СПОДЕЛИ

Од појавувањето на прилагодливиот дизајн иноваторите, дизајнерите, стартапите за правење прототипи и апликации за дизајн, почнаа да објавуваат алатки кои помагаат да се погледне дизајнот на различни точки на прекин.

Последни кои објавија нешто од овој тип се Google со нивниот проект Resizer, дизајниран токму за да им овозможи на дизајнерите да го погледнат својот дизајн на различни точки на прекин.

Важноста на тоа што Google влезе на пазарот со решение е тоа што неговата големина наметнува и огромен товар во заедницата, бидејќи, независно дали тоа биле Google Fonts, кои сега доминираат (неодамнешна анкета покажа дека 70% од испитаните дизајнери главно се потпираат на Google Fonts), или истиснувањето на рамниот дизајн со материјален дизајн, сé што Google ќе понуди скоро секогаш се зема како најдобра практика.

Затоа реално е да сме загрижени кога Google застапува пристап кој е спротивен на прифатените и воспоставени стандарди.

Спецификацијата за материјален дизајн на Google веќе нуди упатство за точките на прекин:

За оптимално корисничко искуство, корисничкото искуство кај материјалниот дизајн треба да ги прилагодува распоредите за следниве точки на прекин за ширина: 480, 600, 840, 960, 1280, 1440, и 1600 пиксели.

Resizer ги следи двата исти принци: нуди преглед на лаптоп и мобилен на поставените точки на прекин. Лаптоп (десктоп) екраните може да бидат 480 пиксели, 600 пиксели, 840 пиксели, 960 пиксели, 1280 пиксели, 1440 пиксели, или 1600 пиксели широки. Мобилните екрани може да бидат 360 пиксели, 600 пиксели, 720 пиксели, или 1024 пиксели широки.

Иако ова е добар пресек на големини, иако очигледно е дека не се доближува до целиот спектар на Android уредите, постои фундаментална грешка во пристапот. Добриот прилагодлив дизајн ги употребува точките на прекин на содржината, и не треба да се грижи за тоа колкава големина на екран ќе има следниот модел на Samsung. Единствена грижа на вистинскиот прилагодлив дизајн е каде се прекршува содржината.

Повеќето апликации за дизајн, како на пример последната Adobe Muse, точно ги следат точките на прекин кои ги прилагодуваат медиа прашалниците на содржината, а не на хипотетички уред.

Resizer е посебно дизајниран да тестира (некои од) точките на прекин на големината на прозорците за приказ на материјалниот дизајн. Опасноста е што Resizer, со препорака на Google, ќе го пренесе митот дека прилагодливите сајтови се серија на големини на прозорци за приказ, а не флуидна содржина која е агностична во однос на уредот.

извор: webdesignerdepot

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.