СПОДЕЛИ

На почетокот ни велеа дека сé треба да биде мало. И со добра причина, бидејќи големите слики обично значеа и долго време на вчитување на страниците. Но, постојаното подобрување на брзината на вчитување, (дури и кај мобилните уреди), ни овозможи да експериментираме со многу работи за кои некогаш се мислеше дека се табу. Да, дури и со големите слики.

Најверојатно сте забележале дека употребата на големи фотографии на веб е во раст, и тоа не само од естетски причини. Иако фотографиите со полна ширина имаат големо визуелно влијание, тоа не е единствената причина поради која треба да ги употребувате.

Тогаш, која е причината?

Големи слики = Голема конверзија

Зголемените димензии на сликите водат до зголемена конверзија. Ете, кратко и јасно. Направени се бројни студии и A/Б тестови, според кои излегува дека колку поголема слика, толку подобро. Со други зборови, луѓето запираат на сликата, ја забележуваат и дејствуваат.

Најдобриот дел е што големите слики добро функционираат на секаков тип на веб сајт, од е-тргување до блогови. Откако ги открија моќите на големите фотографии, многу големи играчи почнаа да ги употребуваат, и следствено да ги искористуваат придобивките на големата стапка на конверзија која огромните фотографии ја обезбедуваат.

Тестирање

E-consultancy.com спроведе два A/B теста кои ја разгледуваа големината на сликата во однос на стапката на конверзија. Во првото тестирање, Skinner Auctions пушти две верзии од  страници за ист продукт. Првата го прикажуваше продуктот на слика со ширина од 250 пиксели, а втората, зголемена верзија, на 350 пиксели. Како и што претпоставувате, резултатот кај сликата со ширина од 350 пиксели беше повисок. Впрочем, многу повисок, за 63%, иако големата слика значеше дека корисниците мораа да скролуваат за да стасаат до формата за понуда.

Во вториот тест, Dell експериментираше со начинот за B2B генерирање на интереси. Тие пуштија две конкурентни верзии на истата страница на пристигнување. Нивната оригинална страница се состоеше од фотографија со средна големина, концизен веб текст и минимална форма.

На втората верзија фотографијата беше зголемена и реупотребена како слика во позадина, а формата беше поставена во посебен слој  над неа. Резултатот? Големата слика во позадина ја намали стапката на напуштања на сајтот за 27% и ги зголеми генерираните информации за 36%.

Забележете дека сликата која Dell ја има избрано воопшто не е поврзана со суштинската цел на веб сајтот. Станува збор за многу генеричка слика на “експерт,” а сепак ги зголеми конверзиите.

Покрај големината…

Сигурно е дека зглемувањето на големината на вашите слики може да доведе до поголема стапка на конверзија, но има уште неколку други работи кои мора да ги земете во предвид за максимално да ги искористите придобивките од вашите слики.

Позадини

Независно од големината, веб фотографијата мора да е со висок квалитет. Во ова спаѓа и позадината. Во моментов, два типа на позадини функионираат совршено, особено како водечки слики на веб сајтот.

Првиот тип се фотографии со фокална точка во предниот дел на сликата, со заматена позадина. Фотографите ова го нарекуваат мала односно плитка длабочинска острина, а целокупниот ефект е кинематографски.

Вториот тип на позадина е да нема позадина. Белиот простор е главен во дизајнот веќе подолго време, и ќе остане ушто долго, токму заради чистотата и ненаметливоста. Не мора да е навистина бел, туку може да е во било која полна боја или со прелевање. Суштината е  да нема други конкурентни објекти во рамката.

Луѓето продаваат

Од непознати причини, фотографиите со луѓе, (особено лица), се поврзуваат со корисниците. Сега, повеќе од било кога, луѓето сакаат да соработуваат со други луѓе, а не со големи, безлични корпорации. Вклучувањето фотографии со вистински лица потсвесно гради доверба кај корисниците.

Употребата на слики функционира за речиси секој веб сајт, независно од целта на индустријата. Секогаш постои начин да се вклучи човек во една слика, и кога се продава продукт и кога станува збор за услуга. Комбинирањето на слика со лице на човек и јасен CTA (Call-To-Action) ќе ви помогне да ја хуманизирате целта, што резултира во зголемена конверзија.

6

Заклучоци

Сведоци сме дека веб сликите стануваат сé поголеми и поголеми во последниве неколку години, а сега јасно може да видиме и зошто. Јасните, креативни слики навистина ја погодуваат целта, терајќи ги корисниците да застанат и дејствуваат како што посакуваме. Тие, исто така, може да бидат неверојатно функционални, и да му дозволат на клиентот детално да го погледне продуктот.

Сега, откако се овозможи брзиот интернет, и кога послободно може да се употребуваат големи слики, не плашете се да превземете чекор и да размислувате иновативно. Големата слика значи и зголемена стапка на конверзија.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.