот дизајн, само употребувајте го добро!

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.