Ангажирањето веб дизајнер е минско поле за еден бизнисмен кој не е вешт со технологијата, и кому идејата на програмирање на сајтот, импликациите на прилагодливиот дизајн и управувањето на содржината му се надвор од неговите познавања.
Тие имаат потреба за добар дизајнер кој ќе ги води низ процесот, но сега, со буквално повеќе од илјадници веб дизајнери, сé потешко им е да бидат сигурни во изборот. Затоа, за да сте сигурни дека вие сте она што вашите омилени клиенти го бараат, треба да се фокусирате на вашите лични карактеристики .
Почнете со искрен профил
Лесно е да се рангирате себе си ако знаете 99% од Photoshop, или 95% вештини во UX. Но тоа најверојатно нема да ви помогне да се издвоите од групата. Кога бараат некого за да го ангажираат, компаниите почнуваат со две листи: едната е листата со задолжителни вештини или “мора-да-се-има” листа, а другата е со пожелни вештини или “би-било-добро-да-се-има” листа.
Се разбира никој не може да ги исполни сите параметри, никој не е совршен, но ако одговорите на повеќето од точките на првиот список, и само неколку од вториот, имате добра основа за среќна работна врска. Повеќето кандидати ќе ги имаат повеќето од задолжителните вештини, па токму со оние пожелните може да брилирате. На пример, ако компанијата бара да ангажира искусен iOS развивач, тогаш Swift ќе биде минималното барање, а познавање JavaScript нема да се бара, но сепак ќе ви даде бонус поени во очите на идните работодавачи.
ако не одговарате на улогата, би биле посреќни чекајќи друга прилика, наместо да се обидувате да бидете нешто што не сте.
Покрај задолжителните и пожелните вештини, кои се нарекуваат и “тешки вештини”, треба да ги идентификувате и вашите “фини вештини”. Фините вештини се вашите доблести. На пример, ако идниот работодавач гради тим на далечина, вашата способност да се самомотивирате и да работите без надзор е од непроценлива вредност.
Ако вашиот иден клиент има мало искуство во она што треба да го работите, истакнете се со вашето искуство во предавање, лично или преку блогирање. Тоа е одличен начин на кој може да искомуницирате комплексни идеи за нивниот бизнис и да ги прошетате низ процесот на веб дизајнот.
Покрај вашите тешки и фини вештини, бизнисмените сакаат некој кој одговара на нивната култура во компанијата. Секој сака да работи со некој со кој се согласува. Важно е да се обидете да си го познавате сопствениот карактер за да можете да го претставите. Но бидете искрени, ако не одговарате на улогата, би биле посреќни чекајќи друга прилика, наместо да се обидувате да бидете нешто што не сте.
Особини кои се бараат
Сега кога знаете кој сте и што имате да понудите, фокусирајте се на вашите карактерни црти кои успешните клиенти ги бараат.
Самотник наспроти тимски играч
Повеќето дизајнери и развивачи се навикнати да работат сами, и уживаат во тоа. Дизајнерите и развивачите имаат потреба од зона без работи кои би им го одвлекувале вниманието. Меѓутоа, клиентите градат тимови кои се поголеми од вкупниот број на нивните делови. Демонстрирањето на тоа дека може да работите и во двете ситуации ќе ве направи погоден за вработување.
Бизнисите ги ценат дизајнерите кои можат да бидат без надзор, но се тимски играчи.
Очекувајте да работите на даличина, но бидете подготвени редовно да комуницирате и брзо да одговарате на прашањата. Важно е да дозволите сигурни средби. Бизнисите ги ценат дизајнерите кои можат да бидат без надзор, но се тимски играчи.
Почитување на крајниот рок
Еден добар веб дизајнер нема проблем да одговори во рамки на крајниот рок. Клиентите, дури и добрите клиенти, често прават измени во последен момент, што предизвикува да се надмине крајниот рок, но тоа треба да е реткост. Запомнете дека од гледна точка на бизнисмен, тие се оние кои го водат тимот, па ако вие доцните со вашиот модел, тогаш развивачите треба сé да испорачаат еден ден порано, за проектот сепак да остане во рок.
Отворени за соработка
Можноста да прифатите конструктивна критика е важна доблест за еден веб дизајнер. Ако еден вработен не може да се справи со негативни коментари, тој не може да биде добар член на ниту еден тим. Ако произведувате работа која не се одобрува, прифатете дека тоа не е лично. Ако успеете да го надминете егото, поверојатно е дека ќе добиете втора шанса.
Од другата страна на паричката е дека работодавачите и клиентите имаат потреба, и очекуваат ваша повратна информација. Голем дел од вашата улога е ефективно да го водите клиентот за тој да може најдобро да ги искористи вашите вештини и искуство.
Импресивно (и искрено) портфолио
Работодавачите темелно ќе го разгледаат вашето портфолио. За жал, неретко се случува да се најдат портфолиа во кои делата кои се претставени не припаѓаат на дизајнерот.
Бидете подготвени детално да зборувате за вашата мината работа. Претставете објаснување во кое ќе дадете пример на вашиот ангажман. И никогаш, и во никој случај, не ги преувеличувајте работите која сте ги завршиле.
Познавање на најдобрите практики
Еден добар веб дизајнер може да испрограмира основни модели без дополнителна функционалност. Дури и ако не ги програмирате своите дизајни, мора да имате длабоко познавање за импликациите на она што го дизајнирате. Пристапноста, оптимизацијата и одржувањето се нешто што мора да го земете во предвид.
Способност да учите и напредувате
Прилагодливост и подготвеност да учите. Тоа се клучните карактеристики на еден добар дизајнер. Веб дизајнот постојано се развива. Секој месец се појавувааат нови стандарди, трендови и технологии. Добриот дизајнер треба да умее лесно да се адаптира на овие промени, независно дали тоа значи да го усогласи својот дизајн кон новите регулативи или одново да го креира за целосно да го ребрендира.
Да се биде совршен член на тимот
Запомнете, дури и кога единствените луѓе кои се вклучени во проектот сте вие и вашиот клиент, секој веб проект е тимска работа. За да бидете одличен член на тимот, вашите тешки и фини вештини, и вашите карактерни црти, треба да се комплементарни со остатокот од тимот. За да имате успешен ангажман, проектот треба да ви одговара вам исто онолку колку што вие му одговарате на проектот.
Секогаш ќе има следен проект, па ако не ви одговара проектот, љубезно одбијте го и продолжете со потрагата. Кога ќе најдете проект кој ви одговара, вие ќе треба да одредите што точно бара клиентот.
Независно дали сакате да сте ангажиран во тим со постојана позиција, или да работите како хонорарец, клучот е да одговарате на она што работодавачот го бара како дополнување за својот тим. Задолжителните вештини се основни, но пожелните вештини и доблестите се оние кои ќе ви помогнат да се издвоите од конкуренцијата.
А сега, вие сте на ред
Како успеавте да дојдете до вашите најважни клиенти? Кое е вашето искуство? Која беше причината да ве ангажираат токму вас? Дали тоа беше цената, портфолиото, нешто друго? Споделете ги вашите искуства подолу, во просторот за коментари.