СПОДЕЛИ

Страниците за контакт на веб сајтовите може да ја расипат или подобрат конверзацијата. Ако вашиот посетител има добро искуство до моментот на посета на страницата за контакт, и таа не успее го генерира финалниот клик, тогаш потенцијалниот клиент ќе си отиде, најверојатно и засекогаш.

Задолжително е да ги охрабрите корисниците да го направат последниот чекор и да отидат едно ниво погоре, од љубопитните посетители до вистински заинтересирани клиенти. Ефективната  страница за контакт не само што ќе му помогне на посетителот да го надмине јазот, туку може да биде и доказ за квалитетот кој е потребен да ги убеди да го направат тоа.

КРЕИРАЊЕ ЕФЕКТИВНА СТРАНИЦА ЗА КОНТАКТ

Креирањето на ефективна страница за контакт е клучно. Во продолжение ви ги претставуваме 9-те елементи на кои треба да се фокусирате, ако сакате да сте сигурни дека вашето “send” копче не стои на страницата бадијала:

1. Ограничете го бројот на задолжителни полиња

Колку повеќе информации барате, толку помалку е веројатно дека корисникот ќе ја пополни  формата за контакт до крај. Секогаш поставувајте ги само оние прашања чии одговори навистина во требаат.

2. Поставете оквир околу формите

Кога поставувате оквир околу формите правите тие да се позабележителни, и им помагате на корисниците да следат кои делови од страницата се интерактивни.

3. Вградете Google мапи

Кога работите со клиенти кои имаат физички објекти, најдобро е да им помогнете на корисниците да ја најдат локацијата. Па дури и кога online компаниите го прикажуваат своето седиште се зголемува нивниот кредибилитет.

4. Додадете социјален доказ

Кога зборуваме за кредибилитет, да споменеме дека е добро да додадете елементи со кои ќе ја зголемите довербата кај клиентите, како на пример искуства на други корисници, BBB амблеми за акредитација, години искуство во областа, итн.

5. Додадете брендирање

Можеби звучи смешно, но повеќето потенцијални клиенти пребаруваат повеќе веб сајтови одеднаш во неколку прозорци на екранот. Токму затоа се исплати ако ги потсетите токму кого треба да го контактираат.

6. Водете го корисничкиот внес на податоци

Употребувајте елементи на кориснички интерфејс како полиња за избор и опциони полиња за да  го насочувате корисничкиот внес на податоци. Колку е полесен процесот на пополнување информации, толку полесно и ќе го добиете она што го сакате.

7. Нека биде едноставно

Едноставноста секогаш победува,а особено на мобилни уреди. Запомнете дека на мобилен уред, вашата форма мора да е поголема за да може да се пополнува.

8. Оставете го и вашиот телефонски број

Многу компании не сакаат да го додадат телефонскиот број на страницата за контакт, бидејќи мислат дека ќе мора да одговараат на телефонски повици секој ден. Но реалноста вели дека телефонскиот контакт го прави истото што и Google мапата, т.е ви дава кредибилитет и прави вашите клиенти да се чувствуваат безбедно кога ги внесуваат сопствените лични податоци.

9. Додадете изјава за заштита на личните податоци

Додадете гаранција дека вашата компанија ќе се однесува кон личните податоци на корисниците како кон строго доверливи информации. Ова е еден од начините со кои ќе изградите поголема доверба.

Grain and Mortar

  • Секцијата за најчесто поставувани прашања на страницата им го заштедува времето на корисниците и резултира во анкети со поголем квалитет.
  • Само три задолжителни полиња — полесно од ова нема!
  • Севкупната едноставност на дизајнот, со поголеми полиња за мобилен UX, е пријатна за гледање и работа.

Evoke

  • Оквирот околу прашалникот прави формата за контакт да се истакне и одвои од остатокот на страницата.
  • Шемата со бои, логото и елементите за кредибилитет во подножјето се комбинираат совршено и јасно го демонстрираат брендот. Оваа контакт страница има свој сопствен карактер, софистициран, но приземен, па така, лесно се поврзува со оние луѓе кои ги бараат споменатите квалитети.

Shiner

  • Повторно, мал број на големи полиња.
  • Дизајнот во себе има нешто старинско, традиционално, токму како и  вкусот на нивното пиво. Конзистентноста на брендот ги ожеднува корисниците!
  • Големината на вградената Google мапа е одлична за корисниците. Во случајов тие не мора ниту да ја зголемуваат, ниту да ја намалуваат.

Познавањето на бизнисот + познавањето на клиентите = одлична страница за контакт

Забележувате дека сите овие примери се ефективни, а сепак се служат со различни техники во дизајнот. За да креирате ефективна страница за контакт, мора да го разбирате брендот, да знаете кои се потенцијалните купувачи и што тие сакаат да знаат, и да ги познавате клучните работи кои влијаат на корисникот на веб сајтот.

Општо гледано, веб сајт корисниците бараат едноставност, па затоа неслучајно овие страници за контакт зрачат со леснотија. Меѓутоа, деталите, имагинацијата и уникатниот пристап го засилуваат и одржуваат интересот за брендот, откако корисниците ќе се најдат на страницата за контакт.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.