СПОДЕЛИ

Една од најголемите маки на повеќето почетници во дизајнот и програмирањето е како да се дојде до клиент. Оваа тема е важна за секого, и секој има свои начини.

Препораки, социјален маркетинг, блогирање, пријатели и семејство… листата оди во недоглед.

Сепак, многу може да научиме од другите. Секогаш е добро да чуете совет од успешен, од некој на кого се угледувате. Затоа, сега ќе ви ги претставиме одговорите на неколку успешни професионалци во својата област кои одговараа на едно прашање:

Како го добивте првиот клиент?

Независно дали почнувате или барате нови клиенти на пазарот, овие одговори може да ви дадат идеја што да направите следно.

“Не го паметам првиот клиент но ја паметам првата фирма во која работев. Самостојно од 99-та паралелно учев графички и веб дизајн и се вработив во тогашниот Литиум Рекордс за дизајнирање на принт материјали за бендови и веб страни за истите. Стекнав големо искуство во таа област како и организација на концерти и што значи да се биде дел од ефикасен тим. Со оглед на тоа што рекламните материјали беа насекаде по градот како најава на концертите, за кратко време ме “научија” клиентите.

Александар Пешевски, www.mightycreation.com


Првиот клиент си доаѓа спонтано и ненадејно, а воедно на почеток никој не размислува дека неговото хоби и интузијазам е всушност голем потенцијален бизнис. Прашање на време е кога ќе се освестиш и ќе си кажеш пред себе, ок сега ова за мене претставува бизнис. Ретроспективно гледано на почетокот сум имал многу потенцијални први клиенти кои не сум ѓи доживувал како такви, па можеби и затоа ми е тешко да се сетам кој ми бил прв клиент :), и како сум дошол до него. Во суштина клиентите лесно те наоѓаат ако тоа што ти го правиш е за нив голема работа, во спротивно ако тоа може да го направи самиот клиент зашто би те барал 🙂 Најбитно е дека треба 24/7 да го презентираш она што знаеш да го правиш, а клиентите тоа ќе го видат и ќе го побараат во дадениот момент. Можеби звучи утопистично но навистина така функционира. Можеби е прашање на време но и за тоа има механизам… 48/7 🙂

Васе Аманито, www.amanito.mk


Тоа беше многу одамна. Се сеќавам дека прочитав оглас во весник, конкурс за лого за занаетчии (меѓународен конкурс). Ми се виде интересно. Решив да учествувам, да си ги проверам можностите и моите познавања стекнати до тогаш. Испратив неколку варијанти и после месец дена добив одговор дека моето решение победи. Тоа ми даде потик да продолжам као графички дизајнер и еве и по 20 години сеуште сум во оваа професија.

Зоран Кардула, www.behance.net/Cardula


Прв клиент за кој првпат работев беше студент за кој изработив веб страна како семинарска работа. Се почна од таму, кога тој повторно ме праша дали сакам да изработам уште неколку семинарски работи за неговите колеги. Тоа го направив и креирав уште 10 веб страни (семинарски) и полека почнав да се мотивирам и работам на поголеми и посериозни проекти. После овие проекти од факултет ми се јави еден пријател на кој му требаше веб страна за неговата компанија. На почетокот го одбив поради тоа што се работеше на еден голем и реален клиент. Помислата дека нема да го постигнам очекуваното ми се вртеше низ главата. Сепак, со помош на неговите идеи, совети и преку заеднички состаноци направивме веб страна која поттикна одлични коментари од повеќе корисници.

Конечно успеав да направам листа на неколку изработени веб страни и да ги вклучам во портфолио кое евентуално придонесе за моето прво вработување во компанија. Денес работам како Web Developer и никогаш нема да го заборавам мојот почеток. Им препорачувам на сите идни генерации кои сè уште учат и посакуваат да работат во ИТ индустријата никогаш да не се откажуваат. Воедно и многу да прашуваат, секогаш кога нешто не е јасно J. Тешко е, но интересно е.

Јован Поп-Петров, www.poppetrov.mk


Првиот „клиент“ го имав уште во средношколските денови. Тоа беа пријатели кои бараа да им нацртам патики со логото на „Најки“ или флаер за свирка, да им направам омот за цедето кое само што го изрежале, да им го ишарам ранецот или некоја маичка, јакна. Тоа ми беше добра пракса за она што и ден денес го работам.

Првиот хонорар го добив затоа што клиентот знаеше дека знам добро да цртам. Почнав со дизајнирање визитки, промотивни флаери и каталози, а понатаму следеа и нарачки за дизајн на логоа, брендирање, типографија…

Инаку, и ден-денес учам од секоја соработка со клиентите, ги истражувам нивните потреби и она што сакаат да го постигнат со производот/услугата. Според мене, тоа е најважната алка во синџирот на градењето доверба и успешна кариера.

