СПОДЕЛИ

Сé почесто гледаме трендови кои изгледаат свежо, преку нови третмани на стари идеи или преку нови начини на кои им се пристапува на стари проблеми. Најраширениот од овие трендови до сега е употребата на мотиви во веб дизајнот.

Мотивите служат за многу цели, од пренесување на вредноста на брендот, до додавање на движење на интерфејсот, па и оживување на едноставните блоковите со боја кои ги претпочита рамниот дизајн. Употребата на мотиви, иако не може да се категоризира прецизно, спаѓа во една од петте широки категории кои меѓусебно се поврзани…

Генеративни мотиви

Комбинацијата на дизајн и код, која е составен дел од вебот, е плодна околина за генеративна уметност и дизајнери кои работат со математика. Од порано, веб дизајнерите експериментираа со системот на одделени честички, а во последно време се засилува акцентот на употребата на честички и делчиња во поформална шема. Овие геометриски мотиви се природен тек на еволуција на формата, благодарение на фактот што тоа се потпираат на единици на дизајн и циклуси на код.

Она што е ново е прилагодување на овој тип на шари како интегрален елемент на еден бренд.

001_prizmaspace 002_giantsteps 007_poke 003_jam3 004_fornasetti

Мотиви со податоци

Преокупацијата на бизнисот со концептот на важни податоци несомнено се визуелизира преку мотиви, дури и покрај фактот што податоците ретко кога произведуваат мотиви на школка. Идејата е од едноставни математички форми, кои ќе се среќаваат меѓу комплексни податоци, несомнено и очекувано да се се поврзат со идејата за знаење, моќ и деталност. Компаниите кои сакаат да изгледаат како да имаат разбирање во апстрактни концепти сакаат да ја исползуваат оваа метафора.

Ова, заедно со развојот на SaaS (Software as a Service-Софтвер како услуга) кога бизнисите продаваат апстрактен концепт наспроти продукт, доведе до појава на сајтови кои прикажуваат мотиви на кои секое дете со спирограф би се гордеело.

005_plaid 006_optimizely 008_acorns

Уметнички мотиви

Уметностите се враќаат во портфолијата на дизајнерите, а мотивите играат огромна улога во тоа.

Независно дали се геометриски, или пооргански, мотивите кои имаат подем во дигиталниот свет ги потенцираат вештините на мајсторство и зборуваат за автентичноста на дизајнерот. Клучот на овој тип на мотиви е варијација во повторувањата, што додава топлина и човечки елемент во дизајнот.

009_craft 010_echo 011_forbettercoffee

Анимирани мотиви

Мотивите едноставно не се повторуваат визуелно. Години наназад дизајнерите циклично поврзуваа анимирани GIF-ови за да направат шари кои се повторуваат. Оваа техника се употребува заедно со SVG за да создаде епски, примамливи анимации кои се практични во однос на мобилните.

Повторувањето кај ваквиот тип на мотиви варира, од циклични позадини, до серија на анимации кои се пуштаат заедно со различно темпо за да креираат променлива шема на движење. Како што мобилната индустрија напредува, цикличните SVG-а обезбедуваат практичен начин на кој може да ги оживеете анимациите без да ја компромитирате брзината.

012_greenman 013_rallyinteractive 014_fieldwork

Мотиви на решетка

Мотивите отсекогаш биле интегрален дел на веб дизајнот, особено ако го погледнеме фактот дека, пред да позиционираме елемент, можевме да поставиме елементи во шема во позадината во CSS.

Во последнава година, дизајнерите си играат со традиционални шари на мотиви, особено со решетка или мрежа, за да го оживеат дизајнот. Елементите се позиционираат надвор од формалната мрежа, но го следат истиот тек или решетка што се потенцира со блоковите на боја кои љубителите на рамниот дизајн ги предлагаат.

015_carbure 016_residence-mixte 017_aark 019_offprint
Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.