СПОДЕЛИ

Избирањето боја за дизајн, уметничко дело, па дури и ѕидовите во дневната соба, никогаш не било лесно, барем не за повеќето од нас. Дури и професионалците знаат понекогаш да се изгубат во сите можни варијанти и комбинации.

Апликациите како Color CC (порано позната како Kuler) и сајтовите како ColourLovers, ни дадоа начин да ги зачувуваме и споделуваме нашите омилени палети. Станува збор за непроценливи ресурси. Сепак, одвреме навреме, погледнуваме што направиле најдобрите.

Откако ќе промрмориме нешто од типот “На Рембрант сигурно не му било тешко да избере боја!”, погледнуваме во нивната работа како пример на безвременска убавина која ги поминува границите на актуален тренд. Сега, можете да ги украдете нивните палети, и тоа благодарение на Color Lisa!

Color Lisa е листа на палети на бои базирани на ремек дела од светски најпознатите уметници. Секоја палета е темелно креирана од дизајнери, уметници, кустоси и стручњаци за теорија на бои.

 

Само прелистајте низ страницата и најдете го вашиот омилен уметник, па кликнете за да видите кои од неговите дела се претворени во палети со бои. Кликнете на иконата за приказ, веднаш до името, за да се потсетите на оригиналното уметничко дело.

Еве неколку примери кои почнуваат со Мона Лиза, Леонардо да Винчи:

da_vinci-1024x421mondrian-1024x421 kahlo-1024x421 picasso-1024x421 van_gogh-1024x421Ако поминавте низ целата листа, и ако не успеавте да го најдете вашиот омилен уметник, или не можете да најдете палета која се базира на вашето омилено дело од еден од избраните автори, може да им пратите предлози. Ако предлогот е одобрен, експертите за боја ќе направат палета по препораката.

Не сум целосно сигурен кои се “стручњаците за боја”, но неоспорно е дека одлично си ја работат работата. Секоја од палетите на бои се согласува со изворниот материјал.

Скролувајте низ Color Lisa, и проверете дали ќе се почувствувате поинспирирано.

извор webdesignedepot

Патем…

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.