Георги Равански, ravanski.deviantart.com


Одсекогаш ме интересираше графика и типографија – ама, кога беше време да се запишам на факултет, немав многу избор. Излегов од факултетот како (официјално) архитект, а после тоа со години правев пари со 3Д визуализација. Сепак, целото време правев логоа и слични графички решениа, главно за пријатели, без пари. Ги сакаа моите идеи. Премин направив кога на белградскиот Лио Барнет му требаше креативец кој знае 3Д графика и добро владее со англиски јазик. Не ми требаше долго да се префлам во она што го сакам. Значи, првите пари како дизајнер дојдоа, да речеме, доцна – како регуларна плата во маркетинг агенција, после цела деценија заработување од рендери. Како што некогаш пееше Ѓорѓе Марјановиќ – никогаш не е доцна

…. е да – и тоа беше 2008. година, кога првите пари дојдоа

Иван Апостолски, www.behance.net/ivan-apostolski


Еве и неколку приказни од “надвор“…
Michelle Martello“Па, пред “официјално” да го почнам мојот бизнис, правев стокова размена со моето омилено студио за јога (јас го дизајнирав и одржував нивниот веб сајт, а добивав бесплатни часови по јога). Сопственикот соработуваше со еден деловен човек кому му се допаѓаше мојата работа, и тој ми ги прати првите два клиенти. Вистински клиенти кои ми плаќаа за услугата. И од таму почна сé. Истиот тој човек сé уште ми праќа клиенти, и тоа цели 7 години!

Тој еден веб сајт за јога ме поврза со многу клиенти (дел од нив го посетуваа студиото а еден клиент ми генерираше работа вредна 200 илјади долари!) Затоа секогаш треба да сте горди на она што го работите, и да сакате да зборувате за вашата работа со секого, бидејќи никогаш не знаете каде тоа може да ве одведе.”

Мишел Мартело, minimadesigns.com


Alison Monday“Како и повеќето хонорарци во дизајнот, мојот прв клиент ми беше пријател кој имаше потреба од веб сајт, и кој знаеше дека “правам такви работи”. Фактот што немав работено со клиент претхоно за мене значеше дека и цената треба да е премногу ниска, па така мојата понуда беше премногу евтина за да можат да ја одбијат.”

Алисон Мандеј, tinyblueorange.com


Suzi Istvan“LOL! Мајка ми! Таа се фалеше со мене секаде, на фризер, кај  архитектот (тогаш планираше да реновира), во нејзината омилена пекара, кај секој што имаше некаков веб сајт и сакаше да ја слуша. Потоа, еден ден ми се јави  и ми рече:“Имам клиент за тебе.” Првите неколку месеци мислам дека мајка ми беше мојот агент.”

Сузи Истван, socialsuzidesigns.com


Maria Gil“Откако завршив десетина бесплатни сесии, еден пријател, Bschooler (online деловен курс) ми пријде и ме побара. За да ми плати. Сé уште сум шокирана.”

 

Мариа Џил Улдемолинс, www.mariagilulldemolins.com


Dave Conrey“Кога почнав како графички дизајнер, запознав еден човек кому му требаше помош  околу печатените рекламни материјали, а кој не беше свесен како добриот дизајн може да го подобри процентот на повратот на инестиции. Првата реклама му ја направив бесплатно, и во рекламата додадов нешто со кое можеше да го слееди напредокот.

Во првиот месец имаше 10% зголемување на повиците по рекламата, па така, во следните неколку години јас ги работев најголемиот број од неговите дизајн проекти.”

Дејв Конри, www.freshrag.com


Amanda“Мојот прв клиент беше преку мрежата на дизајнери, и тоа е начинот на кој и денес добивам многу клиенти и препораки. Никогаш не сум ги гледала нив како конкуренција. Тие се моите најголеми ментори, мојот извор на знаење и соработници.”

Аманда Кросмајер, www.paperandcrush.com


Torie Mathis“Додека одев на колеџ за рекламирање, работев како секретарка. Еден соработник на канцеларијата побара од мене да му дизајнирам визит картички за неговата компанија. Јас ги дизајнирав и го договорив печатењето. Кога ќе се сетам на нив, и не беа премногу добри, но човекот беше воодушевен. Така почнав. Од некаде мора да почнеме, нели? ”

Тори Метис, epiccreativestudio.com


Marama“Мојот прв клиент беше општ доктор кој заработуваше од природни терапии. Независно дали сте почетник, или тоа го правите со години, најважно е кого вие познавате, и кого тие кои вие ги познавате, го познаваат. Препораките се мојот најголем извор на клиенти.”

Марама Кармшел, esensewebdesign.com


Ellissa Jayne“Мојот прв клиент беше цимер на мој пријател од пред 10 години. Неверојатно е како случајните врски ви помагаат како хонорарец!”

 

Елиса Џејн, ellissajayne.com


Natalia Real“Првиот клиент го добив преку колега на мајка ми. Дозволете им на вашите пријатели и роднини да ве фалат и препорачуваат.”

 

Наталиа Рид, website-superhero.com


AmandaGenther“Препорака преку праксата на која одев. Соработката со агенција за дизајн е одличен начин на кој може да добиете клиенти кои добро плаќаат.”

 

Аманда Гентер, amandagenther.com


Какво е вашето искуство?

Независно дали сте дизајнер или девелопер, вашата приказна за тоа како сте успеале да го добиете првиот клиент е уникатна како што сте и Вие. Испратете ни ја вашата приказна за вашиот прв успех спакувана во неколку реченици и ние веднаш ќе ја објавиме овде.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.